Адвокатот на Темелко претставен како експерт
Објавено во Рецензии
on 17 - 02 - 2016 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по ниедна точка]
Во потрага по објаснувања и по оправдувања за одбивањето на барањата на СЈО за примена на мерката притвор против осуммина осомничени, дел од медиумите се обидоа да најдат експерти што би го оправдале ваквиот потег на судиите од Кривичниот суд. Инаку, се работи за прво одбивање на мерката притвор, кое воопшто е побарано од кој било обвинител во последните години (за ова поопширно види тука).
Во оценуваниот прилог такво оправдување на одбиената мерка е најдено кај поранешниот републички јавен обвинител, Ставре Џиков. Но, токму тој соговорник со таков квалификатив, во овој случај, е погрешен. Зошто?
Линк до оригиналниот напис: Ставре Џиков: Барањето на Јанева нема основ по ниедна точка
Датум и време на објавување: 13.02.2016, 20:00
Датум на рецензирање: 16.02.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
ЗАКОНИТО, РАЗУМНО, ПРАВИЧНО
„Поранешниот ајвен обвинител вели дека му е драго што судијката која што постапуваше по тој предмет донела законито решение.
-Значи, ние сите во ова невреме каде што за жал има голема политичка пропаганда од сите страни, која навистина штети на имиџот на Македонија, а и на самите судски процеси, така да сметам дека судијката донесе едно не само законито и правично решение во однос на мерката притвор да не се определи, туку се донесе и едно разумно законско решение. Така што, драго ми е, господинот Едмонд Темелко се наоѓа на слобода и во постапката ќе учествува нормално, нема причина ни да бега ни да влијае на сведоци, бидејќи од нашиве сознанија презентитрани од страна на судијата во претходна постапка видовме дека СЈО презело обемна предистражна постапка во изведување на многу докази според нив, вели Џиков.“
Што би заклучиле вие од ова? Дека се работи за крајно стручно лице кое може од независен аспект, со увид во списите (!?) да суди како судот „донел законито и правично решение“, односно, „разумно законско решение“.
Најпрвин за оваа реченица. Што е тоа законито, а неправично? Ако веќе има комбинација законито и правично, би можел ли поранешниот јавен обвинител да ни објасни какви се „другите комбинации“? На пример, да речеме: „незаконито, а правично“?!
Понатаму, „да се донесе едно разумно законско решение“ , подразбира дека е можно и законско, ама помалку разумно законско решение? Овие примери од „екпертскиот“ јазик и нивната конфузност само укажуваат дека се немаат вистински зборови да се одбрани она што тешко може да се брани. Логичката конфузија и повторување е само одраз на блокадата на разумот и на правните квалификации!
КЛИЕНТ – БРАНИТЕЛ – ЕКСПЕРТ
Секако не држи ниту основата за ослободување од потенцијалната мерка притвор. Џиков споменува дека доказите на СЈО ги има толку многу што судот може по нив да пресудува, но се заборава дека постојат и други мотиви за притворот: влијание на сведоците и можност да се побегне. Во случајот на неговиот клиент тоа се споени можности, бидејќи тој како авторитет во албанското село каде е кмет (градоначалник), сега дури може и да им се одмазди на „поткажувачите“, на пример.
Го споменавме зборот „клиент“. Меѓутоа, во текстот никаде ја нема релацијата адвокат – клиент! А Темелко го има Џиков за еден од тројцата адвокати што го бранеле. Значи, имаме класичен судир на она експертското и на професионалниот ангажман! Во текстот на едно место се споменува тајмингот на почетокот на процесот на оценувањето на валидноста на мерката притвор, ама сè уште читателот не може да се снајде „кој е кој“, бидејќи во тој процес учествуваат и судии и адвокати и обвинители.
Оваа квалификација е намерно одбегната за да се добие „експерт“, што во конкретниот случај (напис), претставува измама на консументот на веста, бидејќи во прашање е адвокат на клиентот (Едмонд Темелко).
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови