Рецензија: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар
Објавено во Рецензии
on 22 - 01 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Насловот на овој текст е сензационалистички и го наведува читателот да помисли дека некаков спорен производ се продавал во Македонија, што не е точно. Од самиот текст подолу може да се види дека тоа се случувало во Велика Британија. Отсуството на извори и на факти не може со сигурност да го потврди напишаното. Вистинитоста на написот не може да се провери.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар
Датум и време на објавување: 15.01.2015
Датум на рецензирање: 21.01.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Граѓаните се во паника.
Британецот Николас Стјуарт (35) од Блекпул, уапсен е бидејќи на туристите во тој град им продавал лажен пијалак виски во кој наместо алкохол имало урина.“
Авторот на овој текст уште на самиот почеток наведува дека „граѓаните се во паника“, а, всушност, токму неговата цел е да рашири паника меѓу читателите бидејќи текстот нема никаква врска со Македонија. Станува збор за некој Британец кој продавал лажно виски, иако не е конкретно наведено за кое виски станува збор, во кое, наводно, имало урина. Особено би го истакнале зборот „наводно“, бидејќи текстот не е поткрепен со никакви факти и докази, поради што се доведува во прашање неговата вистинитост. Авторот не навел ниту линк од каде е преземен текстот.
Дека граѓаните се во паника, исто така, не може со сигурност да се каже бидејќи во написот никаде нема изјава од некој „испаничен“ граѓанин кој го консумирал производот за кој се пишува.
„Анализите покажаа дека е утврдено дека во шишињата немало алкохол, туку обична вода измешана со урина и измет.“
Тука уште еднаш се доведува во прашање вистинитоста на написот, бидејќи нема никакви докази за таквите анализи. Следствено на тоа, логички е да се постават прашањата кој ги направил тие анализи и каде се тие објавени?
Насловот на овој текст е сензационалистички и тој, можеби, е креативен, но го доведува во заблуда читателот. Целта на авторот на овој текст очигледно била да собере што е можно повеќе читаност, но не и да информира за некоја актуелна работа.
Би било подобро доколку насловот на текстот биде попрецизен. Во текстот би требало да се наведе и изворот на информацијата, односно линк, кој ја пренесува веста за тој да биде поверодостоен. Ваков каков што е пренесен, текстот отвора сомнеж за неговата веродостојност и актуелност.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови