Рецензии

Поплава не видовме, ние само лиферуваме општински соопштенија

на 20. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела Вода]

  Пред нас имаме некритички пренесена информација во која е само „проголтано“ соопштението од Општина Кисела Вода, без никаква новинарска доработка, и текстот не дава објективна слика за тоа како изгледаа улиците од оваа населба по поројниот дожд на 17 јуни 2015 година. Во информацијата се соопштува дека улиците се расчистени и проодни, а не се кажува дека дел од населбата беше целосно под вода. Тоа, пак, може да се види од  фотографиите и од видеоснимката што се споделуваа на социјалните мрежи (поставени од жители на Кисела Вода), а кои беа пренесени во некои медиуми со наслови  „Кисела Вода како Венеција“. Линк до оригиналниот напис: По поројниот дожд,

Запознајте го најцрното бебе или, уште поверојатно, запознајте се со обична измама

на 18. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот]

  Ова е текст за кој не се знае дали ја објавува вистината или не. Сепак, кога се преминува границата на добро однесување и вкус во новинарството, мора да се реагира зашто ова не е само текст на кој тешко може да му се верува, туку е и напис кој навлегува во зоната на расизмот, а тоа го потврдуваат и

Не ја омажил Груевски, сама се омажила

на 17. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Премиерот Груевски ја омажи најмладата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ]

  Постојат повеќе теории што ја објаснуваат преовладувачката тривијализација на медумите и на медиумските пораки. Една од нив е „Теоријата на недоверба во политиката и политичарите“ (Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?). Таа теорија сугерира дека токму тие се одговорни за таблоидизацијата на медиумите и на медиумските содржини. Нискиот степен на доверба во политичарите ја сврте публиката кон други

Tенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста

на 17. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Бомба: На повидок голем урбанистички скандал во Центар?]

  Станува збор за тенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста дека Општина Центар подготвува скандалозни измени на деталниот урбанистички план (ДУП), со кои, наводно, на местото на пазарот Буњаковец ќе никне бензинска пумпа. Текстот е воден од идејата да се оцрни опозицијата и градоначалникот на Центар и не нуди докази за урбанистичката „бомба“, која им се подметнува

Веќе видена проѕирна манипулација

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Господине Заев дали разбирате што зборуваме?“ – детали од преговорите во Брисел]

  Ако уште на почетокот на преговорите за решавање на политичката криза во државата било договорено дека деталите од она што ќе се зборува зад затворените врати нема да се изнесуваат во јавност додека не се постигне договор и дека комуникацијата со медиумите ќе се одвива преку соопштенија, се поставува отворено прашање – дали текстот

Eм сечено, ем лепено, ем монтирано четиво, ем со виртуелни експерти

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Штајнмаер вознемирен, Заев задоволен]

  Тежок спинерски текст, со сериозно високо ниво на селективност – поточно прикривање информации за да се оправда пласираната теза дека меѓународната заедница е загрижена за ситуацијата во Македонија, наспроти лидерот на опозицијата кој „ликувал“ поради развојот на настаните. Пример за грубо кршење на новинарските стандарди и приказ што се случува кога професионалните критериуми се засенети од политичко-пропагандистичкиот пристап. Линк до оригиналниот напис:

Сите странци разочарани од Заев – ќе мора да ни верувате на збор

на 16. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Странските дипломати разочарани, експертите децидни – Македонија ќе трпи полседици од неуспешниот дијалог]

  Ова е пример за еден политички пристрасен текст, во кој иако бомбастично се најавуваат реакции од странски дипломати, такви изјави нема никаде во текстот. Целта на текстот е по секоја цена да се нападне опозицискиот лидер, да му се стави на товар неуспешноста од преговорите во Брисел за излез од политичката криза во

Фалбаџиска реклама маскирана како вест

на 16. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје]

  Овој напис по ниту еден стандард не е новинарски текст, ниту вест, но, сепак, заслужува рецензија поради содржината и критериумите за „најпосакуван ерген“, но секако и поради коментарите на читателите кои се револтирани од напишаното. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје Датум и време на објавување: 09.06.2015 Датум на рецензирање: 14.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Менаџерот

Новинарски текст полн со медицински дијагнози

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски]

Ова е еден коментаторски текст кој не ги исполнува новинарските стандарди. Тој е полн со навреди и со обвинувања кон одредени личности, без притоа да содржи факти и докази за таквите наводи. Линкуван наслов на анализираниот напис: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски Датум и

И терсене и наопаку

на 15. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос]

  Овој напис, кој претендира да биде текст, тоа не може да биде и тоа од една единствена причина. Ова е коментар кој не е означен. Притоа, нема вистина во сето тоа што е напишано. По тоа што не е содржаен, се гледа дека ова е некаква нарачка која морало да се стави, без притоа многу да се