И терсене и наопаку
Објавено во Рецензии
on 15 - 06 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос]
Овој напис, кој претендира да биде текст, тоа не може да биде и тоа од една единствена причина. Ова е коментар кој не е означен. Притоа, нема вистина во сето тоа што е напишано. По тоа што не е содржаен, се гледа дека ова е некаква нарачка која морало да се стави, без притоа многу да се размислува.
Линк до оригиналниот напис: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос
Датум и време на објавување: 11.06.2015, 07:55
Датум на рецензирање: 12.06.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
„Цело попладне медиумите финансирани од Сорос тврдеа дека денеска во Брисел била прифатена техничка влада која би ги подготвувала изборите и дека се дискутирало за времетраењето на нејзиното функционирање.“
Ова е првиот пасус од текстот и, секако, не е вистинит. Имено, медиумите тврдеа (а, тоа се гледа и од фотографијата од принтскринот која ја има на текстот) дека на маса е предлог за техничка влада. Никаде не се споменува дека била прифатена таква влада.
Во текстот кој е земен за „анализа“ стои:
„Според дипломатски извор кој ги следи преговорите во Брисел, на масата е предлог за техничка влада и повлекување на Никола Груевски од премиерската позиција три месеци пред април 2016 година, времето на договорените идни предвремени избори.“
Значи, никаде не пишува дека е прифатена техничка влада, туку дека е на маса.
Потоа, се прави замена на тези и се тврди дека Заев самиот ја побил оваа теза со негова изјава дека не прифаќа влада со Груевски во неа. Со ова и понатаму останува нејасно како изјавата на Заев ги демантира медиумите? Во текстот се вели дека изворите се дипломатски. Тоа нема врска со тоа што кажал Заев подоцна. Медиумите самостојно си пласираат информации и не мора тие да се совпаѓаат со изјавите на политичарите. Парадоксот да биде поголем, текстот тврди дека „соросовите“ новинари пласираат невистини.
Ова е уште еден од низата текстови што имаат само една цел – да се омаловажи противникот без притоа да се мисли на „жртвите“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови