Рецензии

Рецензија: Кавадарчани веќе не прифаќаат работа под 10.000 денари

на 20. 10. 2014 | |
  Влезот на „Дрекселмаер“ во Кавадарци во нашата јавност стана предмет на сериозни опсервации и оценки, главно од аспект на целосно симнување на какви било критериуми и издржаности во однос на цената на трудот. За тоа се интересираа и германски пратеници, а една француска професорка напиша и труд – таа го нарече ова што се случува во фабриката во Кавадарци огледало на модерната експлоатација (види овде). Не може да се одбегне фактот дека во таа фабрика имаше и штрајкови што медиумите ги одбележаа (на пример овде). Но, другата страна одбегнува да одговара на овие „провокации“, ама затоа се користат други форми за да се претстави влезот на „Дрекселмаер“ во земјава како голем успех на владината инвестициска политика. Така и се

Рецензија: Позната македонска фолкерка и ТВ водителка со возило усмрти 76 годишен пешак

на 20. 10. 2014 | |
  Една, но сериозна фабричка маана – погрешни инсерти на погрешно место и во погрешно време. Од видеоаспект, кој е еден од клучните елементи на телевизиското новинарство, имаме голема „утка“ која резултира со дезинформирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Позната македонска фолкерка и ТВ водителка со возило усмрти 76 годишен пешак Датум и време на објавување: 09.10.2014 17:19 Датум на рецензирање: 16.10.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ВИДЕО КАША – ПОПАРА ЗА ЛОШ ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОИЗВОД

Пример за новинарска каша-попара кога станува збор за „покривањето“ на текстот со видеоматеријал. Во првиот дел се користат инсерти за кои е јасно дека не соодветствуваат на настанот кој се обработува во извештајот. На публиката ѝ е понудена погрешна локализација на трагичната ситуација. Гледаме снимки

Рецензија: Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот

на 17. 10. 2014 | |
Кога ќе се прочита насловот: „Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот“ , очекувањата се дека во текстот се расчистува мистеријата околу веста што ја разбранува јавноста, за тоа дека на 9.10.2014 година на Инфективната клиника починал пациент со симптоми слични на ебола. Но, написот не дава таква информација, туку соопштува дека : „најрано за 48 часа со сигурност ќе се знае дали тој бил болен од ебола или од некоја хеморагична треска“ Линк до оригиналниот напис: Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот Датум и време на објавување: 09.10.2014, 19:55 Датум на рецензирање: 15.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

САКАТЕ ДА ЗНАЕТЕ, АМА НЕ КАЖУВАМЕ!

Написот што го рецензираме информира  за вонредната прес-конференција на Министерството за здравство

Рецензија: Магаре со сексуален нагон нападнало трудница

на 17. 10. 2014 | |
Вакви приказни со „еротски набој“ не  е прв пат да се објават во јавноста. Притоа, тие се пласираат како на шега, без притоа да се внимава ниту на етика, ниту на морал, ниту на логика… Туку битно е само да се пласира една вест која најверојатно не е ниту за по дома, во дневна соба, а не, пак, за на телевизија. И иако оваа телевизија, која ја рашири небулознава приказна е локална, сепак, тоа не ги спречи речиси сите национални телевизии и македонски портали да ја пренесаат веста. Разбирлива е до некаде и гладта за гледаност и читаност, за експонираност, па дури и за сензационализам, ама ширење на теми со зоофилија навистина е непримерно. Најмногу поради тоа што ова го

Рецензија: Незадоволните граѓани на Жерновски идентични со паркобраните и со тие од тимот на Пендаровски (фото)

на 17. 10. 2014 | |
Загрижува фактот што се објавува „досие“ на претходно учество во протести на еден човек, и што тоа „досие“ се користи како аргумент за дисквалификација на неговото политичко и уставно загарантирано право на слобода на изразување. Сето тоа се прави со јазик што треба да го претстави овој граѓанин како „користен од опозицијата“, наспроти неговото јасно политичко и активистичко изразување на граѓанска волја. Со други зборови, се жигосува личноста и се дискредитира она на кое таа како единка на општеството укажува, само затоа што таа единка „се осмелила“ и претходно да го прави истото (да учествува на протести), конзистентно изразувајќи незадоволство од политиките кои ја засегаат, а не ѝ се допаѓаат. Тоа е нејзино граѓанско право и и обврска. Ваквиот начин

Рецензија: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !

на 14. 10. 2014 | | sq
Посетата на еден светски лидер на регионот, да се посматра само низ опис на неговиот авион во најмала рака е несериозно. Истата информација ја пренесле и сите други провладини медиуми. Тоа е меѓутоа прашање на уредувачката политика, а ние ќе се задржиме на методологијата, според која оваа информација заслужува рецензија. Во стилот на турските серии, информацијата дава детален опис на авионот на рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека „Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион. Сите други информации поврзани со оваа посета за медиумот се периферни, дури и датумот на пристигнување на рускиот претседател во Белград.

Линк до оригиналниот напис: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион ! Датум и време на објавување: 13.10.2014 11:03 Датум на рецензирање: 14.10.2014

Рецензија: Пуштете ја, таа и така нема да работи на струката, туку ќе се мажи

на 14. 10. 2014 | | sq
Нема професор кој нема да ви признае дека на еден или друг начин постоел притисок некој негов студент/студентка да помине на испит, иако тоа не го заслужува. Студирањето како животен влог за студентите, ама и за нивните семејства, е преголем за да не се бараат и начини некои од нив да ја прескокнат точката каде ќе „зарибаат“. Во овој текст кој е предмет на рецензија, од една таква епизода, веројатно од стотината што ги има еден професор на Факултетот за социологија при УКИМ, се гради целата стратегија врз основа на која треба да се брани масовно напаѓаната мерка во јавноста за воведување на „контролни механизми“ од страна на властите врз високошколските институции. Од една, две или пет епизоди се прави

Рецензија: Македонија со видлив напредок во делот на економските критериуми

на 14. 10. 2014 | |
Зошто рецензија?! – Затоа што станува збор за селективен, невистинит, извртувачки, пристрасен текст.  Линк до оригиналниот напис: Македонија со видлив напредок во делот на економските критериуми Датум и време на објавување: 08.10.2014 16:29 Датум на рецензирање: 11.10.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ НИЗ МАКЕДОНСКИ „РОЗОВИ ОЧИЛА“!!! Нема простување, ако воопшто и бараме некакво објаснување, зашто во овој напис недостасуваат „мал милион“ суштински елементи, бидејќи можеби се брзало да се објави нешто од стратегијата за проширување и од редовниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија дента кога овие документи Брисел ѝ ги претстави на јавноста. Не може принципот „прв да објавиш“ да биде примарен и доминантен во однос на она што го објавуваш. Станува збор за клучни европски

Рецензија: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра

на 13. 10. 2014 | | sq
Новинарот мора да води сметка за терминологијата кога опишува некој настан, доколку сака тоа верно да ѝ го претстави на публиката. Во овој случај целиот настан и веста за апсењето на 25 лица од Судот за прекршоци е пренесена коректно повикуваќи се на изјавата на министерката за внатрешни работи. Но, проблемот е во насловот каде е употребен погрешен термин за кривичното дело за кое судиите и нивните соработници се осомничени дека го направиле во периодот од 2012 до 2013 година. Линк до оригиналниот напис: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра Датум и време на објавување: 08.10.2014 17:31 Датум на рецензирање: 12.10.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ПРОНЕВЕРА И НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ НЕ Е ИСТО

Насловот со кој

Рецензија: Србија драстично го зголеми извозот кон Русија, а Македонија?

на 13. 10. 2014 | |
Иако темата за нашата извозна шанса, која ја дава ембаргото на извоз на храна во Русија од страна на САД, ЕУ и нивните сојузници не е нова, дури се чинеше дека е и апсолвирана, во овој весник зазеде неодамна виден простор. Навидум, поводот е сознанието дека српското стопанство достигнува ѕвездени мигови, користејќи ја дупката на пазарите во Русија, а нас, ете, нѐ нема никаде да се „омрсиме“ од ненадејно создадената шанса. Не е даден одговор што се сменило од пред два месеци на овој план – имаме ненадеен вишок на стока, на руските увозници одеднаш сме им станале омилени, или, пак, постои некое трето објаснување за таквиот „напор“ да се направи скок во нашиот увоз кај велесилата. Но, текстот со