Дискредитација врз основа на заедничка фотографија
Објавено во Рецензии
on 28 - 04 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп]
Овој текст има цел на еден инцидент да му даде политичка конотација и при тоа да го поврзе со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, дискредитирајќи го како политичка личност. Написот е политички мотивиран, тенденциозен и не го задоволува минималното ниво на сеопфатност.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп
Датум и време на објавување: 21.04.2015
Датум на рецензирање: 25.04.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Човек близок до Стојанче Ангелов е кршачот на прозорците во Општина Прилеп. Млад прилепчанец во алкохолизирана состојба утрово околу 7 часот искршил преку 10 надворешни стакла од новата општинска зграда во Прилеп.“
Авторот на овој текст одлучил да искористи фотографија на младиот прилепчанец кој го предизвикал инцидентот, на која е сликан со Стојанче Ангелов. Ваквата фотографија служи за манипулирање со фактите и за создавање погрешна слика кај читателот. Целта, секако, е да се дискредитира Ангелов и тој да се поврзе со кршењето стакла на општинската зграда во Прилеп. Особено зашто последниот месец Ангелов е актуелен со неговите протести пред МРТВ и неговите најави за „ослободување“ на јавниот сервис.
„Упатените коментираат дека ваквите инциденти се вториот правец на сценариото на Заев за насилство, дестабилизација и внесување на немир кај граѓаните преку платеникот Ангелов, кој преку свои луѓе кои, како што е случајот со овој млад прилепчанец, сторители и на други прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир се обидува да внесе немир меѓу народот.“
Самиот факт што „упатените“ ги нема никаде во текстот, а нивниот наводен заклучок е пренесен преку коментар на анонимниот автор, е доказ за спинот што се наметнува преку овој напис.
Но, во текстот очигледно намерно е изоставен еден друг факт. Тоа е дека младиот прилепчанец посочен во текстот, испратил демант за ваквите тврдења, придружен со фотографии на кои е сликан со челници на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и пратеникот Антонио Милошоски.
„Сакам да кажам дека исто како што се имам фотографирано со Генералот Ангелов, се имам фотографирано и со министри од актуелната влада, што селективното користење на фотографиите од мојот Фејсбук профил го прави тенденциозно и злонамерно“ се наведува во реакцијата на прилепчанецот, која ја пренесува агенцијата „Мета“.
Авторот на овој текст го прекршил членот 3 од Кодексот за новинари, во кој јасно се наведува дека:
Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови