verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поразителен извештај за пропагандистичка победа

on 28 - 06 - 2015       

СДСМ-призна-дека-прислушкувале-осомничените-во-„Пуч“-Верушевски-и-Костовски-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски]

 

Овој текст е класичен пример за пропаганда, манипулација и за извртување на фактите во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотрен е извештајот на експертската група на Европската комисија, кој е полн со критики упатени на адреса на премиерот Никола Груевски, и извртен е во негова полза.

СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и КостовскиЛинкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски

Датум и време на објавување: 20.06.2015

Датум на рецензирање: 26.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Во текстот се тврди дека СДСМ признале оти прислушувањето дошло од нивни редови, односно од структурите на Зоран Верушевски и на Звонко Костовски. За таа цел, во написот се користи дел од соопштение на опозициската партија, во кое се цитира, пак, дел од експертскиот извештај, а кој се однесува на прислушувањето и на УБК.

„Во Извештајот на европската експертска група, подготвен од Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската комисија, децидно е наведено дека снимките што ги презентираше СДСМ, „според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба“, стои во соопштението на СДСМ.“

Ваквата констатација на СДСМ се извртува за да се убеди читателот дека и социјалдемократите сами си признале дека прислушувале. Како е можно партијата која цело време обвинува и тврди дека прислушувањето го спроведувала УБК, под ингеренции на Мијалков, сега самата да признава дека прислушувањето било спроведувано по нејзина директива, со посредство на Верушевски? Тука се согледува големата манипулација што ја прави авторот на овој текст.

„Со ова тие јасно признаваат дека прислушкувањето дошло од внатре, од разузнавачката служва, во период кога токму тие имале внатре свои луѓе. Односно тоа значи дека и СДСМ индиректно потврдува дека Верушевски како поранешен разузнавач и првоосомничен, заедно со петтосомничениот, Звонко Костовски како шестоосомничениот во „Пуч“ го извршиле прислушкувањето.“

 

ШТО ВЕЛАТ ФАКТИТЕ?

Во извештајот од експертската група, во делот кој се однесува на УБК, на петтата страна, се наведува дека:

„Причините за одолговлекувањето на скандалот во Република Македонија се во концентрацијата на моќта во националната безбедносна служба (УБК) и во злоупотребата на механизмот за надзор над УБК. Според надворешен набљудувач, УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници, како последица на што се вмешува во независноста на судството и на другите национални инситуции.“

Значи, во извештајот се констатира дека „УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта“, а не во име на Верушевски и на СДСМ.

Понатаму на шестата страна од извештајот се наведува:

„Фамилијарната поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи фунцкии во УБК, како и во Јавното обвинителство, создаваат ризична средина за конфликт на интереси.“  

Оваа фамилијарна поврзаност се однесува на Сашо Мијалков како директор на УБК и прв братучед на премиерот Никола Груевски и на обвинителот за борба против организиран криминал, Јово Илиевски, кој му е баџанак на Мијалков.

Ваквата манипулација и извртување на фактите се срам за новинарската професија. Во време на интернет, социјални мрежи и во време кога на читателот му е сè достапно, целосно непрофесионално е да се прават вакви манипулации и да се фрла црна дамка врз новинарството како професија, односно врз оние новинари кои известуваат правилно и професионално. Извештајот на експертската група е полн со факти, а не со пропагандни писанија. А, пред фактите и боговите молчат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови