verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поштарот ѕвонел двапати!

on 24 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден г_ - http___republika.mk_

[Pецензија: Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден го гази Собранието]

 

Деновиве сме сведоци како повторно се засилува кампањата против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Последните текстови и радио и ТВ-прилози се однесуваат на недоаѓањето на Јанева на седница на матичната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која експресно по приемот во писарницата го стави на дневен ред нејзиниот извештај за шестмесечната работа. Претседателот на ова тело не сака да отвори расправа за овој документ без присуство на подносителката. Тоа, уште во насловот се коментира како „газење на Собранието“.

Што недостига во оваа информација и зошто таа го побудува интересот? Најпрвин, отсуство на објаснување од засегнатата страна, со исклучок на интерпретираното алиби за непримена покана. Дури нема ниту мислења на пратеници со поинакви погледи кон неприсуството на специјалната обвинителка, макар и цитати од нивните јавни настапи – како дел од активностите во самото Собрание. Не се дава ниту малку простор да се објасни и набиениот тајминг на Јанева во тоа време, кој е исполнет со јавни настапи, вредни да се одбележат, како и присуството на повеќедневна гостинка од Романија, нејзина колешка! Впрочем, присуствата на надворешни функционери во Собранието треба да се усогласат пред да се направи дневниот ред. Тоа е елементарен ред!

Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден г_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден го гази Собранието

Датум и време на објавување: 22.03.2016 13:10

Датум на рецензирање: 23.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

„ТЕНКИ“ ФАКТИ

„Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и денеска не се појави на седницата на Комисијата за политички системи во републичкото Собрание на која требаше да биде разгледан извештајот на СЈО. Јанева продолжува со дрското непочитување и газење како врз Собранието на Република Македонија, така и на сите државни институции, но и на Уставот на Државата. Јанева без никаков основ избегнува да го образложи Извештајот пред највисокиот законодавен орган во државата од кого е избран.“

Од овој воведен дел во текстот би помислиле дека се работи за цитат на нечие обраќање или размислување, ама тоа е коментар, што не само што покажува жанровска недоследност, која без сомнеж е намерна. Коментарот е тука за да биде впечатокот по Јанева уште на почетокот полош, белким да го изнервира малку читателот пред да му ја постави „масата“ –  веста или поводот за правење на текстот.

Ама текстот нема особено богат репертоар на факти. Така, дознаваме дека специјалната обвинителка вторпат „ги извисила“ членовите на Комисијата, ама не се кажува дека таа никаде не дала и согласност или најава дека ќе дојде на седницата. Дури и да се точни факсимилите од извештајот на поштарот за предадените покани за расправа, ние тешко можеме да бидеме многу сигурни во таа преписка. Таа, како што  се покажува со расплетот на настаните, не е релеватна, а тоа треба да се знае кога се става акцент токму на она „поштарот ѕвони двапати“!

 

СИНХРОНИЗИРАНИ ОБЈАВИ

Текстот требаше да наведе и дека не постои никаква законска обврска на СЈО за присуство на седницата на Комисијата. Можеше, барем, да биде пренесена прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Рената Десковска, која, меѓу другото, рече дека:

„Според законот за Специјално обвинителство, извештајот на СЈО не е предмет на усвојување. Собранието не може да ја закочи работата на СЈО, единствено се усвојува заклучок дека е разгледан извештајот, а не се усвојува.“

Во Собранието беше дадена и изјава на пратеникот Павле Трајанов од ДС, кој  ја осуди постапката на пратеникот Влатко Ѓорчев, оценувајќи дека тој:

„спротивно на Деловникот за работа на Собранието, своеволно ја одложил седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното Јавно Обвинителство.“

Текстот е во голема мерка коментаторски, не прикажува поголем дел од релеватните факти, а згора на сè е комплетно истоветен со објавите во други медиуми, дури идентичен и со графичките решенија. Ова укажува дека имаме еден извор, кој, како што често бива, дури не е ни потпишан!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови