verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура

on 16 - 12 - 2014       

 

21-09876-098-098-crop-resize

 

Имаме текст со логицирање од типот: „Фудбалската репрезентација на Македонија го победи тимот на Англија, кој претходно го порази светскиот шампион Бразил. Оттука Македонија е најдобра на светот“. „Изгледа шашаво, ама делува“! – Би дополниле за кого, како.

2Линк до оригиналниот напис: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура

Датум и време на објавување: 09.12.2014, 13:05

Датум на рецензирање: 14.12.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРИМЕР ЗА „ИНКВИЗИТОРСКО НОВИНАРСТВО“

Написот е продолжение на серијалот „Сè што не мисли како мене, сигурно е против мене“. Изгледа како да нема крај на фељтонот: брендирање, именување, бележење, заокружување на неподобните. Видете, ако претходно се мислеше дека ваквиот тип на инквизиторско новинарство не може подолу да падне, тогаш овој текст нè уверува дека навистина можело. Прашањето е до каде ќе се оди? – Најверојатно уште многу удолу!!! Медиумската поддршка преку банери, која неколку критички/опозициски портали им ја дадоа на студентите во пресрет на големиот протест, за некого е доволен аргумент да каже дека тие се „исти структури“. Како прво, целата теза за опозициски медиуми од почеток е накриво насадена – таквите квалификации им беа наметнати на сите оние, без разлика дали навистина се или не се поврзани со другиот табор, кои имаат поинакви ставови и сфаќања од владејачката постава и политиките што ги спроведува. Второ, кога таквото „черечење“ новинари некому му се видело како недоволно, решил истиот рецепт да го примени и во случајот со студентите. Да расчистиме за каква манипулација станува збор: имаме две различни материи – медиуми и студентско движење, едните се правни субјекти, додека другите претставуваат организирање врз база на идеи, интереси, уверувања. Првите се, во буквална смисла, работни организации со постојан ангажман, другите се доброволни масовни собирања кои имаат повремен карактер. Бидејќи ова му било јасно и на тој што стои зад написот, решил знакот на равенство меѓу првите и вторите да го стави темелејќи го на ептен неаргументирани тврдења, кои, всушност, се чисти шпекулации.

Потегот без пари да се постават банерите на „Студентски пленум“ е искористен како „цврст темел“ да се пласира обвинувањето дека медиумите и студентите се иста структура. Небулоза, во најмала рака. Секако дека клучен сегмент во приказната е фамозната „Сорос-фондација“ (инаку, Фондација „Отворено општество Македонија“) која континурано се прикажува како душман на Македонија зашто парично помага медиуми кои не се под владина капа. Но, и тука се прават пропусти и превиди или објавување лаги. На пример, еден од споменатите портали во одговорот на јавната прозивка истакнува дека веќе воопшто не е финансиран од Сорос. Понатаму, каде е втората страна?! – Секако ја нема. Се споменуваат „земени милионски суми“, а никаде нема барем еден цитат од споменатите, која е нивната позиција за приходувањето. Истото ниско ниво на „истражувачко новинарство“ е применето и кај второнаведените – студентите. Ниту буква за мислењето на младите и за нивниот евентуален одговор на обвинувањата дека се „иста структура“ со опозициските медиуми.

 

„ФРАНКЕНШТАЈН-ТЕЗА“ ЗА ИСТОВЕТНОСТ

Сè се темели на впечаток, чиј? – Не знаеме. Нема ниту извори на информации, освен одговорот на еден од порталите, кој самиот си го објави, дека самоницијативно решиле медиумски да ги поддржат студентите. Овој одговор, во суштина, е злоупотребен и спинуван за да се дојде до Франкенштајн-тезата за истоветност меѓу дел од медиумите и пленумот. Околу содржајноста не е ни потребно да се троши многу време, бидејќи е повеќе од јасно дека траги од неа треба со лупа да се бараат. Тоа не е случај и со пристрасноста, за која не требаат очила за оддалеку да се види:

„…Либертас на Ацо Кабранов, Плусинфо на Бранко Героски и останатите опозициски портали кои го рекламираат Студентски пленум не им наплаќаат на студентите кои наводно се независни. Причината за тоа е многу едноставна, станува збор за иста структура.“

Што повеќе да кажеме за необјективниот и крајно незибалансиран пристап кој кулминира во тенденциозната насловна конструкција.

Очигледно е дека расудувањето по сопствено убедување станува илегална категорија, казнива со јавно прозивање и со омаловажување во вакви текстови, за кои е грев да се каже дека се новинарски производи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови