Kрајно пристрасен критички осврт во кој протестниот марш на средношколците се етикетира како политички
Објавено во Рецензии
on 27 - 04 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: СДСМ и СОРОС ги злоупотребуваат учениците за остварување на својата политичка агенда]
Прилогот што е предмет на оваа рецензија е скаран со професионaлните стандарди. Уште со самиот избор на насловната конструкција е видлива тенденцијата средношколскиот протест да добие политичка боја. Па, според веќе востановената практика, виновникот за незадоволството на учениците од реформите во средното образованите е пронајден во опозицијата. И, таа, во еден клеветнички манир се напаѓа дека ги злоупотребува средношколците за поткревање тензии во државата. Се разбира, прстот задолжително се вперува и кон Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (Сорос)!
Линк до оригиналниот напис: СДСМ и СОРОС ги злоупотребуваат учениците за остварување на својата политичка агенда
атум и време на објавување: 23.04.2015, 18:18
Датум на рецензирање: 24.04.2015
Рецензент: Оливера Војновска
НЕВИСТИНА
На самиот почеток од текстот, со леснотија се изнесуваат со ништо непоткрепени обвинувања:
„СДСМ и СОРОС и натаму ги злоупотребуваат учениците за остварување на својата политичка агенда.“
Веднаш потоа се подметнува како „факт“ целосна невистина:
„… овие протести на учениците се без повод и без причини, односно не се истакнува ниту едно конкретно барање или потреба, туку се оди со една аморфна флоскула за стопирање на наводно лошите реформи…“
Меѓутоа, наспроти ваквите наводи, фактите говорат дека средношколците излегоа со конкретни барања (кои беа пренесени во некои медиуми):
„да полагаат државна матура според стариот концепт и шест месеци да биде ставен во мирување законот за екстерното тестирање.“
Пишуван во критизерски дух, написот од почеток до крај ја држи линијата на дискредитација на „Средношколски пленум“ како „фантомски“ и има јасна интенција протестот по секоја цена да го поврзе со „СДСМ и со СОРОС“. Тие, пак, според перцепцијата што се нуди, стојат зад секоја искажана критика или незадоволство од практикувањето на власта!
„…пленумите како форма на организација (студенстски, професорски, новинарски, граѓански пленум…) имаат задача да протестираат против власта.“
ЕТИКЕТИРАЊЕ
Во прилог на тезата дека протестот има „политичка, а не образовна агенда“, се нагласува дека голем број ученици пристигнале во Скопје со автобуси од Куманово – каде локалната власт е од СДСМ. Тоа, по автоматизам, треба да сугерира дека протетстот е „масло“ на опозицијата.
Од друга страна, во написот се маргинализира масовноста на протестот и не се кажува дека на него учествуваа „ученици од сите средни училишта и од сите националности“. Се премолчува и информацијата дека освен во Скопје, протестираа и средношколците од „Охрид, а поддршка им испратија врсниците од Битола и Струмица.“ Затоа, пак, без да се посочат аргументи и прецизен извор на информации, се излегува со паушални податоци дека протестот е финанисран од „СОРОС и неговите невладини организации“ и тоа со „100.000 евра“! Но, овој материјал – скорен во коментаторски манир, вооопшто немал намера да пренесе коректна и точна информација, туку да манипулира и да ја спинува вистината.
Фактички, на гледачите им е понуден крајно пристрасен, критички осврт, во кој протестниот марш на средношколците се етикетира како политички. Во него се прекршени повеќе амандмани од новинарскиот Кодекс, вклучувајќи ја и преамбулата во која, меѓу другото, е наведено дека основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и дека при пренесувањето на информациите треба да бидат чесни, објективни и точни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови