verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Народот“ да не е параван за партијата, можеби?

on 26 - 06 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-148-narodot-kje-gi-porazi-zaev-i-negovite-crop-resize

 

[Рецензија: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“]

 

Ова е четиво со две намени. Првата, да се наклевети и да се оцрни опозицијата, втората, да се пренесе порака на власта. Пристрасно е, без трошка обид за објективност, без извори на информации за дел од клучните тези што се пласирани, кои, пак, се поткрепени само со аргументи што вршат работа во партиската кујна, а не и во професионална новинарска редакција.

FireShot Screen Capture #148 - 'Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“ I Press24' - press24_mk_narodot-kje-gi-porazi-zaev-i-negovite-intelektualni-reketariЛинк до оригиналниот напис: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“

Датум и време на објавување: 22.06.2015, 16:08

Датум на рецензирање: 23.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МНОГУ НАГАЃАЊА И ШПЕКУЛАЦИИ, А МАЛКУ ФАКТИ И АРГУМЕНТИ

Имаме уште еден медиумски прозивод што се занимава со „сценарија на заговор“ во опозициските редови, тврдејќи, без притоа да понуди квалитетни аргументи, дека зад одлуките на лидерот на СДСМ, всушност, се кријат т.н. „интелектуални рекетари“. Што значи овој термин, барем мене, до крај не ми е јасно, но она што се вели е дека четворка на интелектуалци се неформалните советници на Зоран Заев „виновни“ за неговите одлуки. Можеби тоа е така, ама за јавноста да биде во тоа уверена, неопходни се некакви докази, а не само непотврдени информации или шпекулации:

„Она што е познато, Фрчковски, Ордановски, Милчин и Геровски биле најчести посетители во кабинетот на лидерот на опозицијата Заев.“

Кој го тврди тоа, има ли записи, фотографии, се истражувало од паркчето спроти Бихаќка? Нормално, на ваквите прашања четивото не нуди одговори. Понатаму, конвергирањето на ставовите на споменатите „интелектулаци“ со оној на врвот и на првиот човек на опозицијата се зема како „крунски аргумент“ дека навистина како што тие ќе „запејат“, така Заев и ќе „одигра“:

„…Геровски, Фрчковски и Ордановски заговараа напуштање на преговорите, што и се случи и Заев најави дека ги напушта разговорите со посредство на Хан и дека нема да отпатува во Брисел. Потоа го смени своето мислење и сепак отпатува, ама не пропушти да ги застапува советите на “интелектуалните рекетари…“

Ама, за конкретниот пример работата одеше сосема поинаку – опозицијата процени дека вашингтонскиот настап на Јоханес Хан не е објективен и има знаци на пристрасност наспроти средбата во Брисел, зашто Заев ја откажа посетата на седиштетот на ЕК сè додека самиот еврокомесар не ја дообјасни својата изјава. Значи, мора повеќе да се работи со факти, а помалку со нагаѓања.

До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави – член 1 од Кодексот на новинари.

 

ОВА НЕ СЕ ЕЛЕМЕНТИ НА ЕДЕН НОВИНАРСКИ НАПИС

Всушност, неизбежен е впечатокот дека ваквите нафрлања на т.н. информации дека претседателот на СДСМ е сугестибилен на пораките на „интелектуалците“ е само за да се оправда тврдењето дека тој и тие околу него „избегнуваат избори односно соочување со граѓаните, што е резултат на слабата поддршка која ја уживаат за што и се свесни во раководството на СДСМ“. Во ред, да ни беа понудени и некакви нови релевантни истражувања на јавното мислење, па врз основа на тоа некако да се изведе заклучок дека некој не сака избори. Вака, како што некои милуваат да кажат, сè се сведува на перцепција. Дополнително, тезата за „несакање избори“ се гради така за финалниот удар да го зададе премиерот со неговиот настап од 25-годишнината од формирањето на владејачката партија дека: „Народот, граѓаните тоа е Република Македонија. И нема подобар одговор од тоа, од колку соочување со народ соочување со граѓаните, оние кои ја даваат довербата оние кои ценат и оние кои одлучуваат“.  Значи, овде немаме класично новинарско формирање на текст врз основа на факти и на информации, туку четиво кое е направено и структуирано околу пораката на шефот на владата која, нормално, е обландирана со фамозната кованица – „народот“. А, за промена, да имавме барем обид за објективно новинарско анализирање и разоткривање на ситуацијата и колку тоа е „народот“, а колку е „партијата“. Не треба да се заборави и спинот – не е дека опозицијата не сака избори, туку дека опозицијата не сака избори кои би ги менаџирала истата оваа владејачка постава. А кој го „менаџирал“ овој преземен текст со флагрантно непочитување на професионалните стандарди:

„Експертите едногласни дека бегањето од избори и продолжувањето вината наместо кај себе да ја бараат во народот, на СДСМ ќе му донесе уште поголем пораз на изборите.“

Не знаеме, зашто нема потпис, ниту јасни извори на информации, туку само негово мултициплирање по разни портали.

Значи, наместо вистинска информација темелена на факти, имаме шпекулации, нагаѓања, отсуство на аргументи, навреди, спин, коментари… Ова не се елементи на еден новинарски напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови