Напис со чувство на непријатност поради туѓиот срам
Објавено во Рецензии
on 17 - 05 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на премиерот Груевски]
Написот озаглавен со фалбаџиски наслов: „Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на Премиерот Груевски“, во кој толку нагласено се велича ликот на македонскиот премиер, што предизвикува чувство на непријатност поради туѓиот срам, е пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст. Слободно може да се каже дека овој коментаторски скроен материјал, кој се затскрива зад виртуелни експерти и просто зрачи од пристрасност, е надвор од реалноста.
Линк до оригиналниот напис: Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на премиерот Груевски
Датум и време на објавување: 12.05.2015, 22:27
Датум на рецензирање: 13.05.2015
Рецензент: Оливера Војновска
АПОЛОГЕТСКИ ТЕКСТ
Текстот е пласиран набргу по веста за оставките на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, директорот на УБК, Сашо Мијалков, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и има цел да го амортизира звукот од ударот врз плеќите на премиерот. Па, наспроти тоа што во добар дел од јавноста повлекувањето од фунциите на тројцата најблиски соработници на премиерот се доживеа како увертира во „падот на режимот на Груевски“, написот креира перцепција дека, Груевски, всушност, поентирал со ваквиот моќен политички потег!
Самиот напис, пак, е контрадикторен. Најнапред за оставките на двајцата министри и на шефот на УБК вели дека се „самоиницијативни“, а веднаш потоа зад параванот „неименувани експерти“ констатира дека:
„… овие политички потези се специјалност на премирот Груевски и дека ќе му овозможат прекршување на ситуацијата и нова иницијатива“
Исто така, од текстот не може да се разбере каков нов исчекор ќе направи премиерот. Иако таква порака се испраќа и со апологетскиот наслов, кој е толку изнасилено додворувачки што изгледа дури невкусно.
СЕРВИЛНОСТ
И вториот дел од написот продолжува во истиот тон. Се нижат редови во кои се воспева „одлучниот потег на премиерот“ и се истакнува широката „поддршка која ја има кај народот“. Во пакет со ваквите фалби, се оцрнуваат опозицијата и нејзиниот лидер. Притоа, неимануваниот автор ѝ го наметнува на публиката субјективното мислење дека „раководството на Бихаќка“ има „недостоинствено однесување“, дека е дел од „сценариото за дискредитација и рушење на безбедносниот систем и институциите со многу монтажи и фабрикувани елементи.“
Инаку, за тоа каква сервилна медиумска содржина им е понудена на читателите, најдобро говорат коментарите под самиот текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
ја извитоперува вистината
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови