Рецензија: Солитерите во Аеродром ќе издржат земјотрес од 10 степени
Објавено во: Рецензии
на 25. 03. 2013 | | Автор: Љубомир Костовски
Во скопската рубрика на дневниот весник Дневник излезе текст кој се однесува на започната градба на неколку облакодери во населба Аеродром. Како трусно подрачје и заради други урбанистичко проблематични приоди кон олку високите згради во Скопје, кон инвестицијата со право постоеја подозренија. Весникот се обидува да ја сопре недовербата кон тие градби со написот во кој се вели дека:
„До август годинава ќе заврши изградбата на двете од четирите 42-катници во Аеродром, уверени се инвеститорите од претставништвото на турската компанија „Џеваир холдинг“, кои со реализација на овој зафат почнаа во јули лани…
Секоја зграда има од 180 до 185 столба, широки по еден метар, а длабоки по 24 метри. Тоа ќе бидат најбезбедните згради, способни да издржат земјотрес од 10