Медиумот како ѕиден весник на пропагандата
Објавено во Рецензии
on 28 - 06 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција]
Сосема е нормално политичарите да ги користат сите канали за комуникација, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, за сопствена и за афирмација на политиките што ги застапуваат. Никој не е наивен да помисли дека на сопствениот фејсбук-профил, премиерот, на пример, ќе биде објективен и реален и дека нема да пропагира. Се разбира, тој може да го прави тоа, ама зрелите, медиумски емнаципирани поединци и организации, ќе знаат да го препознаат тоа и да не дозволат неговата субјективност или невистина, да влијае на нив.
Тоа најмалку се очекува од медиумите. Тие треба да ги следат активностите на политичарите на социјалните мрежи, но само како информација која ќе поттикне автентична и дополнителна новинарска работа и процесуирање на информацијата која има елементи да биде вест во автентична медиумска содржина.
Сѐ друго, „голото“ пренесување на пропагандата, го прави пропагандистички медиумот што постапува така – се претвора во ѕиден весник на пропагандата
Линк до оригиналниот напис: Груевски: Владата усвои план за нови реформи за европска интеграција
Датум и време на објавување:
Датум на рецензирање: 26.06.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Тоа се случило со медиумската содржина и со медиумот, кој таа содржина, без критичка дистанца, ја пренесенува на интернет-изданието. Целата информација е врз основа на фејсбук-статус на премиерот.
Во неа нема ништо за тоа дали постои некаде тој план и што содржи. Медиумот дури и не се ни запрашал, за разлика од некои други медиуми, кои известија дека се обиделе да дојдат до тој план, но дека било залудно. Некои други медиуми дури и му пристапиле на претседателот на владата за да го прашаат за една ваква суштинска тема. Премиерот го избегна прашањето на новинарите што содржи планот.
И, за да биде апсурдот уште поголем, на веб-страницата на Владата за планот известуваат со тоа што го пренесуваат ФБ-сатусот на премиерот (?!?). Тое е многу несериозно од владините служби за комуникација со јавноста. Тие морале да стават линк до планот. Ако постои.
Како и да е, оваа постапка го прави медиумот пристрасен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови