verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: МАПА: Еве како Украина планира да си го врати Крим

on 5 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

27-0988765-096-crop-resize

Имаме „добар“ материјал за филм од Ц – продукција. Жанрот, според веројатноста на ситуацијата, би бил научна фантастика со апокалиптична завршница. Елементи има – причина, повод, заплет, кулминација и разврска на состојбата. Значи еден „вистински новинарски игран филм“ кој навистина нема каков било контакт со реалноста.

2Линк до оригиналниот напис: МАПА: Еве како Украина планира да си го врати Крим

Датум и време на објавување: 27.07.2014

Датум на рецензирање: 31.07.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ШУПЛИВ НОВИНАРСКИ НАПИС

Станува збор за кус, но исклучително празен текст кој се потпира на сѐ освен на професионални новинарски стандарди. Не може и не е дозволиво секое сценарио за Трета светска војна кое некој ќе си го објави на интернет да ѝ се пласира на домашната јавност како легитимна информација. Значи Украинците, според овој текст, подготвуваат „тајна“ операција именувана „Oksamiti sezona 2014“ за враќање на Крим по чие успешно спроведување Киев, внимавајте сега, помогнат од НАТО ќе ја нападне Русија. Мислам дека и Холивуд и премал за вакво „налудничаво сценарио“. Текстот, ако сакаме да бидеме доследни, не одговара на редица основни прашања кога, како, зошто итн. Само знаеме дека ќе има напад, ама не и со колкава сила ќе се нападне Русија, кога тоа ќе биде, зошто би се навлегло на територијата на најголемата држава на светот ако претходно се поврати Крим, кој тоа ќе го одобри, што тоа ќе значи и какви последици ќе повлече… Што е уште поважно не е прецизирано кој го обелоденува овој „пеколен план“. Но, со малку пребарување на кредибилни медиуми лесно се утврдува дека најверојатно станува збор за нечиј пропаганден потег во Украина кој има за цел подигање на моралот на жителите на оваа земја. Но, некој во Македонија оваа мапа и придружниот текст го разбрал како нешто што е реално и што, како релевантен напис, треба да дојде до нашата публика. „Ич“ вистинитост.

 

НИ ИЗВОРИ, НИ ИНФОРМАЦИЈА, ТУКУ ВИРТУЕЛНА ПРОПАГАНДА

Слична е ситуацијата и со изворите на информации. Едноставно, нив ги нема – ниту изјава, ниту повикување на некој друг медиум, ниту линк. Едно големо ништо.

Состојбата е нешто подобра кај содржајноста која можеби, велам можеби, нешто ќе им значи само на љубителите на апокалиптични предвидувања, теории на заговор, глобална нуклеарна пресметка. Се разбира дека ваквите текстови, кога подобро ќе разгледаат, имаат повеќе забавно, отколку вистинско информативно значење. Поточно, нивната содржина поради неаргументираноста и празнотијата, не е резултат на вистински новинарски ангажман.

Нема дилема дали е оригинал или плагијат – „copy-paste“ систем, но со голема грешка, бидејќи е заборавено да се каже дека оригиналот е виртуелна пропаганда. Некои медиуми тоа јасно го навеле. Секако, не треба да се има каква било дилема дека насловот апсолутно го дополнува сензационализмот кој просто „вирее“ од овој текст.

Значи, нема вистинитост, уште помалку извори, отсуствува каква било реалност, а и ангажираност на тој што го презел текстот чија основна оригинална цел била пропаганда, а не информирање. Но, тоа очигледно некој во домашниве медиуми не го забележал.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен за неаргументираната вест

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови