verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Македонија со видлив напредок во делот на економските критериуми

on 14 - 10 - 2014       

Firefox_Screenshot_2014-10-12T19-09-30.479Z-crop-resize

Зошто рецензија?! – Затоа што станува збор за селективен, невистинит, извртувачки, пристрасен текст. 

Firefox_Screenshot_2014-10-12T19-09-30.479ZЛинк до оригиналниот напис: Македонија со видлив напредок во делот на економските критериуми

Датум и време на објавување: 08.10.2014 16:29

Датум на рецензирање: 11.10.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ НИЗ МАКЕДОНСКИ „РОЗОВИ ОЧИЛА“!!!

Нема простување, ако воопшто и бараме некакво објаснување, зашто во овој напис недостасуваат „мал милион“ суштински елементи, бидејќи можеби се брзало да се објави нешто од стратегијата за проширување и од редовниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија дента кога овие документи Брисел ѝ ги претстави на јавноста.

Не може принципот „прв да објавиш“ да биде примарен и доминантен во однос на она што го објавуваш. Станува збор за клучни европски документи кои детално ни ја покажуваат „здравствената состојба“ на земјава и преку нив во овој случај се претрчало и се извадиле сегменти „по потреба“. Чија? Не навлегуваме во тоа, ама сигурно не е онаа на јавноста. Ова е нешто како да одите кај доктор кој, по прегледот, ви пишува извештај дека имате сериозен проблем со срцето, ама вие го читате само делот каде ви вели дека забите ви се во ред! Имаме школски пример на селективност – земено е само она што одговарало, а сето друго е забаталено.

Недозволиво е да се зборува за тоа дека Македонија по шести пат ја добила препораката, а притоа да не кажете дека, како што нотираат бриселските технократи: „Европската комисија ги повикува властите да преземат решавачки мерки за адресирање на загриженоста за зголемената политизација и растечките недостатоци во делот на независноста на судството и слободата на изразување за препораката да биде задржана и во наредните години“. Настрана тоа што се „заборавале“ клучни параграфи и заклучоци, но и тоа што е напишано како да е од друг универзум:

Водена од силен надворешен фактор и странски директни инвестиции економското закрепнување напредуваше и малку се намалија надворешните небалансираности. Сепак, структуралните ригидности продолжуваат да го успоруваат соодветното функционирање на пазарот на трудот, фискалната дисциплина и транспарентност трпат поради раководењето на кус рок и ад хок загриженост“ – е првата реченица од поглавјето 3.1 „Постоење функционална пазарна економија“ од овогодишниот извештај на ЕК.

Толку за вистинитоста на овој материјал, кој едноставно ако само го пренел, секако најважното, од изворот на кој се повикува – извештајот на Комисијата, ќе немал какви било проблеми. Вака имаме текст со дупки како „швајцарско сирење“.

 

ОТСУСТВО НА КРЕДИБИЛНО НОВИНАРСТВО, ЛОШО „ПАКУВАЊЕ“

Бидејќи има селективен и неточен пристап, јасно е дека текстот не може да се пофали со содржајност. Се согласувам дека е умешност долгото новинарски кратко да го спакуваш, но во овој случај ниту имаме кредибилно новинарство, ниту асално пакување. Повеќе од 60 страници европски бирократски речник и десетици пасуси со јасни заклучоци „прераскажани“ во само три пасусчиња и тоа одбрани!!!

Самиот факт дека се не се кажува и дека нешто се премолчува упатува на пристрасност. Кога не се пренесуваат сериозните забелешки кои се однесуваат директно на работењето на властите јасно е каде на која страна натежнува овој неизбалансиран материјал.

Насловната конструкција ја следи селективноста на текстот и бомбастично најавува само еден сегмент, и тоа не до крај точно, од извештајот. Поточно, во насловот, исто како и во написот, отсуствува вистинската вест, а тоа е дека Брисел бара итно подобрување на ситуацијата во две сфери клучни за секоја демократија: судството и медиумите за во наредните години да се задржи препораката. Оттука, заглавјето е некоректно и несоодветно.

„Секој кој мисли дека извештајот е позитивен го повикувам уште еднаш да го прочита“ – ваквата реакција на врвен претставник на ЕУ во земјава дадена откако чул дел од медиумските извештаи во кои се опишувал „позитивниот европски извештај“ најдобро го опишува производот кој го анализиравме.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

извитоперени

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

искривени се фактите од изворот

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови