Објективноста на текстот како игла во сноп сено
Објавено во Рецензии
on 24 - 06 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија]
Ова е едностран и необјективен текст, кој нагласено се труди да ги поврзе СДСМ, „Шарена револуција“ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ). Написот не се темели на факти, туку врз основа на паушални и тенеденциозни информации има цел да ги дискредитира и опозицијата и граѓанските протести, кои веќе трет месец се одржуваат на улиците во повеќе градови во земјава.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија
Датум и време на објавување: 23.06.2016, 11:31
Датум на рецензирање: 24.06.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
СПИНЕРСКИ ТЕЗИ
„СДСМ се очекува да влезе во нов бојкот на Собранието. По барањето кое СОРОС преку т.н. „Шарена револуција“ го упати до Бихаќка, пратениците да не доаѓаат во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО, се очекува Заев да ги испразни пратеничките столчиња во десниот дел на законодавниот дом“.
Текстот уште на самиот почеток, преку коментар, се обидува на читателот да му создаде слика за наводната поврзаност на СДСМ со Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), или „СОРОС“ – како што пишуваат медиумите наклонети на владејачката партија.
И, секако, како организатор на протестите се посочува СДСМ, иако социјалдемократите никогаш не кажале дека се организатори на овие протести. Случајно или намерно, пропуштено е да се каже дека протестите се организирани од граѓанското движење „Протестирам“. А, тоа што членови на СДСМ се појавиле на протестот и дале поддршка, автоматски не значи дека се и организатори на истиот.
Исто така, невистинита и спинерска е тезата дека СДСМ работи по барање на Сорос.
„Извори од СДСМ велат дека Заев најверојатно ќе мора да одговори на барањето на СОРОС, бидејќи во спротивно, никој не може да ја исклучи можноста т.н. граѓански сектор, кој се плаќа со соросовите пари да направи обид директно да влезе на политичката сцена профилирајќи се во партија која практично ќе значи и дефинитивен крај за социјалдемократите“.
Каде се аргументите за ова тврдење? Никаде!
СДСМ е организирана политичка организација и одлуките ги носи во своите тела. Таква е и одлуката за замрзнување на учеството во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за СЈО. Тоа што можеби овој потег се совпаднал со желбите на некои невладини организации, не значи и дека работат заедно. На крајот на краиштата, СДСМ е политичка организација и таа може да одлучи за тоа да влезе или да излезе од Собранието.
НАГЛАСЕНА НЕТРПЕЛИВОСТ
„Од друга страна, огромен дел од финансиските средства со кои СДСМ го уништуваше главниот град доаѓаат токму од соросовите фондови, а од истата каса се финансираат и медиумите кои ја хранат деструктивната политика на опозицијата“.
Непоткрепени се и тврдењата дека „СОРОС “дал пари за да се организира протестот и да се финасираат медиумите за наводно хранење на деструктивност, па читателот не добива оправдан мотив да верува во него.
Начинот на кој е напишан текстот е во спротивност со принципите на новинарскиот Кодекс, каде уште во првиот член е наведено дека „Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“. И, иако текстот се повикува на „извори од Бихаќка“, впечаток е дека тој само се затскрива зад ваквата формулација и ја користи како „параван“ за да ја оцрни опозициската партија.
Овој целосно необјективен материјал, покажува отворена нетрпеливост, па дури и омраза кон невалдината ФООМ и кон СДСМ. Тоа е несвојствено за етички исправното новинарство, кое подразбира дека при пишувањето на информациите треба да се изгради дистанца.
Да се бара балансираност и објективност во овој текст, е исто како да барате игла во сноп сено!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови