verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Метро што балансира

на 20. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Протести и контрапротести]

  Оцената во јавноста дека во земјава третпат се одржуваат серија протести (првите беа зимата 2012/13 година, вторите пролетта 2015 година), кои се најмасовните досега и се одржуваат секој ден, очигледно, дел од медиумите сакаат да ја релативизираат. Имено, се оди на тоа дека се работи за собир на многу мал број лица. Во прилогот кој е предмет на оваа рецензија, таа квантификација е „половина-половина“  и наиде на бурни реакции меѓу антивладините демонстранти на скопските улици. Линк до оригиналниот напис: Протести и контрапротести
Датум и време на објавување: 19.04. 2016 – 15:57 Датум на рецензирање: 19.04.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ВЕШТАЧКИ БАЛАНС

„Додека половина граѓани се спротиставуваат на политиките на власта, другата половина ги брани,

Скеле од спинови

на 19. 04. 2016 | |

[Рецензија: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни]

  Улогата на странскиот фактор во извлекувањето на земјата од големата политичка криза била проблематизирана и порано, ама е особено засилена откако шефот на државата отворено ги  прозва дел од дипломатите. Беше за очекување дека таквиот настап на претседателот на државата, небазиран на ништо, ќе отвори нов „бараж“ кон западните земји и кон нивните претставници. Еве уште еден таков пример, каде се редат спинови, еден на друг… Линк до оригиналниот напис: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни Датум и време на објавување: 15.04.2016 10:03 Датум на рецензирање: 18.04.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ПИРАМИДА ОД НЕПОТВРДЕНИ ТЕЗИ

„Се обидел ли американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли во текот н завчерашниот

Исландската Агора – далечен или близок сон?

на 15. 04. 2016 | | sq
Брза оставка под притисок: поранешниот премиер на Исланд, Сигмундур Давид Гунлаугсон. Фото: Кабинет на премиерот, 2015-16  

Дали знаете зошто Исланѓаните така бргу го срушија својот премиер, докажан корисник на финансиски офшор-услуги во Панама? Најнапред, поради неговото небулозно интервју за една шведска телевизија! Но, претходно, пред неколку месеци, Исланѓаните, преку социјалните мрежи и медиумите, јавно се изјаснуваа за новиот Устав, кој е донесен со општа согласност – 67 отсто од

Ноторна лага во насловот

на 12. 04. 2016 | |

[Рецензија: ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ: Даниелсон вели дека медиумите имаат клучна улога]

Веста објавена по повод доаѓањето на првиот човек на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, што е предмет на оваа рецензија, навидум е комплетна во однос на она што се очекува од неа. Читателот кој не користи други медиуми, за да има паралелни сознанија или, пак, нема време тоа да го прави, врз основа на структурата на веста и на сознанијата што таа ги нуди и како што ги нуди, би поверувал во вистинитоста на истата. Инаку, веста не кажува дека Даниелсон даде само една изјава за време на целата посета, која беше куса и во која  се дадени неговите очекувања во однос на „денот

Широк прозорец за јавни навреди

на 7. 04. 2016 | |

[Рецензија: Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови]

  Пропагандната војна што се води против Специјалното јавно обвинителство продолжува со несмалено темпо и жестокост. И од овој прилог тоа може да се потврди – не е важно што не постојат веродостојни извори и докази, важно е темелно  да се извалкаат поединци со интегритет и имиња на јавни личности. Овој текст, инаку, е објавен како истоветен, само со изменети наслови во многу информативни гласила, што остава впечаток дека е напишан од едно место, ама го одбравме овој кој барем има потпис на автор, што значи се пледира на оригиналност. Линк до оригиналниот напис: „Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови Датум

Замелушен поглед по политички рингишпил

на 1. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била во корист на Путин]

  Како да се анулира очевидната поддршка на западните политики за напорите на опозицијата да се промени начинот на владеење во државата? Ова, секако, е дилема околу која работат тимови кои ги анализираат работите за сметка на владејачката партија. Веројатниот заклучок е дека е неопходен коперникански пресврт кај западните политички кругови во корист на Груевски. Овој текст се труди, доста конфузно и без јасни и логички претпоставки, тоа да го направи „преку ноќ“. Вреди ли тој обид? Линк до оригиналниот напис: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била

Замена на тези – ниту „Т“ за тортурата при апсењето на Бошкоски

на 31. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО: Ама, спорно е тоа што полицајците го пцуеле?!]

  Истрагата што деновиве ја отвори тимот на Катица Јанева против протагонистите на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија беше вперена против начинот на кој тој беше лишен од слобода. На прес-конференцијата обвинителниот тим на ниту еден начин не навлезе ниту во тогашниот обвинителен акт, ниту во текот и крајот на судењето, ниту во височината на казната. Нивниот повод за истрагата не е поврзан ниту со актуелниот факт дека Љубе Бошкоски ни по пет години од апсењето не го доби правото на слободен викенд како примерен осуденик, на што инсистираат неговите сопартијци. Линк до оригиналниот напис: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ

Македонски „Пустец“ на истокот

на 29. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Во Ќустендил „живеат“ 10.857 „фантоми“ од Македонија]

  Низ една политичка репортажа од Ќустендил добиваме прикриена намера прашањето за дојденците на гласањето во земјава, како лица кои живеат надвор од земјава, со фиктивни адреси во некој наш град, да се – релативизира. Имено, ако од разни побуди македонски државјани постојано пребиваат тука, ама имаат адреси и надвор од Македонија, прашањето е како некој од Мала Преспа би го немал тоа право? Ем да живее реално само во земјава, ама и да има адреса во некој град во соседна земја, макар и во купче со 50-60 – 100 други свои сограѓани? Значи феноменот „гласачи од Пустец“ не е единствен! Ова е веројатно бараниот заклучок. Линк до оригиналниот напис: Во

Поштарот ѕвонел двапати!

на 24. 03. 2016 | | sq

[Pецензија: Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден го гази Собранието]

  Деновиве сме сведоци како повторно се засилува кампањата против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Последните текстови и радио и ТВ-прилози се однесуваат на недоаѓањето на Јанева на седница на матичната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која експресно по приемот во писарницата го стави на дневен ред нејзиниот извештај за шестмесечната работа. Претседателот на ова тело не сака да отвори расправа за овој документ без присуство на подносителката. Тоа, уште во насловот се коментира како „газење на Собранието“. Што недостига во оваа информација и зошто таа го побудува интересот? Најпрвин, отсуство на објаснување од засегнатата страна, со исклучок на интерпретираното алиби

Регулаторот, ако сака, може да го спречи говорот на омраза на Неделковски (ДОПОЛНЕТО)

на 21. 03. 2016 | | sq
Говор на омраза и преку бодење на „ликови“ што не му биле симпатични. Фото: Скриншот  

[Реакцијата содржи корекција на погрешно наведениот контекст кај делот од цитираниот член број 43 од Законот за аудио и аудио-визуелни и медиумски услуги, извинување на грешката и упатување на вистинските членови кои на медиумскиот регулатор Агенција  за аудио, аудио-визуелни и медиумски услуги и овозможуваат да реагира во случаи на дискриминациски говор. Ова е поправената