Рецензии

Функционерите се критикуваат со факти, а не со лични проценки

на 5. 02. 2020 | |

Медиумскиот простор наменет за вести треба да се користи за правилно и непристрасно информирање, без оглед на личните погледи на медиумот или новинарот. Во текстот што го разгледуваме, овој простор се користи за напад на политичар и за фалби за партијата на која припаѓа  

Линк до оригиналниот напис: „Ослободени ‘белите дробови’ на ДУИ во Куманово – Липково, Садула Дураку отстранет од сите партиски органи“   Lirohen “mushkëritë” e BDI-së në Kumanovë

Случај кога насловот треба да го прочитате како „Игнорирај“

на 5. 02. 2020 | |

Кога станува збор за собирање на кликнувања, читателите може да се соочат со секаков вид текстови што личат на сè, но не на вест. Во овие времиња, е доволно фотографија или видео од некоја личност, дури и ако тој не е јавна личност, но кој има семејна врска или каква било врска со лице кое има јавна функција и некои онлајн медиуми да создаваат празни текстови. Таква е веста што

Прогнозите и среќата не се дел од професионалната работа на новинарот

на 4. 02. 2020 | |

Фразите  „како што дознаваме од неофицијални информации“ или „како што известуваат неофицијални извори“, не го ослободува новинарот од одговорноста за вистинитоста на информацијата што ја пласира. Љубопитноста на новинарот може да ја пробудат многу гласови, но во јавноста се објавуваат само верификувани информации, а анонимноста на изворите треба да се потенцира само ако изворот решил да биде анонимен. Написот што го разгледуваме не ги исполнува принципите на професионалното новинарство.

Линк

Од манипулативен наслов до спин

на 4. 02. 2020 | |

Техничката влада во Северна Македонија и рамковните измени предвидени за нејзино функционирање не се одлука на актуелниот премиер Зоран Заев, туку тие беа предвидени во Пржинскиот Договор во 2015 година. Оттука, ако ДУИ во Техничката влада не управува со актуелните министерства, не станува збор за тоа дека Заев го отстранил од Владата лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што се наведува во написот што го разгледуваме

Линк до оригиналниот напис:

„Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

на 3. 02. 2020 | |
[Рецензија: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот] Во време кога во светот главна преокупација е коронавирусот, медиумите мора да бидат особено претпазливи со пренесувањето на вестите кои се однесуваат на овој вирус. Линк до оригиналниот напис: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот Датум и време на објавување: 30.01.2020 Датум на рецензирање: 03.02.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Во нашиот обид да ги ловиме лажните вести и дезинформации кои

Еден наслов, дезинформации рој – Америка не го забрани безготовинското плаќање!

на 3. 02. 2020 | |
[Америка воведе забрана за безготовинско плаќање и го враќа кешот во оптек] Насловот на текстот што го рецензираме претставува целосна дезинформација  (всушност, во него има три дезинформации) и не е усогласен со веста дадена во содржинскиот дел на текстот. Фактички, самиот наслов многу малку го претставува текстот  – а основната функција на еден наслов е да биде своевидна „најава“ за тоа што може да се прочита внатре во написот. Дополнително,

Немало пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“

на 31. 01. 2020 | |
[Рецензија:ВИДЕО: Пожар во средното училиште „Јосип Броз Тито“] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира и исто време шири паника за наводен пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Не станува збор за никаков пожар туку вежба, како да се постапи и како да се евакуира персоналот во случај на пожар. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Пожар во средното училиште „Јосип Броз Тито“ Датум и време на објавување: 30.1.2020 Датум на рецензија:

Допрва ќе се испитува дали во Македонија се гори опасен отпад

на 31. 01. 2020 | |
[Рецензија: СЕПАК СЕ ГОРИ ОПАСЕН ОТПАД: Примероците од италијанскиот отпад најден во Македонија ќе се испитуваат во Естонија!] Написот што го рецензираме не соодветствува со насловот. Линк до оригиналниот напис: СЕПАК СЕ ГОРИ ОПАСЕН ОТПАД: Примероците од италијанскиот отпад најден во Македонија ќе се испитуваат во Естонија! Датум и време на објавување: 29.01.2020 Датум на рецензирање: 30.01.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Текстот што е предмет на оваа рецензија, не е спорен

Коментарите на социјалните мрежи најчесто не се вест

на 31. 01. 2020 | |
Јавните дебати меѓу политичките функционери, особено во предизборниот период, се користат во различни форми од страна на медиумите. Неодамна одекна судирот меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири. Веста што ја разгледувавме е резултат на вревата околу овој судир, при што се констатира искривеност во информирањето Линк до оригиналниот напис:
„Голема кавга во СДСМ меѓу советникот на господинот Заев, Али Јусуфи и Муки“  Plas

Наместо новинарство, пропаганда против пратеникот Кахрeмани

на 29. 01. 2020 | |

Новинарскиот напис треба да ги разјасни дилемите околу насловот, а не да ги додаде. Ако се додадат дилемите во написот и се однесуваат на државни службеници, политичари и пратеници, тогаш немаме објективно известување, туку пропаганда против апострофирани лица. И во написот што го разгледуваме, спроведена е пропаганда против пратеникот Неџбедин Кахремани

ТетоваСот:„Неџбедин Кахремани ја бојкотира Алтернатива во Тетово, дали ќе го врати пратеничкиот мандат во Движењето Беса?„
Линк до оригиналниот