Рецензии

Деструкцијата на вистината преку претворање на црното во бело

на 28. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Стејт Департментот ги посочи слабостите, Владата најави решавање со планот реформи потребни за интеграцијата во ЕУ]

  Еден од поновите феномени на македонското новинарство е споменувањето на настан или документ, ама со негова брза транзиција во друга сфера, со што комплетно ќе се спречи суштинското осветлување на настанот (објавување документ или акт), а, по можност, дури ќе се впрегне во одредена пропагандна шема. При тоа, не е битно што таквата работа изгледа неостварливо или, да речеме, е целосно спротивна на основни принципи на информирањето.
Еден таков настан е објавувањето на извештајот на Стејт департментот во областа на човековите прва во светот. Прилогот кој го рецензираме, убаво видливо и од видеосеквенцата, од тој документ го има само насловот, содржината

Поразителен извештај за пропагандистичка победа

на 28. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски]

  Овој текст е класичен пример за пропаганда, манипулација и за извртување на фактите во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотрен е извештајот на експертската група на Европската комисија, кој е полн со критики упатени на адреса на премиерот Никола Груевски, и извртен е во негова полза. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски Датум и време на објавување: 20.06.2015 Датум на рецензирање: 26.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Во текстот се тврди дека СДСМ признале оти прислушувањето дошло од нивни редови, односно од структурите на Зоран Верушевски и на Звонко Костовски. За таа цел, во написот се користи дел од соопштение на

Медиумот како ѕиден весник на пропагандата

на 28. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција]

  Сосема е нормално политичарите да ги користат сите канали за комуникација, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, за сопствена и за афирмација на политиките што ги застапуваат. Никој не е наивен да помисли дека на сопствениот фејсбук-профил, премиерот, на пример, ќе биде објективен и реален и дека нема да пропагира. Се разбира, тој може да го прави тоа, ама зрелите, медиумски емнаципирани поединци и организации, ќе знаат да го препознаат тоа и да не дозволат неговата субјективност или невистина, да влијае на нив. Тоа најмалку се очекува од медиумите. Тие треба да ги следат активностите на политичарите на социјалните мрежи, но само како информација која ќе поттикне автентична и

„Путин е луд за српските војници“(???)

на 27. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници]

  Ова е глупост од текст на кој тешко да му се фати крајот. Не се знае дали е класична куса информација, дали е фото-вест или, пак, е само ново неаргументирано манифестирање возљубеност во Путин и во српската „воена моќ“. Навистина, откако ќе се разгледа материјалот, единствениот ефект што се предизвикува кај публиката, најверојатно, е знак прашалник. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници  Датум и време на објавување: 24.06.2015 (нема датум – наведениот е утврден со помош на интернет

Интересна медиумска содржина, ама неточна

на 27. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ]

  Станува збор за интересна медиумска содржина, која, на прв поглед, го привлекува вниманието на публиката, што се гледа и по бројот на посети (околу 15.000 до 22 часот на 25 јуни 2015 година). Текстот паѓа в очи уште со изборот на провокативниот наслов со кој се нуди сигурна информација. Но, дали е навистина така? Линк до оригиналниот напис: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 24.06.2015, 23:57:05 Датум на рецензирање: 25.06.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А, ДА СЕ ПРАША ЉУБЧО!?

Начинот на кој е напишан и пласиран  овој материјал  ги  става под прашалник професионалните и

Сатрапот во овој текст се преправа дека е жртва – волкот дека е јагне

на 27. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев со нелегално прислушкуваните материјали предизвика политичка криза]

  Рецензираниот текст пренесува извештај на МИА од Брисел, поконкретно од седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со своја редакциска обработка. Насловот и поднасловот ја сокриваат содржината, односно извлекуваат нешто што не е толку значајно и доминантно во текстот. Во извештајот, инаку, онака како што е пренесен, има скриени факти (резултатот на собирањето на потписи за една декларација, наводно против македонскиот лидер на опозицијата, Зоран Заев, не го оддава расположението во ова политичко тело); текстот има и други карактеристики кои не се дозволиви. Така, еден член на Собранието, по кој знае кој пат, станува некаков известувач на македонските медиуми, во некаков манир кој не дозволува жанровско одредување на

Рециклирање на пропагандата

на 26. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија!]

  Колку очајна треба да ви биде потребата да денунцирате, односно јавно да обвините некого само поради тоа што реагира со превртување на очите и со нервозна гримаса? Можеме да го разбереме како резултат на слепилото што ги зафаќа за време меѓусебните дуели и како последица на недостиг од креативност. Но, никако не можеме да го разбереме, ниту да го прифатиме како причина за новинарски текст. Таа констатација, дури и да е точна, е многу далеку од основните критериуми која информацијата треба да ги поседува за да биде медиумска вест. Линк до оригиналниот напис: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на

Откопување костури за дискредитација

на 26. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Интелектуалното рекетарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби]

  Еднострана објава со навивачки предзнак, насочена кон лична дискредитација. Не е јасно како жигосувањето на прозваните лица го штити јавниот интерес, особено ако се има предвид дека не станува збор за функционери што трошат народни пари. Линк до оригиналниот напис: Интелектуалното рекерарско крило на СДСМ се дави во афери – продолжува да ги слуша нивните наредби   Датум и време на објавување: 18.06.2015 Датум на рецензирање: 24.06.2015 Рецензент: Александар Пешев Би се запрашал кој го нарачал текстов, но мислам дека тоа треба публиката сама да си одреди. Навивачкиот елемент во објавата се согледува во изборот на лица за кои без конкретни докази,

„Народот“ да не е параван за партијата, можеби?

на 26. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“]

  Ова е четиво со две намени. Првата, да се наклевети и да се оцрни опозицијата, втората, да се пренесе порака на власта. Пристрасно е, без трошка обид за објективност, без извори на информации за дел од клучните тези што се пласирани, кои, пак, се поткрепени само со аргументи што вршат работа во партиската кујна, а не и во професионална новинарска редакција. Линк до оригиналниот напис: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“ Датум и време на објавување: 22.06.2015, 16:08 Датум на рецензирање: 23.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   МНОГУ НАГАЃАЊА И ШПЕКУЛАЦИИ, А МАЛКУ ФАКТИ И АРГУМЕНТИ Имаме уште еден медиумски прозивод што се занимава со „сценарија на

Рецензија: Страотна глетка од несреќната девојка во Градски парк (ГАЛЕРИЈА)

на 25. 06. 2015 | | sq

Првичната верзија на овој текст претрпела неколку измени подоцна во текот на денот и ноќта откако е објавена. Имено, првиот текст (види принтскрин) беше шпекулативен, без многу информации и на база на анонимни извори. Подоцна во текстот повторно анонимно, но, сепак, е додадена изјавата од сведок кој ја раскажал случката за тоа што видел. И во оваа верзија на текстот нема податок дали девојката се самозапалила пред очите на сведокот или сведокот го пронашол само јагленосаното тело. Нема ниту информации од МВР за да се дознае што точно се случило. Главна причина заради која текстот е на рецензија се фотографиите кои се експлицитни, без назнака „вознемирувачки фотографии“, што предизвика и многу негативни коментари низ социјалните мрежи. Линк до оригиналниот напис: