Рецензии

Рецензија: Охриѓанецот Љац натепал полицаец пред Влада

на 15. 03. 2013 | |
Класичен пример на напис напишан под доминантно влијание на полициски извори, со евидентно кршење на презумпцијата на невиност и со елементи на стигматизација на главниот лик – криминалец.

Рецензија: Нова градинка во Капиштец ќе згрижи 400 деца

на 14. 03. 2013 | |
Класичен пример на некритичко, пристрасно и политички наклонето известување за настан кој претставува непримерно ангажирање на јавни функционери и на јавни фондови во кампањата за локалните избори, како специфичен облик на предизборна корупција.

Рецензија: Најавите за поројни дождови ги кренаа надлежните на нозе

на 12. 03. 2013 | |
. „Вреќи со песок ќе се доставуваат до кризните региони, а се апелира и за расчистување на малите канали со цел да се намалат ризиците од поплави. Надлежните институции ги започнаа подготовките за справување со поплави до кои може да дојде доколку се остварат прогнозите на метеоролозите за поројни дождови во наредните неколку дена.“ Оваа активност нема никакви врски со евентуалните поплави, бидејќи, другите надлежни органи се немаат пројавено, но има со локалните избори, бидејќи ја подигнува тензијата и по автоматизам прави атмосфера од неопходност на присуство на „силна држава“, со што се нагласува потребата од поврзување на локалните потреби со централната власт.

Рецензија: Не може да се минимизира улогата на министерот за одбрана

на 11. 03. 2013 | |
. „Не може да се минимизира функцијата на министерот за одбрана. Таа е многу важна за безбедносниот систем на Армијата. Иако министерот нема командна функција, тој одлучува за буџетот на Армијата заедно со владата, ја носи одбранбената стратегија заедно со Врховниот командант, па дури има и овластувања да предлага именување на воени старешини од понизок ранг…“ ова е така во ТВ прилогот. Овој телевизиски прилог е важен бидејќи се надоврзува на говорот на премиерот на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, каде Груевски истакна дека не е важно кој е министер за одбрана или негов заменик додека ВМРО ДПМНЕ е на власт, со што се минимизираше позицијата и функцијата на тукушто поставениот министер за одбрана, Талат Џафери. Новинарката Сања Васиќ

Рецензија: Членови на ЛДП преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

на 11. 03. 2013 | |
Класичен пример на еднострана вест, манипулација и спин, чија цел е да фаворизира една, а да омаловажи друга политичка партија, во екот на кампањата за локалните избори.

Рецензија: Политичката криза за кумановци не е завршена

на 8. 03. 2013 | |
Едностран осврт на актуелната политичка ситуација во Куманово, со анонимни соговорници, кои искажуваат ист став и без спротивно мислење и сугерираат политичко определување.

Рецензија: На Заев на старт му откажаа најблиските!

на 7. 03. 2013 | |
. „Социјалдемократскиот сојуз ја стартуваше својата изборна кампања за локалните избори на 24-ти март со митингот на Зоран Заев во Струмица. Она што беше повеќе од очигледно е дека нивниот миленик Заев не беше поддржан од голем дел од раководството на партијата кои не му ја укажаа честа да присуствуваат на митингот во неговата Струмица. Тој на говорницата излезе единствено со поддршка од неговиот шеф Бранко Црвенковски и лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кои кажаа неколку добри зборови за Заев“. Агенцијата излегува со вест од митинг во Струмица со спин дека кандидатот за градоначалник на Струмица, кој е апсолутен фаворит на опозицијата е оставен на цедило од сопартијците, што со текстот и фотографиите не може да се докаже и останува