Рецензии: Ги демнат ли нашите деца секти?
Објавено во Рецензии
on 20 - 11 - 2014 Автор: Љубомир КостовскиПрилогот почнува со констатација дека никој од надлежните не може да потврди дека секти постојат, ниту дека некои лица кај нас извршиле самоубиство или кренале рака на себе заради тоа што биле дел од некаква секта? Но, се вели во прилогот, родителите сепак треба да внимаваат – тие постојат во другите делови од земјината топка, особено во Европа(!) Во основа, имаме обработка на тема која нема јасен мотив или оправдување, а особено повод за користење наслов кој навистина – во вакви околности – служи за заплашување, кое е извлечено во сферата на хипотетичкото „ако“, а не на реални факти од животот.
Линк до оригиналниот напис: Ги демнат ли нашите деца секти?
Датум и време на објавување: 16.11.2014 16:09
Датум на рецензирање: 20.11.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„Во Америка, а особено Јужна, се повеќе приврзеници отстапуваат од сопствената религија. Како моден тренд или како рaзочараност од сопствената религија… Канал 5 го праша социологот Татјана Стојановска Иванова каков е профилот на луѓето кои наседнуваат и паѓаат во канџите на сектите? Според Стојановска-Иванова тоа се помлади луѓе кои најчесто имаат проблеми со економската состојба. Под секташко влијание најчесто потпаѓаат и лицата лишени од позитивни емоции.“
Ова прашање нашите медиуми го третираат периодично, како начин да привлечат внимание и таквите прилози си се „поттурнуваат“ еден со друг, кревајќи прав, а без потреба да се проверат фактите околу таа појава. И кога се прави тоа, се тргнува погледот подалеку од ова поднебје и одново магливите сознанија се извор на веста, која, потоа, сама за себе, станува извор (!) за понатамошно ширење на паниката, како што е случај и со моментно доста посетуваната вест во дневен весник, која, се чини, одново ја отвора без повод Пандорината кутија за сектите. Или, исто така, неодамна и тука се повторува ситуацијата на „голем чад без оган“. Исто како и во овој прилог. Не постои ниту еден пример кој би го оправдал користењето на зборовите „Македонија“, „тука“ и слично, кои се користат за лоцирање на злото.
Голем проблем кај авторите на вакви тесктови е што не се проверува користењето на термините. Не е исто секта и религиска задница (дел од оние кои се споменуваат во прилозите се, на пример, и уредно регистрирани). Имено, според современите толкувања, овие групи не се оценуваат според ритуалите на изразување на своите верувања, туку според начинот на примање нови членови во неа, што, секако, во целиот тој калеидоскоп на споменувани кај нас „таинствени“ групи, може да важи, на пример, за „Црна ружа“, чие постоење, сепак, не е докажано. Во светот постои голема дилема дали тоа важи и за саентологијата (тука се користи терминот сиентологија), апострофирана во прилогот, бидејќи, истата во некои земји е сметана за секта (Франција), а некаде, како во САД, е регистрирана како црква. Во прилогот на тоа именување на организации мора да се внимава бидејќи се прават релации меѓу категории кои не се оправдани. Во прилогот се користи и терминот „својата религија“, при што се поаѓа од застарено сфаќање дека некој се раѓа од своја религија (!), па има „застранување“, а не дека за религијата може да одлучи поединец кога ќе стане деловно способен и по доброволна определба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
изворите не ја потврдуваат тезата
официјални
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови