Рецензија: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија
Објавено во Рецензии
on 23 - 01 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
Уште еден од потезите кој придонесува во паѓањето на сите професионални стандарди во трката по гледачи. Овој прилог беше најавуван како сензација. И со квалитетот – технички, пред сѐ, откриваме дека се одело во брзина на известувањето, отколку на подготовка на теренот. Небаре слетале вонземјани, па сега епохалното сознание за „ракоубиецот“ емитуван во првите вести, ги надминува сите други критериуми. Прилогот треба да се види од надлежните за следење на програмата и по повеќе основи заслужува да ја чуеме нивната реакција.
Линк до оригиналниот напис: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија
Датум и време на објавување: 22.01.2014, 16:35
Датум на рецензирање: 23/01.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
„Личи на краставица, но не е. Горчлива диња или Карела, како што ја знаат народите од далечниот Исток, е еден од најефикасните убијци на ракот, болест за која медицината се уште нема стопостотен лек.“
Вака почнува описот на тој прехрамбен артикл, ако е, како прво, воопшто дозволив за исхрана за човекот или животните, за што не добивме доказ. И за такво нешто е, нели, потребна процедура?! Понатаму, во најбенигна варијанта, ова е прилог со скриена економска пропаганда во себе – се рекламира еден производ, ама тоа не се крсти со вистинско име, се претвора во вест, па резервата кај корисникот однапред се елиминира. Затоа, таков вид на пропаганда и не се дозволува!
Но, во ваквите прилози нема ништо бенигно. Ваквата „бабарадоизација“ на програмата, беше предмет на негативни реакции (меѓу кои и од страна на Сервисот за проверка на факти, овде), кои потоа стивнаа – емисијата за волшебни лекови кои лекуваат сѐ и сешто експресно беше симната од програма. Сега, одново имаме на голема врата отворање на истата програма за наводен лек за кој нема ниту еден валиден доказ зад себе, ама затоа го имаме „чесниот збор“ на оној кој ја произведува карелата.
За оваа појава (не се работи само за оваа вест, иако таа е крајно опасна и манипулативна) мора да реагираат и здруженијата на лекарите и на фармацевтите и тоа експресно и да бараат санкции. И тоа им е, белки, во описот на нивната работа?
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
еден производ се прогласува за револуционерен лек без ниту еден доказ
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови