Запознајте го најцрното бебе или, уште поверојатно, запознајте се со обична измама
Објавено во Рецензии
on 18 - 06 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот]
Ова е текст за кој не се знае дали ја објавува вистината или не. Сепак, кога се преминува границата на добро однесување и вкус во новинарството, мора да се реагира зашто ова не е само текст на кој тешко може да му се верува, туку е и напис кој навлегува во зоната на расизмот, а тоа го потврдуваат и коментарите на мрежата „Редит“. Секако дека новинарите можат и треба да се занимаваат и со занимливости, но никако тоа не смее да премине во бизарност. Најголемиот проблем, пак, во овој текст е што од нечија боја на кожа се прави вест.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот
Датум и време на објавување: 15.06.2015, 1:43
Датум на рецензирање: 17.06.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Во овој текст, кој има само две реченици, се тврди нешто без критички да се осврне на веста, која е преземена од странски медиум. Притоа, не е наведено од кој медиум е земена. Во втората реченица, пак, се вели дека ескперти тврдат дека ова е најцрно бебе на светот. Кои ескперти? Е, одговор на ова прашање нема. Инаку, низ светските медиуми кои анализираат дали оваа вест е точна и вистинска има различни толкувања. Новинарот морал да консултира различни мислења за да го оправда постоењето на овој напис.
Со брзо истражување на оваа тема, може да се заклучи дека фотографијата нема потекло и никој не ја потврдува веста. Исто така, може да се забележи дека овој напис го нема во мејнстрим-медиумите, туку само на некои блог-портали или веб-страници на кои корисниците сами си ги уредуваат вестите. Исто така, Гинисовата книга на рекорди ја нема оваа информација во нејзината интернет-база на податоци.
Во поголемиот дел од насловите низ медиумите се вели дека бебето е родено неодамна, а има и фотографија кога детето е поголемо. Се поставува прашањето како можело да порасне толку бргу. Особено сомнителен е фактот што на детето не му се гледаат белките во очите. Без оглед колку нечија кожа е црна, белките во очите мора да бидат бели и тие би требало кај некого со изразито црна кожа да бидат уште повоочливи. Но, спротивно на тоа, нив овде воопшто ги нема, туку очите на детето се во целост црни, што не изгледа реално.
Како и да е, на овој текст тешко може да му се верува. А, тоа е основно правило на новинарстовото – да се провери информацијата. Поради тоа што нема никаква потврда, „Сервис за проверка на фактите во медиуите“ провери низ медиумите во светот и заклучи дека никој не може со сигруност да потврди дека оваа фотографија е вистинска и да се гарантира нејзината автентичност. Затоа, кога медиумите преземаат ваква вест, мора да бидат претпазливи. Ако веќе решиле да ја имаат, морале барем малку критички да се осврнат на веста како што тоа го направиле некои нивни колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови