Фалбаџиска реклама маскирана како вест
Објавено во Рецензии
on 16 - 06 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје]
Овој напис по ниту еден стандард не е новинарски текст, ниту вест, но, сепак, заслужува рецензија поради содржината и критериумите за „најпосакуван ерген“, но секако и поради коментарите на читателите кои се револтирани од напишаното.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје
Датум и време на објавување: 09.06.2015
Датум на рецензирање: 14.06.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Менаџерот на популарното „Дежаву“ според девојките е најпосакуваниот ерген во Скопје.“
Кога ќе се прочита насловот на овој текст, секој би очекувал да дознае, според кои тоа критериуми наведениот Боби Трајковски е најпосакуван ерген во Македонија. Логички е по ваков вовед да следи и соодветно изработена анкета со резултати. Но, такво нешто нема.
„Боби Трајковски никогаш неможете да го видите несреден. Костумите му се заштитен знак, вози бесна кола и се облака светски. Имиџот на сериозен менаџер и скоцкано момче му го даде епитетот најпосакуван ерген за женачка.“
Наместо анкета, костумите и бесната кола му ги дале ваквиот епитет. Ваквите критериуми предизвикаа бурни реакции кај дел од читателите. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ пишуваа коментари од типот „какви вредности се промовираат со текстов, ако има добра кола и е добро облечен, девојките треба да трчаат по него и тој да биде најпосакуван ерген?“.
Очигледно е дека авторот на овој напис сакал да му направи реклама на менаџерот на „Дежаву“, но заборавил да напомене дека станува збор за текст со во корист на односите со јавноста. Доколку не станува збор за рекламен напис, тогаш веста, макар и во пет реда, треба да биде професионално новинарски изработена. Задача на новинарот не е да фали, туку да пренесува информации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови