Рецензии

Студија на случај за медиумска манипулација

на 29. 01. 2015 | |

(Рецензија на текстот „Пропаганда на Сорос експресно пренесена од СДСМ и од опозициските медиуми“)

  Еве една медиумска содржина која може да послужи како идеална студија на случај за новинарска манипулација. Текстот што го рецензираме реагира на поддршката на медиумите на една прес-конференција на главната опозициска партија, која објави резултати од годишното истражување на Институт „Като“ од Вашингтон, САД (The World Misery Index 2014). Тие резултати соопштуваат дека Република Македонија е 12. најмизерна земја на светот. На прво место е Венецуела, а потоа следуваат Аргенитина, Сирија, Украина, Иран, Бразил, Сао Томе и Принчипе, Србија, Jамајка, Јужна Африка и Судан. Уште две работи се битни за да ја врамиме оваа рецензија: прва, индексот на мизерија на Институтот „Като“ е формула во

Разблажен пример на „жанрот“ наречен „распнувачко новинарство“

на 28. 01. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари]

  Наменски спинувано четиво за задоволување нечии „ниски политичко-медиумски“ страсти. Се користи текст објавен на друг портал (нема да навлегуваме во тоа каков и со каков квалитет), кој се зема како главен извор за некаква си „поткрепа“ дека „опозицијата контролира цела низа медиуми“. За ваквото тврдење навистина да биде издржано, сепак, треба многу повеќе од колумна чиј автор, кој, пак, да бидеме искрени, е познат по сензационализам и неретко практикува жолто новинарство, пишува дека за состојбата во земјата виновни се не само опозициските лидери, туку и „опозициските пера“. Линк до оригиналниот напис: Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари

Рецензија: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот

на 28. 01. 2015 | | sq
  Ако до изборите во Грција во неделата главно прашање за новинарските анализи беше колкава ќе биде победата на СИРИЗА, од денес, овој понеделник, главна тема е како оваа левичарска партија ќе ја консумира власта. Што да направи новинарската аналитика во сабота наутро, кога излегуваат викенд-изданијата? За овој текст е одлучено да се направи паралелизам кај клучните политички понуди за читателот, да се воочат разликите меѓу партиите и лидерите и тоа да не биде здодевно, туку да претставува можност за брзо осознавање на материјата, заедно со лесната прегледност.

Линк до оригиналниот напис: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот Датум и време на објавување: 24.01.2015 Датум на рецензирање: 26.01.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Она во што сите се согласуваат

Рецензија: Крик за слобода на албанските актери – На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“

на 27. 01. 2015 | | sq
  Оваа рецензија нема дa има повеќе од три реченици. Толку колку што ги има веста што ја рецензираме: Сосема непрофесионално и недозволиво е да се измислува или накалемува нешто на некој настан или некоја порака. Ниту на настанот, ниту на пораката на транспарентот што актерите на Албанскиот национален театар од Скопје го раширија на крајот на претставата пред тетовската публика нема ништо за „задушеноста на општеството,  на слобода и правата на граѓанинот!“, како што се „фантазира“ во рецензираниов текст. Има само порака како знак на протест кој се однесува на страшното загадување на воздухот во Тетово. Линк до оригиналниот напис: Крик за слобода на албанските актери-На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“ Датум и време на објавување: 23.01.2015,

Рецензија: Заев зимувал во монденски италијански скијачки центар?

на 26. 01. 2015 | | sq
  Овој текст е пример за чаршиско новинарство, кое во последно време се применува во нашите медиуми, а сè за да се нападне некоја личност без, притоа, да се користат некакви факти или докази за тоа. Очигледно е дека намерата на авторот на овој текст била да се деградира по секоја цена лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, и да се обвини дека зимувал во некој скап италијански скијачки центар, но без извори и без факти, ваквото обвинување, лесно може да „падне во вода“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев зимувал во монденски италијански скијачки центар? Датум и време на објавување: 20.01.2015 Датум на рецензирање: 23.01.2015  Рецензент: Ана Анастасовска Вистинитоста на овој напис многу е тешко да се утврди,

Рецензија: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија

на 23. 01. 2015 | | sq
  Уште еден од потезите кој придонесува во паѓањето на сите професионални стандарди во трката по гледачи. Овој прилог беше најавуван како сензација. И со квалитетот – технички, пред сѐ, откриваме  дека се одело во брзина на известувањето, отколку на подготовка на теренот. Небаре слетале вонземјани, па сега епохалното сознание за „ракоубиецот“ емитуван во првите вести, ги надминува сите други критериуми. Прилогот треба да се види од надлежните за следење на програмата и по повеќе основи заслужува да ја чуеме нивната реакција. Линк до оригиналниот напис: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија Датум и време на објавување: 22.01.2014, 16:35 Датум на рецензирање: 23/01.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Личи на краставица, но не е. Горчлива диња или Карела,

Рецензија: Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, бидете претпазливи, надлежните не водат сметка…

на 23. 01. 2015 | | sq
  Ако се погледне овој текст комплетно, почнувајќи од насловот, преку фотографијата, па сè до напишаното во него, може да се каже дека наликува на сè, освен на новинарски напис. Насловот на текстот завршува со три точки иако немало потреба од тоа. Фотографијата која е ставена како илустрација, а која има очигледно цел да ја отслика „страшната ситуација со одроните на автопатот Скопје-Велес“, не е од местото на настанот, што станува јасно подолу во текстот. Самиот текст, пак, е полн со коментари и со некакви „замислени“ ситуации, не се користени никакви извори и факти, што ја доведува во прашање вистинитоста на написот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, бидете претпазливи, надлежните не водат сметка…

Рецензија: ФОТО: Со автомобилот се забил во дрво – ова момче загина во тешка сообраќајка

на 23. 01. 2015 | | sq
  Некомплетна вест во која недостигаат неколку клучни елементи за добивање целосна слика за настанот. На публиката ѝ е пласирана „осакатена“ содржина, зачинета со несоодветен и со сензационалистички наслов. Пример за лош „копи-пејст“, намачкан со таблоидско жолтило. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со автомобилот се забил во дрво – ова момче загина во тешка сообраќајка Датум и време на објавување: 19.01.2015, 10:14 Датум на рецензирање: 22.01.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ТРКАТА ПО „КЛИКОВИ“ ЈА УБИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Имаме случај на дилетантско и некоректно преземање вест со трагичен епилог, која речиси е обезглавена поради отсуството на клучни информации. Прво е дека недостига „каде“, потоа нема „кога“, исто така не се забележува и „зошто“. Точно е дека има „кој“, ама и тука работата

Три работи не можат да се скријат: сонцето, месечината и вистината

на 22. 01. 2015 | |

(Рецензија: „Немаат етика и глумат суд на инквизиција против земјите во развој“)

Во ерата на интернет и комуникациска поврзаност на целиот свет, особено на меѓународните институции, можеме да оцениме дека е крајно непримерно да се пишува текст за една меѓународна новинарска организација како што е „Репортери без граници“ и да се пласира теза дека таа го загубила консултантскиот статус во УНЕСКО, како една од најугледните организации за надглеување на слободата

Рецензија: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар

на 22. 01. 2015 | |
  Насловот на овој текст е сензационалистички и го наведува читателот да помисли дека некаков спорен производ се продавал во Македонија, што не е точно. Од самиот текст подолу може да се види дека тоа се случувало во Велика Британија. Отсуството на извори и на факти не може со сигурност да го потврди напишаното. Вистинитоста на написот не може да се провери. Линкуван наслов на анализираниот напис: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар Датум и време на објавување: 15.01.2015 Датум на рецензирање: 21.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Граѓаните се во паника. Британецот Николас Стјуарт (35) од Блекпул, уапсен е бидејќи на туристите во тој град им продавал лажен пијалак виски во кој наместо алкохол