Рецензии

Рецензија: Ромите – вредни за внимание само кога има избори

на 19. 02. 2015 | |
  Социјална репортажа со точно дозирани емоции прикажани преку зборовите и фотографиите, е жанр што речиси изумира во македонското новинарство. Особено во печатените, а уште понагласено во новите медиуми. Овој редок пример на репортажата заслужува внимание и пофалба, ако ништо друго, токму поради тој факт. Сосема малку напор недостигало со дополнителни истражувачки алатки да се збогати и, преку одделниот пример претставен тука,  да се добие генерална слика за вниманието на државата кон голема група свои граѓани, кои се многу често дискриминирани во разни ситуации, со намера или, понекогаш, и без. Линк до оригиналниот напис: Живот на работ: жителите од улицата „Караорман“ бр.111 Датум и време на објавување: 10.02.2015 Датум на рецензирање: 17.02.2015 Рецензент: Теофил Блажевски Репортажата како жанр во новинарството

Рецензија: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч

на 19. 02. 2015 | | sq
    Едностран, несодржаен, невистинит, без факти… Ова се зборовите кои се клучни во објаснувањето на овој производ, кој тешко може да се нарече новинарски текст Линк до оригиналниот напис: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч Датум и време на објавување: 15.02.2015, 20:00 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Текстот има само една водилка – сензационализам, која почнува уште од насловот и е присутна до последниот збор. Од далеку се гледа дека јасната намера е до крај да му се наштети на претседателот на СДСМ и тој да се дискредитира. На лидерот на опозицијата му „насамарува“ уценување, а притоа се омаловажува дека е бесчувствителен особено кон своите сопартијци. Во текстот се зборува за

Рецензија: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците

на 18. 02. 2015 | | sq
  Овој текст е само дел од низата текстови објавени последнава недела со тенденција да се нападне и оцрни лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој во јавноста излезе со „бомба“, обвинувајќи ја власта дека прислушувала повеќе од 20.000 граѓани. Авторот се повикува на ставови и на мислења на експерти, иако од нив нема ниту трага ниту глас во написот, од што може да се заклучи дека тоа се ставови на самиот автор, кој во овој случај е анонимен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците Датум и време на објавување: 13.02.2015 Датум на рецензирање: 17.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Опозицискиот лидер Зоран Заев и во вечерашното интервју за Алсат-М продолжи со заканите преку материјалите кои

Рецензија: Никој не сака обвинет за шпијунажа и велепредавство за партиски лидер

на 17. 02. 2015 | |
  Веројатно, многу читатели си поставуваат прашање – кој пишува вакви текстови и зошто нивните автори не се потпишуваат. Одговорот е едноставен. Поради стравот да не се посрамотат и некој утре да не ги препознае на улица и на нив да покаже со прст. Но, според методологијата по која работи „Сервис за проверка на факти во медиумите“, не е битно кој е автор, туку што пишува. Линк до оригиналниот напис: Никој не сака обвинет за шпиунажа и велепредавство за партиски лидер Датум и време на објавување: 15.02.2015, 15.41 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Александар Писарев  

СПИСОК НА ЖЕЛБИ

Целиот текст е несодржаен, конфузен и нејасен, полн со конструкции, измислени обвинувања, наводни извори, некои структури…, наводни закани на Зоран Заев

Рецензија: Заев лаже дека му обезбедувал работни визи на Верушевски!

на 17. 02. 2015 | |
    Од обвинувања, преку спинови и квалификации „спакувани“ во неумесни коментари, па сè до јавна осуда. Сето ова е натискано во материјал кој многу малку функционира врз база на аргументи и на вистински контекст, а повеќе се потпира на необјективност, пристрасност и на јасно, недвосмислено и тенденциозно минимизирање на аферата со државното прислушување што ја обелодени опозицијата. Поточно, ова е уште еден „новинарски“ текст во обид, со јасна цел – да „сее ветер и магла“ и да фрла прав во очите на јавноста, наспроти актуелната состојба во земјата и сериозноста на ситуацијата. Линк до оригиналниот напис: Заев лаже дека му обезбедувал работни визи на Верушевски! Датум и време на објавување: 14.02.2015, 14:48 Датум на рецензирање: 15.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески

Рецензија: Дел од хонораците се собраа на протест

на 17. 02. 2015 | |
  Основната цел на оваа медиумска содржина е минимизирање на протестот на хонорарците (13 февруари 2015 година) и креирање слика дека спласнува незадоволството поради новото и прилично нејасно законско решение, со кое од први јануари оваа година се плаќаат придонеси и за хонорарите. Всушност, на читателите им е понуден лош текст, илустриран со одлични фотографии, кои содржат таква силна енергија што ги „нокаутира“ содржинскиот дел и промашениот наслов со кој е озаглавена оваа фото-вест. Линк до оригиналниот напис: Дел од хонораците се собраа на протест Датум и време на објавување: 13.02.2015, 16:08 Датум на рецензирање: 14.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

МАРГИНАЛИЗАЦИЈА

Намерата да се маргинализира протестот се гледа уште во самиот тертман на настанот за кој се отстапени цели десет

Рецензија: ВИДЕО: Груевски ја фрли својата бомба

на 16. 02. 2015 | | sq
    Текст пласиран како легитимна информација, иако е очигледен спин, бидејќи станува збор за материјал чија суштина е извадена од контекст. Обид за медиумско покривање или, во најмала рака, минимизирање на импактот на опозициското обелоденување на аферата со прислушувањето со тоа што спектакуларно се јавува дека и „Груевски ја фрли својата бомба“. Но, откако ќе се прочита целата, релативно кусичка, содржина, се увидува дека наместо со бомба имаме работа со содржински изместена и наменски „пукната“, како што некои милуваат да кажат, петарда. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Груевски ја фрли својата бомба Датум и време на објавување: 10.02.2015, 15:17 Датум на рецензирање: 12.02.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

„БОМБА“ ИЛИ НАМЕНСКИ ПУКНАТА „ПЕТАРДА“?!

Премиерот пред речиси три месеци во гостување

„Новинарското“ дно сѐ уште не е допрено

на 16. 02. 2015 | |
 

(Рецнезија на текстот: Заев со лагите го допре дното: По повеќе негирања, призна дека соработувал со Верушевски)

  Реалноста најдобро се замаглува кога за еден настан пласирате дел од фактите, оние што ви одат во прилог, а веднаш потоа врз тој истргнат дел и врз извртени факти, градите приказна, давајќи вредносни судови. Токму таков пример имаме во текстот што е предмет на оваа рецензија. Класично мешање на факти со коментари за прикривање на вистината, со што се нарушени неколку етички принципи и професионални стандарди во новинарството. Линк до оригиналниот напис: Заев со лагите го допре дното: По повеќе негирања, призна дека соработувал со Верушевски Датум и време на објавување:  11.02.2015, 23:56 Датум на рецензирање: 14.02.2015 Рецензент: Теофил Блажевски Првото

Рецензија: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето

на 16. 02. 2015 | | sq
  Овој текст е типичен пример за тоа како новинарите објавуваат непроверени и неточни информации. Или, пак, новинарот ја измислил веста, злоупотребувајќи го уставно загарантираното право да го заштити својот извор, односно правото да користи анонимни извори во написот. Желбата да се биде атрактивен и да се собере читаност превладеала над фактите и над вистината, што е недозволиво во професионалното новинарство. Линкуван наслов на анализираниот напис: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето Датум и време на објавување: 10.02.2015, 23:43 Датум на рецензирање: 12.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет, велат извори на Либертас од владата.“ Настанот опишан во овој текст се одвива во

Рецензија: Граѓани од Косово масовно купуваат имоти во Скопје, Тетово и Гостивар

на 16. 02. 2015 | | sq, en
  Ова е текст кој преку шпекулација сака да ги наруши меѓунационалните односи и тоа во време на турбулентни моменти во земјава. Најстрашно е што текстот е далеку од вистината. Иако како извор се користат агенции за недвижности, нема ниту кои, ниту од каде, затоа е и огромен сомнежот во вистинитоста. Голема шпекулација е и тоа дека „речиси 80 проценти од новоизградените станови во Тетово и во Гостивар се купени од лица од Косово“. Од каде оваа бројка се најде во овој прилог? Кој им ги кажал овие податоци? Тоа го нема во написот. Зошто тогаш да му се верува? Затоа и овој текст е една голема шпекулација со многу непрофесионална содржина и со сомнителни импликации. Линк до оригиналниот