Неточна информација
Објавено во Рецензии
on 27 - 06 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!]
Четиво што го карактеризираат два типа „фабрички фелери“. Првиот е од професионален карактер, како невистинитост, непрециозност. Вториот, пак, е од непрофесионална природа, односно станува збор за употреба на „недозволени средства“ за еден кредибилен медиумски материјал, како што се подбуцнување, навивање, стигматизирање.
Линк до оригиналниот напис: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!
Датум и време на објавување: 19.06.2016
Датум на рецензирање: 23.06.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ПОДБУЦНУВАЊЕ, НАВИВАЊЕ, СТИГМАТИЗИРАЊЕ
Кажавме дека текстот има сериозни проблеми во делот на вистинитоста. Попрецизно, се пласира информација која не е точна. Во насловот, а и подолу во содржината, се тврди нешто што не е така:
„Богоевски е пуштен на слобода откако доби уште една кривична пријава затоа што не послушал наредба од службено лице“.
Вистинската вест е дека приведениот демонстрант добил прекршочна, а не кривична пријава. Разликата е голема, како небо и земја.
Се вели дека станува збор за провокатор. Би рекле пресилен, а и збор употребен без аргументација. Обид да закачиш транспарент како дел од антивладини протести, кои, впрочем, се одржуваат безмалку секој ден, како порака против власта, тешко дека спаѓа во категоријата провокација. Плус, човекот инкриминиран за делото е еден од најистакнатите членови на „Шарената револуција“, тој е активист во движењето, кој не се крие, туку под име и презиме настапува на собирите. Не се работи за човек што упаднал туку-така за да прави некаков зулум.
Недостиг е и едностраноста зашто никаде нема изјава од приведениот, туку се сервира само една верзија на настанот.
Но, проблемите допрва доаѓаат:
„Во меѓувреме додека провокаторот беше задржан во ПС „Пролет“ на соросоидните т.н. медиуми се појавија повици за масовна мобилизација на „Шарените“ со цел да биде ослободен Богоевски, со што самите признаа дека посакувале инцидент кој ќе го искористат како повод за предизвикување на тензии и насилство“.
„На оваа провокаторска акција на „револуционерите“, претходеше говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој предупреди дека ако СДСМ вака продолжи, ниту тој нема да може да го контролира гневот на граѓаните и дека истиот ќе се истури по улиците, а тоа ќе биде многу лошо за оние кои се замислуваат дека се некакви револуционери!“
Во овие два пасуса се собрало сè и сешто, но од лошото:
- Неаргументираност – соросоидни т.н. медиуми;
- Преувеличување – масовна мобилизација;
- Спин – …посакуваме инцидент за предизвикување насилство;
- Поистоветување меѓу опозицијата и „револуционерите“ – …СДСМ ако вака продолжи;
Ништо ново на провладиниот медиумски фронт.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови