Рецензии

Рецензија: ДУИ и прави конкуренција на Алсат М. Приштинската тв 21 влегува со нивни амин!?

на 4. 05. 2015 | | sq
  Ова е текст кој има анонимни извори, што и не мора да е проблем, затоа што од поодамна е познато дека „ТВ 21“ доаѓа во Македонија. Тоа што во написот е новинарски неоправдано е што и текстот е анонимен, односно не е потпишан од автор. Линк до оригиналниот напис: ДУИ и прави конкуренција на Алсат М. Приштинската тв 21 влегува со нивни амин!? Датум и време на објавување: 23.04.2015, 17:35 Датум на рецензирање: 29.04.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДЕЛУМНО ТОЧНО

Што се однесува до содржината на текстот, веста дека „ТВ 21“ од Приштина ќе зрачи во Македонија е вистинита.

„Зад одлуката Приштинската ТВ 21 да добие национална концесија за да може да емитува програма на целата територија на Македонија,

Пристигна најступидниот наслов за оваа година

на 2. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пристигнаа најлошите вести за оваа недела]

  Проблемот со оваа куса информација е насловот: „Пристигнаа најлошите вести за оваа недела“. Tој е целосно промашен. Од драматиката во насловната конструкција во содржината на текстот нема ниту трага. Всушност, во прашање е само најобична информација за временска прогноза. Линк до оригиналниот напис: Пристигнаа најлошите вести за оваа недела Датум и време на објавување: 27.04.2015, 10:50 Датум на рецензирање: 28.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

СТУПИДЕН НАСЛОВ!

Насловот, на прв поглед, прозвучува дека се случило нешто страшно! Асоцира на тоа дека имало некаква несреќа, не дај Боже, трагедија или природна катастрофа  со човечки жртви. Дека, можеби, пристигнале лоши вести на политички или економски план. Нема ништо од сето ова. Станува збор за

Искривена слика за наводен хаос и спин во полза на власта

на 2. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Расправија во СДСМ, кој е крив за неуспехот?]

  Текстот што го рецензираме покажува колку се поважни партиските и лични интереси од јавниот интерес и од она што е важно за граѓаните. Во еуфоричниот триумфализам поради „пропаст“ на референдумот за ГТЦ, медиумот без ниеден факт, без повикување на каков било извор, на граѓаните им дава искривена слика од настанот и го опишува како причина за наводниот хаос во опозицијата, со што, всушност, го демаскира целиот спин во полза на власта. Авторот само малку да ја согледал и анализирал реалната состојба и резултатите од гласањето на референдумот и да ги почитувал начелата на објективното новинарство, сигурно немаше да го напише ова. Особено зашто претседателот на Државната изборна комисија ги

Франкенштајн од новинарска содржина

на 2. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: „Сите тирании и напади врз новинарите од опозицијата“]

  Во манџата турлитава има многу различни состојки, но сите заедно прават едно вкусно јадење кое посакуваш да се повторува почесто. Ова традиционална тава е добра и поради тоа што некои состојки се задолжителни. Затоа оваа медиумска содржина не може да се нарече турлитава. Со тоа, рецензентот се обврзува отсега па натаму, во иднина, да не го злоупотребува симболичното значење на оваа манџа. Прво заради форматот. Веројатно никој не може со сигурност да потврди за каков новинарски жанр станува збор. Освен тоа дека овој текст е ставен во рубриката „Македонија“, со ништо друго не е обележан во смисла на тоа да се определи во кој жанр спаѓа. Дали е извештај,

Вистината загубена помеѓу „сребрената вода“ и „позлатеното новинарство“

на 29. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Анастасија Ашкилова: Пиејќи сребрена вода, 3 годишно девојче од тешко болно до сосема здраво за само неколку дена]

  Органската храна и производите кои прават чуда за здравјето на луѓето, секако се едни од најчитаните текстови на интернет-порталите. И тука нема ништо спорно и чудно зашто секој од нас сакa да дознае нешто повеќе за едно од тие „чудо-производи“ кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот или да нè излекуваат од некоја тешка болест. Сепак, новинарите што се занимаваат со овој вид текстови, не само што не се ослободени, туку се должни најмалку тројно да ги проверат тврдењата што ги пласираат, зашто последиците од неточни „факти“ може да бидат опасни по здравјето и по животот на луѓето.

Новинарски „катиљ-ферман“

на 29. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!?]

  Некоректен текст, не само кон одредени поединци новинари, туку и кон целата бранша. Злоупотребен е, во најмала рака, морбиден настан и од тоа е направена приказна која служи само за партиско-политички цели што ќе се потврди два дена по објавувањето на овој текст. Написот содржи сериозни омаловажувања и конструкции, за кои не се понудени издржани аргументи. На сето тоа, залепен е тенденциозен наслов и добиен е своевиден новинарски „катиљ-ферман“. Линк до оригиналниот напис: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!? Датум и време на објавување: 23.04.2015 Датум на рецензирање: 27.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПОЛИТИЧКИ, НЕ НОВИНАРСКИ МОТИВИ

Интересно, формулациите во овој текст неофицијално го навестуваат ставот на

Сите луѓе се Македонци – и тоа не само денес, туку отсекогаш

на 28. 04. 2015 | | sq
  „Излезе Македонија најголемо царство било кога што постоело, прва цивилизација, а Грција мора да признае… дека и самиот Господ од Македонија го создавал светот и човекот и животните“. Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи во регионот, по пренесувањето на веста од нашите медиуми дека човекот е создаден во Македонија (на пример, овде), што служи за масовна подбишега. И не е пријатна и за нашата наука, а секако и за медиумите кои малку би требало да ѕирнат во првиот прирачник за темата пред да пренесат сензации од најлош вид. Линк до оригиналниот напис: Човекот настанал во Македонија, а не во Африка?! Време на објавување: 27.04.2015, 19:01 Датум на рецензирање: 28.04.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Фосили од

Дискредитација врз основа на заедничка фотографија

на 28. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп]

  Овој текст има цел на еден инцидент да му даде политичка конотација и при тоа да го поврзе со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, дискредитирајќи го како политичка личност. Написот е политички мотивиран, тенденциозен и не го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп Датум и време на објавување: 21.04.2015  Датум на рецензирање: 25.04.2015  Рецензент: Ана Анастасовска „Човек близок до Стојанче Ангелов е кршачот на прозорците во Општина Прилеп. Млад прилепчанец во алкохолизирана состојба утрово околу 7 часот искршил преку 10 надворешни стакла од новата општинска зграда во Прилеп.“ Авторот

Kрајно пристрасен критички осврт во кој протестниот марш на средношколците се етикетира како политички

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ и СОРОС ги злоупотребуваат учениците за остварување на својата политичка агенда]

  Прилогот што е предмет на оваа рецензија  е скаран со професионaлните стандарди. Уште со самиот избор на насловната конструкција е видлива тенденцијата средношколскиот протест да добие политичка боја. Па, според веќе востановената практика, виновникот за незадоволството на учениците од реформите во средното образованите е пронајден во опозицијата. И, таа, во еден клеветнички манир се напаѓа дека ги злоупотребува средношколците за поткревање тензии во државата. Се разбира, прстот задолжително се вперува и кон Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (Сорос)! Линк до оригиналниот напис: СДСМ и СОРОС ги злоупотребуваат учениците за остварување на својата политичка агенда атум и време на објавување: 23.04.2015, 18:18 Датум на рецензирање: 24.04.2015 Рецензент:

Од лоша „пластична хирургија“ на официјалната верзија до опасно четиво

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Македонија жртва на СДСМ и Сорос со истото дестабилизирачко сценарио како и во 2001 година]

  Ова е, би го нарекол, има-нема текст. Заклучоци има, извори за таквите заклучоци нема, сериозни обвинувања има, аргументи за таквите обвинувања нема, политичко-партиски обоени коментари има, објективност нема, пристрасност има, повик за некаква си борба има, професионалност нема. Линк до оригиналниот напис: Македонија жртва на СДСМ и Сорос со истото дестабилизирачко сценарио како и во 2001 година Датум и време на објавување: 21.04.2015, 14:09 Датум на рецензирање: 23.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЛОША „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕРЗИЈА НА НАСТАНОТ

Се справуваме со страшно опасно четиво, чија суштинска компонента – вистинитоста е толку многу извитоперена и спинувана што реалните настани, барем оние