verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?

on 18 - 11 - 2014       

Кој-го-испрати-лажниот-новинар-да-напра_http___netpress.com_mk_koj-go-isprat-crop-resize

 

Текстот што е пред нас со нагласена тенденциозност се осврнува на инцидентот на последната седница на Советот на Општина Карпош (12 ноември 2014 година). И, притоа, без да посочи прецизни извори на информации, ни ја претставува само едната страна на приказната.

Кој го испрати лажниот новинар да напра_ - http___netpress.com.mk_koj-go-ispratЛинк до оригиналниот напис: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?

Датум и време на објавување: 14.11.2014, 18:24

Датум на рецензирање: 16.11.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

БЕЗ ИЗВОРИ И АРГУМЕНТАЦИЈА

Неспорно е дека инцидентот во Општина Карпош се случил. Информација за настанот имаше во повеќе медиуми, проблемот е во начинот на кој се информира јавноста за овој случај. Написот, всушност, се темели на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Карпош. Меѓутоа, никаде во материјалот не се посочува дека станува збор за изјава на Стевчо Јакимовски, туку сите наводи се пласирани како согледувања на неименуваниот автор.

Само на едно место во текстот е употребена воопштена  формулација, „според информациите од Општина Карпош“, при што се излегува со експлицитно  тврдење дека Магдалена Несторовска, член на Советот на Општина Карпош:

„…го осмисли и режираше целиот инцидент“

Но, во написот не се нудат никакви аргументи за да се поткрепат ваквите обвинувања кои прозвучуваат како анонимниот  текстописец  да бил сведок на „заговорот“.

 

САМО ЕДНА СТРАНА

Материјалот почнува и завршува во коментаторски стил.  А, заклучокот на текстот:

„Андреј Жерновски како Градоначалник и работодавец на овие лица, наместо да ги решава проблемите во Општина Центар, а докажа дека не е способен за тоа…“

многу потсетува на соопштенијата на владејачката партија во кои таа го критикува градоначалникот на Општина Центар.

Видливо е дека идејата на овој неквалитетен новинарски производ, воопшто и не била да ѝ понуди на јавноста објективна информација за настанот. Бидејќи, еден балансиран пристап подразбира да се слушне ставот и на другата страна, што во конкретниот случај не е испочитувано. Иако, истиот ден имаше реакции и од градоначалникот на Општина Центар и од советничката група на СДСМ , кои беа пренесени во некои медиуми.

И, како што беше објавено, советниците од СДСМ имаат поинакво видување за настанот, а вината ја лоцираат кај градоначалникот на Општина Карпош, кој според нив, направил инцидент со цел да го покрие милионското задолжување.“

 

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Па, наспроти добрата новинарска практика која налага дека основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, манирот во кој е напишан овој материјал, покажува дека се прекршени повеќе одредби од новинарскиот Кодекс, амандманите (4, 13 и 14),

„Новинарот е должен да го назначи изворот на информации. (4)

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (13)

Новинарот мора да обезбеди професионална достанца од политичките субјекти (14)“

Практично,  уште со спинерскиот наслов  даден во форма на прашање: „Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?“  и со неговиот одговор презентиран веднаш во првата реченица: „СДСМ и нивните коалициони партнери и понатаму продолжуваат со својата деструктивна политика“, се навестува дека на читателите им се подметнува критизерско четиво.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови