Рецензии

Рецензија: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини

на 24. 11. 2014 | | sq
  Пред нас се наоѓа текст во кој се коментира однесувањето и мислењата на новинарот наместо на функционерот. Во текстот, фокусот на опсервација се префрла на новинарка, која во своето интервју го провоцира функционерот, до некаде и непотребно. Сепак, во функција на отворената дебата, како и во функција на стандардите во јавната дебата, според кои функционерите треба да се поподложни на јавна критика, па дури и на провокации и коментари кои не им се допаѓаат, ова е дозволено, од причина што тие се избрани од граѓаните и имаат многу механизми што може да ги искористат за да одговорат на провокациите. Линк до оригиналниот напис: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини Датум и

Рецензија: Викторија ја исполнува волјата на Богородица

на 24. 11. 2014 | |
  Кредибилитетот на изворот во случајот што го рецензираме е крајно проблематичен. Не сме сигурни дали постои оправдана причина за во најмала рака контроверзните привиденија на оваа жена да се претставуваат како ноторни факти за тоа што во иднина ќе се случува, па уште и да се даваат сугестии на кои места треба да се копа за да се најдат гробници итн. Од соништа за промивање на дечиња во вода со ѕвездички, до гробници на кралеви и до градење манастири… Премногу е конфузно, неповрзано и нелогично… Линк до оригиналниот напис: Викторија ја исполнува волјата на Богородица Датум и време на објавување: 26.10. 2014; 12:44 Датум на рецензирање: 17.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс „Со помош на Богородица, Викторија дошла до следните откритија…“

Рецензија: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

на 21. 11. 2014 | |
Замена на идентитет, ама не Борновиот. Нејзиното Височество, барем, според овој текст – поточно фотографија, доби нов амбасадор во земјава, ама тој некако да ти има познат, стар лик. Пример за многу брзање, a малку мислење. Линк до оригиналниот напис: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка Датум и време на објавување: 17.11.2014 09:08 Датум на рецензирање: 20.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

GOOGLE IMAGES SEARCH НЕ Е ЗАМЕНА ЗА НОВИНАРСКИОТ ТРУД

Да расчистиме, не може, барем не во коректен, новинарски текст еден човек, во овој случај амбасадор, да биде претставен со едно име, а илустриран со друга фотографија. Значи еден лик – едно име, друг лик – друго име. Мала асистенција: Кристофер Ивон, поранешен амбасадор

Рецензија: ФОТО: Слаба посетеност на денешната геј парада во Скопје

на 21. 11. 2014 | |
  Текстот:„ ФОТО: Слаба посетеност на денешната геј парада во Скопје“, ја манипулира јавноста за настанот што се случи во главниот град на 16 ноември 2014 година, по повод Меѓународиот ден на толеранцијата. Материјалот преку насловот испраќа погрешна порака дека во Скопје  имало геј-парада. Иако, всушност, станува збор за  Маршот на толеранцијата  во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и невладината „Цивил – Центар за слобода“. Линк до оригиналниот

Рецензии: Ги демнат ли нашите деца секти?

на 20. 11. 2014 | |
Прилогот почнува со констатација дека никој од надлежните не може да потврди дека секти постојат, ниту дека некои лица кај нас извршиле самоубиство или кренале рака на себе заради тоа што биле дел од некаква секта? Но, се вели во прилогот, родителите сепак треба да внимаваат – тие постојат во другите делови од земјината топка, особено во Европа(!) Во основа, имаме обработка на тема која нема јасен мотив или оправдување, а особено повод за користење наслов кој навистина – во вакви околности – служи за заплашување, кое е извлечено во сферата на хипотетичкото „ако“, а не на реални факти од животот. Линк до оригиналниот напис: Ги демнат ли нашите деца секти? Датум и време на објавување: 16.11.2014 16:09 Датум на

Рецензија: Демантирани шпекулациите на соросоидните медиуми – За кого работат?

на 19. 11. 2014 | |
Пред нас е телевизиски прилог, кој има само една цел –  да плука, деградира и да омаловажува. Притоа, не може да се разбере за која новинарска форма се работи, затоа што не е посебно издвоен како коментар или како колумна, а најде централно место во дневникот на медиумот. Исто така, не се запазени новинарските норми. Прилог и текст кој е тешко да се нарече новинарски, а уште потешко да се оправда. Линк до оригиналниот напис: Демантирани шпекулациите на соросоидните медиуми – За кого работат? Датум и време на објавување: 13.11 2014, 17:54 Датум на рецензирање: 18.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОЛН СО НЕБУЛОЗИ

Овој текст воопшто не се труди да биде вистинит. Да се тврди дека некој „одработува“ во корист

Рецензија: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија

на 19. 11. 2014 | | sq
    Ако важи дека „доброто вино, но без добра амбалажа веднаш губи вредност“, тогаш овој текст го потврдува правилото дека лошиот наслов вкупно го нагрдува целиот производ. Непотребното и вонконтекстуалното интервенирање во насловната конструкција е главната причина зошто написот, кој во основа е коректен, сериозно паѓа на скалата на квалитетот. Линк до оригиналниот напис: По Путин во Белград, Иванов со светските моќници и Македонците од Србија Датум и време на објавување: 02.11.2014 15:49 Датум на рецензирање: 17.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПУТИН ВО НАСЛОВОТ, А НИТУ „П“ ОД ПУТИН ВО ТЕКСТОТ

Генерално, вистинитоста на текстот не е спорна. Станува збор за официјална посета на шефот на македонската држава на Србија, средбите со тамошниот државен врв, учеството на состанокот на

Рецензија: СДСМ фингира студентски протести

на 18. 11. 2014 | |
  Пред нас се наоѓа трагичен споменик на непрофесионалното новинарство кое нема цел ниту да информира, ниту да понуди издржана критика, туку да креира конспирациски теории со низок квалитет. Ниту една реченица од текстот не може да си го понесе епитетот „проверена“. Основната идеја е да се дискредитираат независните студентски протести, кои првпат по години на исто место собраа илјадници студенти со исти барања. И покрај нивната децидна порака дека

Рецензија: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?

на 18. 11. 2014 | |
  Текстот што е пред нас со нагласена тенденциозност се осврнува на инцидентот на последната седница на Советот на Општина Карпош (12 ноември 2014 година). И, притоа, без да посочи прецизни извори на информации, ни ја претставува само едната страна на приказната. Линк до оригиналниот напис: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош? Датум и време на објавување: 14.11.2014, 18:24 Датум на рецензирање: 16.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

БЕЗ ИЗВОРИ И АРГУМЕНТАЦИЈА

Неспорно е дека инцидентот во Општина Карпош се случил. Информација за настанот имаше во повеќе медиуми, проблемот е во начинот на кој се информира јавноста за овој случај. Написот, всушност, се темели на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Карпош. Меѓутоа, никаде во материјалот не се

Рецензија: Боливудско бизнис-шоу без хепиенд

на 17. 11. 2014 | |
Ненаметливо, но аргументирано, сеопфатно, а сепак читливо и непретенциозно четиво, тоа накусо би бил описот на текстот кој е предмет на рецензијата, а обработува прилично „експлозивна“ дневно политичка тема – за нималку холивудскиот крај на приказната наречена „инвестицискиот рај на Субрата Рој во Македонија“. Повеќе соговорници, практика што полека одумира во написите што се занимаваат со контроверзи и со политички чувствителни теми во домашните медиуми, е нешто што веднаш паѓа в очи, кога се чита овој текст. Дадени се и рамноправно истретирани изјавите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, отсуствуваат елементи на пристрасност и на коментирање, со што читателската публика е потсетена на тоа како, всушност, треба да звучи и изгледа една професионално сработено новинарско информативно четиво. Можеби