Пропаганда: Едностраните аргументи не информираат, туку убедуваат!
Објавено во Рецензии
on 27 - 03 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните]
Ова е класичен пример на политичка пропаганда во еден текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека опозицијата сака да ѝ нанесе штета на државата, а со тоа и на општото добро на народот, а владата, олицетворена во ликот на Никола Груевски, е претставена како Бог во кој народот го гледа единствениот спас од лошата опозиција.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните
Датум и време на објавување: 23.03.2015
Датум на рецензирање: 26.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Заев фрла со „бомби“ кои се штетни за државата, ВМРО-ДПМНЕ враќа со позитивни мерки. Намалувањето на невработеноста, подобрување на стандардот на граѓаните, проекти за подобар живот. Заради ова Груевски и неговиот тим ја добиваат довербата на избори, децидни се експертите.“
Авторот на текстот прави обид за манипулирање со информациите, притоа вметнувајќи ги своите коментари и презентирајќи ги како „факти“. Со ова се олеснува постапката на убедување на публиката, која исчекорува од професионалното информирање.
Имено, од целиот текст јасно се гледа дека станува збор за политичка пропаганда која по дефиниција е „форма на комуникација, која има цел да повлијае на ставот на заедницата по некое прашање, притоа презентирајќи ги аргументите само на едната страна“. Наједноставно кажано, пропагандата не информира, туку убедува!
Така авторот сака да ја убеди јавноста дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев „фрла бомби кои се штетни за државата, а Груевски враќа со позитивни мерки“. Притоа, од „бомбите“ на Заев нема пренесено ниту еден збор, односно не е кажано што содржат тие, а мерките за намалување на невработеноста кои премиерот ги најави од Битола, се набројани целосно и има анализа од експерт кој ги оценува, секако позитивно.
„И се додека Заев и неговата партија се занимаваат со црни сценарија и немаат конкретна понуда за подобар живот на граѓаните, ќе бидат во опозиција, веруваат упатените.“
На крајот, авторот повторно го нагласува својот коментаторски став, без никакви факти и докази, и без никакви изјави од „упатените“.
Политичката пропаганда често е присутна во македонските медиуми, а тоа, секако, не му овозможува на читателот да биде реално информиран, што е и цел на новинарството.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови