verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измислен датум за политичка штета

on 13 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

teroristi-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај]

 

Ова е текст што спинува информација, која, инаку, е официјално пласирана од МВР. Притоа, спинот намерно се насочува на датумот на протестот на СДСМ. Со тоа се претендира да се поврзе опозициската партија со терористите, што е целосна невистина и непрофесионален пристап.

teroristiЛинк до оригиналниот напис: Терористите планирале напади на цивилни објекти на 17-ти мај

Време на објавување: 10.05.2015, 15:04

Датум на рецензирање: 12..05.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСЕН СПИН

Веста е неточна. Точно е тоа дека помошник-министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, рече дека нападите биле планирани за средината на месецот (мај), но тој не посочи датум. Други медиуми, пак, претежно провладини, излегоа со сосема спротивни информации. Тие тврдат дека во Куманово тој викенд била планирана акцијата поради повеќе причини:

„Имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден беше планирано да се одржи фудбалскиот натпревар Шкендија-Вардар, а за денес беше планирано одржување на Скопскиот маратон, како и фактот дека недела во Куманово важи за пазарен ден, повеќе од оправдано е дејството на безбедносните сили за разбивање на терористичката група.“

Поради тоа овој текст е контрадикторен. Средината на месецот не мора и да значи дека тоа ќе биде 17 мај. Затоа, овој текст има една намера. Да го вмеша СДСМ како негативна појава во кризата во Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови