Сини етикети за Јанева
Објавено во Рецензии
on 17 - 02 - 2016 Автор: Александар Писарев[Рецензија: Катица Јанева во акција за спасување на Заев]
Во текстот што го рецензираме од почеток до крај доминира намерата да се спинува и да се исполитизира настапот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), дури и по цена на сопствена професионална дискредитација. Почнувајќи од сензационалистичкиот и тенденциозен наслов: „Катица Јанева во акција за спасување на Заев“, па до фотографијата која е непристојна фотомонтажа и до воведот кој се повикува на рекла-кажала, имаме политички инструирана содржина пласирана за да ја искриви реалноста и да манипулира со граѓаните.
Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева во акција за спасување на Заев
Датум и време на објавување: 12.02.2016 14:04
Датум на рецензирање: 16.02.2016
Рецензент: Александар Писарев
ДА СЕ ОЦРНИ СЈО
Всушност, имаме класичен пример на спинување.
„Со барањето за повлекување на случајот „Поткуп“, истиот ден кога СЈО и Јанева на прес-конференција покажаа досега невидена пристрасност и ја најавија првата акција под името „Титаник“, сосема е јасно дека Јанева целосно се става на располагање на Заев во обидот да го исчисти лидерот на СДСМ од коруптивите зделки за кои се сомничи, а за кои има непобитни докази.“
Оваа содржина нема никаква врска со објективното новинарство, фактите, изворите, со вистината… Нејзината цел е да го сврти вниманието на јавноста на онаа страна која одговара на интересите на владејачката гарнитура, како и да ги дискредитира СЈО и обвинителката Катица Јанева, налепувајќи им сини (опозициски) етикети.
МОРАЛНА ПАНИКА
Со крајно необјективна претстава за настанот што се опишува, без аргументи се создава некаква паника меѓу граѓаните дека со настапите на СЈО, наводно, се загрозени некои државни институции (Советот на јавни обвинители).
„…СЈО настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа (Јанева н.з.). Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја.“
Ова е уште еден текст ставен во функција на своевидна оркестрирана медиумска камапања што се води против Јанева и инситуцијата СЈО, а за остварување на одредени политички интереси на владејачката партија. Ваквите написи немаат врска со професионалното новинарство и ја компромитираат неговата улога во општеството. Основните принципи на етички исправното новинарство налагаат дека фактите се неприкосновени, додека обврска на новинарот е да ги стави во правилен контекст и да пренесе точна и прецизна информација, а не да ја извитоперува вистината. Онака, како што тоа се прави во оваа медиумска објава.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови