Рецензии

Пеколен текст за „пеколниот план на Заев за 17 мај“

на 18. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај]

  Кога целиот текст е напишан на база на шпекулации, веднаш знаете дека нешто не штима. Башка, овој текст се појави на сите провладини медиуми речиси истовремено, што само дополнително го зголемува сомнежот дека е нарачан партиски памфлет. За да не се есапи како сериозен новинарски производ, има повеќе елементи, од објективност, до содржајност, во минус е со вистинитоста, а во плус со пристрасноста. Линк до оригиналниот напис: Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај Време на објавување: 12.05. 2015, 13:12 Датум на рецензирање: 15.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Овој текст има цел да оформи една слика која не е вистинита. Притоа,

Бомбастична новинарска петарда

на 17. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Автомобил-бомба на терористите од Куманово]

  Треба да се знае: новинарот не е извор на информации. Одредени исклучоци можат да се изведат кога редакцијата одлучува и организирано известува за настанот од самото место и во текот на неговото траење. Преноси во живo, вклучувања од местото на настанот… Дури и тогаш, многу поуверливо и поголема веродостојност се постигнува кога за некои специфични фази и поенти од тие преноси и живи вклучувања, се ангажира соговорник, како извор со стручност за одредена област, со искуство од слични ситуации, или овластени извори кои во името на некоја институција толкуваат одредени собитија од настанот. Во однос на медиумската содржина што ја рецензираме тука, ниту има таква ситуација, и повторно нема ниту еден извор за

Напис со чувство на непријатност поради туѓиот срам

на 17. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на премиерот Груевски]

  Написот озаглавен со фалбаџиски наслов: „Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на Премиерот Груевски“, во кој толку нагласено се велича ликот на македонскиот премиер, што предизвикува чувство на непријатност поради туѓиот срам, е пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст. Слободно може да се каже дека овој коментаторски скроен материјал, кој се затскрива зад виртуелни експерти и просто зрачи од пристрасност, е надвор од реалноста. Линк до оригиналниот напис: Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на премиерот Груевски Датум и време на објавување: 12.05.2015, 22:27

Измислени изјави како вовед во застрашувачко сценарио

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија]

  Жанровски, ова што го рецензираме, би требалo да биде вест. Авторот уште во насловот ѝ дава ексклузивност со тоа што категорички тврди дека „лидерот на опозицијата Заев за 17 мај подготвува украинско сценарио за Македонија“. Кога би било точно, не само што е ексклузивна информација, туку е и вознемирувачка и повикува на мобилизација тоа да не се случи.
За среќа, авторот тоа што го тврди со ништо не може да го докаже, а за да манипулира со читателите, се повикува на извори кои тоа не се. Заклучуваме дека се работи за едностран, необјективен и несодржаен текст, во кој се пласирани непроверени информации, поткрепени со сомнителни и

Дрскост: извадена суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од насилства]

  Имаме „шнајдерско“ четиво во кое е сечен и кроен настан по потреби, не сум најсигурен чии, ама сигурно не на читателите. Дрскоста, во негативна смисла, е извонредна – да ја извадиш суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата и да го „пуштиш“ само она за што си или за тебе други процениле – е врв на непрофесионализмот во дел од домашните медиуми. Но, некој не разбира дека ако контролираните телевизии, весници и портали нешто не објават, не значи дека тоа воопшто не се случило. Луѓе, ова е 21 век, а не „Среќна Нова 1949“. Линк до оригиналниот напис: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од

Никакви факти и докази, а серија сериозни обвинувања

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести]

  Очаен и срамен обид за манипулација и за поврзување на опозицискиот СДСМ со терористичката група што беше разбиена во полициската акција во Куманово. Текстот, од една страна, не е поткрепен со никакви факти и докази, а од друга страна, посочува сериозни обвинувања на сметка на најголемата опозициска партија. Линкуван наслов на анализираниот напис: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести Датум и време на објавување: 11.05.2015 Датум на рецензирање: 13.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Терористичката група, која властите ја оценија, како една од најопасните на Балканот, која беше утврдена во кумановската Дива населба, според информации до кои дојдовме, на македонска територија влегла на петти и

Уа, шнајдери!*

на 15. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт]

  Уште еден шнајдерај и „перење“ информација. Борисов, како прво, му порача на Груевски да си поднесе оставка, а дури потоа, на нови и фер избори да побара народот да му ја врати довербата. Еве линк до оригиналната вест на електронското издание на бугарскиот медиум – Борисов съветва премиера на Македония да даде оставка. Во изворната вест бугарскиот премиер го потсетува Груевски дека тој се одлучил на оставка зашто била преголема цената што Бугарија ќе требаше да ја плати, доколку не го направеше тоа. Линк до оригиналниот напис: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт Датум и време на објавување: 12.05.2015, 15:34 Датум на

Измислен датум за политичка штета

на 13. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај]

  Ова е текст што спинува информација, која, инаку, е официјално пласирана од МВР. Притоа, спинот намерно се насочува на датумот на протестот на СДСМ. Со тоа се претендира да се поврзе опозициската партија со терористите, што е целосна невистина и непрофесионален пристап. Линк до оригиналниот напис: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај Време на објавување: 10.05.2015, 15:04 Датум на рецензирање: 12..05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСЕН СПИН

Веста е неточна. Точно е тоа дека помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, рече дека нападите биле планирани за средината на месецот (мај), но тој не посочи датум. Други медиуми, пак, претежно провладини, излегоа со

СДСМ и Сорос виновни за сѐ – по принципот новинарски напис те тужи, новинарски напис ти суди

на 13. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ со очајна тактика добар протестант-лош протестант]

  Ова е едностран, несеопфатен и необјективен текст кој на секој начин се обидува да ги поврзе СДСМ и Сорос со протестите против полициската бруталност, но и со инцидентите што се случија за време на првиот ден од протестот, а во кој имаше повредено неколку протестанти и полицајци. Притоа, авторот на текстот користи изјава која е непроверена и која се пласира како факт. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ со очајна тактика добар протестант-лош протестант Датум и време на објавување: 07.05.2015 Датум на рецензирање: 11.05.2011 Рецензент: Ана Анастасовска „Откако јавноста ги осуди насилствата кои ги применува СДСМ врз полицијата и државниот имот, СДСМ се обиде со очаен обид да „испере“ дел

Селективна понудена вистинитост според партиски критериуми

на 12. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание]

  Овој текст претставува непотребна и изнасилена генерализација со јасна намера целосно да оцрни иницијатива и собири кои, во суштина, претставуваат основа на кое било демократски уредено општество – право на мирен протест и ненасилно изразување незадоволство за одредени политики и чекори на власта. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание Датум и време на објавување: 07.05.2015, 11:34 Датум на рецензирање: 11.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕЛЕКТИВНОСТ ОТСВИРЕНА ПО ПАРТИСКИ НОТИ 

Накусо, вистинитоста е проблематична. Не може да се тврди дека опозицијата ги организирала собирите на граѓаните само врз основа на тоа што одредени членови на СДСМ се појавиле на протест. Ова е