Рецензии

Рецензија: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура

на 16. 12. 2014 | |
    Имаме текст со логицирање од типот: „Фудбалската репрезентација на Македонија го победи тимот на Англија, кој претходно го порази светскиот шампион Бразил. Оттука Македонија е најдобра на светот“. „Изгледа шашаво, ама делува“! – Би дополниле за кого, како. Линк до оригиналниот напис: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура Датум и време на објавување: 09.12.2014, 13:05 Датум на рецензирање: 14.12.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРИМЕР ЗА „ИНКВИЗИТОРСКО НОВИНАРСТВО“

Написот е продолжение на серијалот „Сè што не мисли како мене, сигурно е против мене“. Изгледа како да нема крај на фељтонот: брендирање, именување, бележење, заокружување на неподобните. Видете, ако претходно се мислеше дека ваквиот тип на инквизиторско новинарство не може подолу да падне, тогаш

Рецензија: Ќерката на Самсоненко и синот на вицепремиерот Пешевски играле, премиерот и министри гледале

на 16. 12. 2014 | |
  Овој текст, кој е посветен на претставата од цртаниот филм „Фрозен“, а која ја извеле ученици од приватното меѓународно училиште „Нова“, е новинарска приказна без никакви факти и аргументи, заснована на „трач-муабети“. Текстот не ја прикажува во целост вистината и е тенденциозен и политички пристрасен. Целата приказна има цел да нагласи колку биле моќни и богати поединци од актуелната политичка гарнитура и некои странски бизнисмени во земјава, истакнувајќи дека тие за своите деца, наводно, донирале огромни суми за претставата да биде раскошна. Акцентот е ставен на сумата потрошена за костимите, за што не постои конкретен доказ. За возврат на тоа, нивните деца ги добиле главните улоги. Притоа, не се користат никакви факти и извори, што

Медиумски отпадок од бракот со полицијата

на 15. 12. 2014 | |

[Рецензија на новинарски текст: „Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од Св. Параскева“]

Колку далеку е предалеку кога станува збор за соработката помеѓу полицијата и медиумите? Своевремено еден министер за внатрешни работи рече дека „политичарите и новинарите се во административен брак“, алудирајќи токму на соработката што ја поминува црвената линија меѓу новинарите и полицијата. Какви последици произлегуваат од еден таков неприроден брак, сведочи текстот што го рецензираме. Медиумска содржина од само две реченици прекршила дури три члена од Кодексот на новинарите и ја искорумпирала улогата на новинарите, утврдена, меѓу другото, и во преамбулата на кодексот за професионално постапување на новинарите. Линк до оригиналниот напис: Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од „Св.

Рецензија: Кој се’ од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести

на 15. 12. 2014 | |
  Основната цел на дискурсот е недвосмислена – да креира корелација меѓу протестите и опозицијата. Тоа се прави со низа коментари и со фрагментација. Се двојат оние факти што некому му одговараат, се игнорираат сите останати факти и се креира слика од која човек што не бил учесник во маршот не може да се информира на точен начин. Линк до оригиналниот напис: Кој се од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести Датум и време на објавување: 10.12.2014 15:17 Датум на рецензирање: 11.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Студентскиот пленум на протестот повика на поддршка од сите граѓани. Зошто се сегрегираат само оние кои биле од СДСМ? Оттука, етикетирањето и спинувањето дека одредена група граѓани се појавила на маршот е

Рецензија: „Режимот“ финансиски го поддржа синот на Бранко Героски

на 15. 12. 2014 | |
Нагласено тенденциозен текст кој отвора генерално прашање – имаат ли право членовите на опозицијата, новинарите што ја поддржуваат опозицијата, симпатизерите и членовите на нивните семејства да користат или да учествуваат во трошењето и во поделбата на јавни пари, во овој случај за издавачка дејност. Од неколку издавачки проекти на „Магор“ кои ги финансирало Министерството за култура, издвоен е само еден, оној со кој е дадена поддршката за печатење на романот „Смрта на уметноста“ на Костадин Героски. Неговата „вина“ е само во тоа што е син на новинарот Бранко Героски. Линк до оригиналниот напис: „Режимот“ финансиски го поддржува синот на Бранко Героски Датум и време на објавување: 12.12.2014, 14:48 Датум на рецензирање: 13.12.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Намерата е јасна

Рецензија: Драма во „Рамстор“: Непознати лица од Косово украле дете, пронајдено е во гаражата

на 15. 12. 2014 | |
  Новинарскиот кодекс налага новинарот да ги проверува информациите кога тоа е можно, а кога не е, да наведе дека станува збор за шпекулација. Изнесената невистинита информација пред објавата морала да подлежи на елементарна проверка или во споменатиот трговски центар или во Министерството за внатрешни работи, но тоа не е направено. Линк до оригиналниот напис:  Драма во „Рамстор“: Непознати лица од Косово украле дете, пронајдено е во гаражата Датум и време на објавување:13.12.2014 23:10 Датум на рецензирање: 14.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Информацијата не е вистинита. Демант пристигна од трговскиот центар „Рамстор“. „Преку ова соопштение официјално ја информираме јавноста дека содржината на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава за оваа

Рецензија: Како малцинството ЛГБТ го тероризира мнозинството

на 15. 12. 2014 | |
  Станува збор за грубо манипулативно неиздржан текст, кој во својата содржина има и комплетни бесмислици. Како, на пример, употребата на зборот „ксенофобија“ во дадениот контекст не е соодветна и предизвикува чудење. Ксенофоб е човек кој мрази странци, оттука е нејасно што бара овој збор во реченицата: „Ксенофобијата и раздразливоста на припадниците на ЛГБТ заедницата не им дава за право да ја ускратат слободата на слободно мислење која е и уставно загарантирана.“ Меѓутоа, има и низа други проблематични елементи, меѓу кои и тоа што непотпишаниот автор изоставува да сопомене дека има и ограничувања на слободата на изразување, ако на пример, тие се спротивни на законите. Оттука говорот на омраза не е слобода на изразување, иако се прави обид тој така

Рецензија: Студентите во САД против расизмот, македонските против два испита

на 15. 12. 2014 | |
  Овој текст најголемиот проблем го има во насловот. Со него сака да пласира една теза која е манипулативна. Се споредува нешто неспоредливо – студентски протести во САД и тие во Македонија. Притоа се изнесуваат невистини, а се омаловажува и студентското движење. Со дел од насловот „два испита“ се минимизира и огромната посетеност на студентскиот марш. Насловот, исто така, алудира дека во САД студентите протестираат за поголеми цели (иако се неспорни барањата на студентите од американските колеџи), но, сепак, барањата и таму и тука се легитимни. Студентите низ целиот свет протестираат за повеќе работи, но никаде и никој не се осмелува да ги спореди затоа што секоја држава си има индивидуални проблеми, па така се насочуваат и целите и мотивите

Рецензија: Фото: СДСМ со автобуси носеше пензионерско засилување

на 12. 12. 2014 | |
  Ова е уште еден од серијата написи кој нагласено се труди политички да го обои и да го маргинализира студентскиот протест против државниот испит и најавените реформи во високото образование. Притоа, со препознатлива тенденциозност се минимизира масовноста на  студенсткиот марш  и се „вергла“ познатата теза  дека „протестот е фингиран од опозицијата“, која, за да ја спаси ситуацијата, наводно, со автобуси донела пензионери во Скопје . Линк до оригиналниот напис: Фото: СДСМ со автобуси носеше пензионерско засилување Датум и време на објавување: 10.12.2014, 17:20 Датум на рецензирање: 11.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

МАНИПУЛАЦИЈА

Всушност, станува збор за една куса квази фото-сторија , целосно преземена од друг медиум (иако тоа не е наведено), каде е објавена дваесетина минути претходно. Оваа наменски

Рецензија: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ?

на 12. 12. 2014 | |
  Според местото и улогата не медиумите во општеството, историјата покажала дека токму журнализмот, или преку него, се поместувале границите на слободата. Тоа е во природата на медиумските платформи. Во една таква континуирана динамика на односи меѓу општеството и медиумите, неминовни се меѓусебните влијанија. Она за што отсекогаш и засекогаш се водело грижа е да не се промени природата на професионалните медиуми и изворниот концепт и природата на журнализмот. Без разлика на сè, новинарството не смее да се претвори во огласна табла, место за трговија со човечки страсти и емоции, а најмалку во макро. Линк до оригиналниот напис: Сакате ли ваков партнер за новогодишната ноќ? Датум и време на објавување: 09.12.2014, 12:00 Датум на рецензирање: 12.12.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Со