Рецензии

Рецензија: Ја удрил со глава и и го скршил носот – Србинка долго ќе го памети патувњето низ Македонија

на 6. 08. 2014 | | sq
Точно е дека излогот продава, но точно е и тоа дека на тој начин продаваш само еднаш. После тоа, кога тоа во излогот не е исто со спакуваниот производ, купувачот секогаш два пати ќе размисли пред да влезе во истатата продавница, или никогаш повеќе нема да купува таму. Така е и во новинарството. Насловот и фотографијата продаваат, но тие мора да бидат соодветни, да бидат суштина на содржината на веста. Во случајот на текстот што го рецензираме, тоа не е случај. Затоа, реагирале и читателите на нашиот Сервис за проверка на фактите од медиумите и ни предложија да го рецензираме. Во својот предлог нашиот читател вели: „Дали новинарството во Македонија е толку очајно што ваков видлив медиум, чија бројка на

Рецензија: Зголемен интересот за купување на дрва од ЈП „Македонски шуми“

на 5. 08. 2014 | | sq
Обична вест од локално значење објавена на национален портал, искористена во политички пропагандни цели преку плиток спин, но и вест која има проблем со интерната логика и буди редица прашања во однос на понудените наводи, отколку што одговоара, со што се доведува во прашање нејзината вистинитост. Линк до оригиналниот напис: Зголемен интересот за купување на дрва од ЈП „Македонски шуми“ Датум и време на објавување: 05.08. 2014, 15:23 Датум на рецензирање: 05.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Пропагандата се познава по деталите, односно или по нивниот недостиг или по нивната нелогична употреба. Овде имаме проблем токму со деталите. Се вели дека „По намалувањето на цената на огревните дрва од страна на Владата за 10 отсто за сите граѓани и 15 отсто за

Рецензија: Хотелот на Заеви собирно место во Струмица за протестот на СОНК

на 5. 08. 2014 | |
Основни одлики на овој текст се премногу шпекулации, уште повеќе непроверени информации и голема доза на тенденциозност. За сметка на тоа се забележува отсуство на аргументи, поткрепени новинарски формулации и кредибилни извори. Поточно, неизбежен е впечатокот дека станува збор за „медиумска маша“ впрегната за нечии потреби. Линк до оригиналниот напис: Хотелот на Заеви собирно место во Струмица за протестот на СОНК Датум и време на објавување: 01.08.2014, 13:00 Датум на рецензирање: 04.08.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   ЗОШТО „ИНФОРМАЦИЈА“ ОД КОЈА ВЕДНАШ СЕ ОГРАДУВАТЕ?! Кога зборуваме за вистинитост(а) на материјалот може комотно да кажеме дека таа е крајно проблематична. Ако прашате зошто, одговорот е затоа што текстот дефинитивно не дава докази дека изнесените тврдењата се точни. Новинарски е неприфатливо од тезата

Рецензија: Кражбите на охридските плажи намалени петпати

на 5. 08. 2014 | | sq
Во време кога стигнуваат поразителни извештаи од охридското крајбрежје за рапидно намалениот број на туристи (види прилог во неделникот Капитал на таа тема под наслов „Охрид е попразен отколку за време на војната“), овде е објавен напис за намалување на бројот на кражбите. Белким како еден вид на утешна констатација – плажите се празни, ама се безбедни. Линк до оригиналниот напис: Кражбите на охридските плажи намалени петпати Датум и време на објавување: 01.08.2014
Датум на рецензирање: 02.08.2014
Рецензент:  Љубомир Костовски „Разните улични крадци и измамници на кои охридските плажи во летната сезона им е омилено место на работа, годинава останаа со кратки ракави, оти, засиленото присуство на полицијата успешно ги одби речиси сите нивни напади врз паричниците на туристите. Официјалната

Рецензија: Македонец протеран од Хрватска поради малтретирање на „фока“ на плажа

на 5. 08. 2014 | |
Прилогот што го рецензираме е еден од материјалите кои беа објавени во повеќе македонски медиуми (31.07.2014), а кои  (дез)информираа дека  средовечен Мкаедонец е протеран од Хрватска, бидејќи малтретирал фока на плажа во Пула! Всушност, станува збор за преземена вест од хрватските медиуми и пласирана во јавноста  невнимателно, без никаква дополнителна проверка. Згора на тоа,  веста е пренесена непрецизно и зачинета со коментари со кои се оцрнува личноста која се споменува. Уште во насловот се вели дека Македонецот е протеран поради малтретирање  на фоката, што не  е точно. Бидејќи хрватските власти му ја изрекле ваквата мерка поради нерегулираниот престој. Што е сосема друга работа. Подоцна се покажа и дека хрватските медиуми го предимензионирале настанот, бидејќи, како што може да се забележи

Рецензија: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70

на 5. 08. 2014 | |
Текстот што го рецензираме покажува дека не постои тема која не е за весник. Сите седнуваме во кафулиња, некогаш сме и лути кога ќе ја добиеме сметката, мислејќи дека сме ограбени. Дали е така истражува овој текст, покажувајќи дека и едно обично кафе испиено во некое кафуле може да стане мотив за истражувачка сторија и да биде тема од јавен интерес. Заслужува позитивна рецензија затоа што јавноста навистина има право да знае сé што е од јавен интерес, па и тоа „Како не соголуваат кафулиња: Шоља кафе од 10 денари ја плаќаме 70“. Линк до оригиналниот напис: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70  Датум и време на објавување: 31.07.2014, 13:07 Датум на рецензирање: 1.08.2014

Рецензија: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието?

на 5. 08. 2014 | |
Ова е текст кој не се темели на факти и докази. Спорни се повеќе елементи во текстот, кои се целосна невистина или се класичен спин. Притоа, досега има повеќе документирани изјави од раководните луѓе на СДСМ дека нема отстапки од барањето за техничка влада. Тоа до денеска не било демантирано од никого, а најмалку од врвот на опозициската партија. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието? Датум и време на објавување: 30.07.2014, 12:23 Датум на рецензирање: 01.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВИСТИНА

Тезата дека: ...Барањето за техничка Влада станува тежок камен на опозициските плеќи. Медиумите под контрола на СДСМ веќе готват терен за тоа, како социјалдемократите најбезболно

Рецензија: МАПА: Еве како Украина планира да си го врати Крим

на 5. 08. 2014 | | sq
Имаме „добар“ материјал за филм од Ц – продукција. Жанрот, според веројатноста на ситуацијата, би бил научна фантастика со апокалиптична завршница. Елементи има – причина, повод, заплет, кулминација и разврска на состојбата. Значи еден „вистински новинарски игран филм“ кој навистина нема каков било контакт со реалноста. Линк до оригиналниот напис: МАПА: Еве како Украина планира да си го врати Крим Датум и време на објавување: 27.07.2014 Датум на рецензирање: 31.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ШУПЛИВ НОВИНАРСКИ НАПИС

Станува збор за кус, но исклучително празен текст кој се потпира на сѐ освен на професионални новинарски стандарди. Не може и не е дозволиво секое сценарио за Трета светска војна кое некој ќе си го објави на интернет да ѝ се пласира на

Рецензија: Први Мај: Сте знаеле ли дека тоа е всушност сатански обред?

на 4. 08. 2014 | |
Рецензираме текст кој нема големи амбиции – и со изборот на насловот, и со илустрацијата, но и со самата содржина, тој има задача да провоцира, да шокира, да предизвика сензација, но не и прецизно и точно да информира. Спаѓа во редот на текстовите кои преставуваат типични летни содржини, иако самата тематика – прославувањето на Први Мај, Денот на трудот, од аспект на актуелност има погрешен тајминг, бидејќи прашањето зошто токму сега Празникот на трудот е ставен на тапет, нема логично објаснување. Дека е згрешен тајмингот може да се види и од материјалите што можат да се најдат на интернет, а кои очигледно послужиле како извори на информаци, најчесто на сајтови и блогови на српски и хрватски јазик, од кои повеќето

Рецензија: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација

на 1. 08. 2014 | |
Да се напише јасна и интересна вест не секогаш е така лесно како што изгледа. Во новинарството клучниот збор е комуникација. Таа ја подразбира пораката која сакаме да ја соопштиме и која треба да биде точна, кратка, јасна и содржајна, како и да ја пренесе најважната информација без празна фразеологија. Настанот, кој медиумот се обидел да го опише, е од поширок јавен интерес, бидејќи се работи за посетата на генералниот секретар на Светската туристичка организација на Македонија. Во овој новинарски производ, обидот да се пренесат неговиите пораки и впечатоци од посетата не е успешен. Линк до оригиналниот напис: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација Датум и време на објавување: 29.07.2014, 19:09 Датум на рецензирање: 30.07.2014 Рецензент: Александар Писарев