verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кој се’ од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести

on 15 - 12 - 2014       

ФОТО Кој се од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести NetPress-crop-resize

 

Основната цел на дискурсот е недвосмислена – да креира корелација меѓу протестите и опозицијата. Тоа се прави со низа коментари и со фрагментација. Се двојат оние факти што некому му одговараат, се игнорираат сите останати факти и се креира слика од која човек што не бил учесник во маршот не може да се информира на точен начин.

ФОТО Кој се од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести NetPressЛинк до оригиналниот напис: Кој се од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести

Датум и време на објавување: 10.12.2014 15:17

Датум на рецензирање: 11.12.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Студентскиот пленум на протестот повика на поддршка од сите граѓани. Зошто се сегрегираат само оние кои биле од СДСМ? Оттука, етикетирањето и спинувањето дека одредена група граѓани се појавила на маршот е неиздржано. Нема ниту една изјава. Тврдењето дека маршот е директно поттикнат и инициран од СДСМ и од Сорос е невистинито, бидејќи него го организираше Студентски пленум, студентско движење кое се огради од сите партии и на маршот повика да не се истакнуваат никакви национални или партиски симболи.  Во текстот се етикетираат граѓани поради тоа што го искористиле уставно загарантираното право на протест, со што се остава впечаток на пристрасност. Се користат навредливи зборови како „пропагандисти на Сорос“.

Студентскиот марш е директно поттикнат и инициран од низа активисти, функционери на СДСМ и пропагандисти на СОРОС.

Користените коментари не се издвоени во аналитички жанр, туку се во информативен жанр – вест, што е кршење на Кодексот на новинарите, односно на членот 13, кој налага новинарот да прави разлика меѓу фактите и мислењата, веста и коментарот:

Рецептот за протести кој денеска се спроведува е веќе виден. Манипулација, извртување на реформата и заплашување, како и многу финансиски средства и инфраструктура овозможена од СДСМ, која преку партиски војници пратени на протест ги манипулираат студентите за партиски цели.

Идејата е со сегментирани информации да се создаде слика што ќе ги претстави протестите како немасовни и опозициски. За тоа не се нуди ниту еден аргумент и тоа не соодветствува со вистината. Тврдењето дека СДСМ дал пари за да се организира протестот е недокажано и читателот не добива оправдан мотив да верува во него.

На протестот се појавија граѓани кои се против концептот државен испит, независно од нивната партиска определба. Политиката не им припаѓа само на партиите, туку и на граѓаните и оттука, секое етикетирање и заокружување остава впечаток на малициозност.

Соросовата фондација повторно замеша прсти преку МОФ, чии пак луѓе во најголема мера го контролираат Студентскиот пленум, кој формално и не постои. СДСМ со целата своја логистика, максимален партиски ангажман, со притисок на партиски професори по факултетите и со голема финансиска помош од СОРОС успеа на улица да изнесе две до три илјади лица, пред се партиски членови и активисти на опозицјата.

Зад горенаведениот цитат од текстот не стои никаков доказ, извор или документ. Тоа е субјективно толкување кое се претставува како „факт“ и е неиздржано. Низ целиот дискурс превагнува политичка пристрасност. Во поглед на содржајноста, не е опфатена „втората страна“, односно не се објаснуваат факти за државниот испит, нема објаснување на состојбата што довела до протестите. Што се однесува на фотографиите, тие манипулираат зашто на нив се издвојува една група луѓе, иако тие се дел од грандиозен, масовен марш и на него настапуваат како граѓани, а не како претставници на политичка партија. Оттука, заклучокот е дека правото на протест, кое е основно и уставно загарантирано, е злоупотребено за да се создаде слика која не соодветствува на реалната, најверојатно поради политичка пристрасност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

и неквалитетни и солидни

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови