Корумпирање на новинарските стандарди
Објавено во Рецензии
on 27 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Комуњари и соросоиди, засрамете се!]
Почнувајќи од наднасловот и од насловот и вклучувајќи ги сите други елементи од содржината на овој текст, тој ги има сите елементи на мислење или коментар. Но, со оглед на тоа дека не е така означен, истите тие елементи повторно го прават овој извештај, ретроспекција, што и да е, политички едностран и определен и со тоа е доведен во прашање неговиот интегритет како професионален новинарски продукт.
Но, „што и да е“ не е доволно кога станува збор за определувањето на новинарските жанрови. Се разбира, тие не се догма, еднаш засекогаш дадени, но постојат одредени правила кои мора да се следат, дури и во практикувањето на слободата.
Тие, по правило, произлегуваат од кодексите на новинарите.
Линк до оригиналниот напис: Комуњари и соросоиди, засрамете се!
Датум и време на објавување: 21 јуни 2016 – 18:00
Датум на рецензирање: 25.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НАГЛАСЕНА ПРИСТРАСНОСТ
Оваа медиумска содржина не може да ја скрие пристрасноста и тоа го определува овој текст како наклонет кон една страна. Тоа, во најголема мера, произлегува од речникот. Погледнете ја оваа низа од описи и од квалификации: лудило, уништување, вандализам, истренирани командоси, дивеење, насилство, терор...
Тоа е избор, но тој не ја крие пристрасноста, а таа е подзасилена и со коментарите кои, според правилата, не можат да бидат интегрирани во еден новинарски извештај, ако веќе не се напишани под рубриката „Мислење“, или „Коментар“. (Член 13, Кодекс на новинарите)
Овие квалификации, освен што се интегрирани како коментари во текстот, во исто време се и говор на омраза за што поттикнуваат реакција. И тоа е во спротивност со принципите на професионалното новинарство (Член 10, Кодекс на новинарите).
Вистинитоста е, исто така, врвен принцип. Но, во овој случај таа е прилично корумпирана ако се земе предвид видливата намера легитимното право на протестите да се прикаже како тероризам.
Вистинитоста е доведена во прашање и кога се изнесуваат и мислења без аргументи и експертска аргументација. На пример, кога се вели „Поради слабата поддршка кај граѓаните…“, тоа мора да се аргументира. Но, текстот нема таква аргументација од релевантни извори.
Дали е овој текст сеопфатен? Тешко дека може да се даде потврден одговор на ова прашање кога гледаме дека е едностран и заради користењето на примарни извори од само едната страна.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови