verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Замена на тези – ниту „Т“ за тортурата при апсењето на Бошкоски

on 31 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО_ Ама, спорн_ - http___infomax.mk_wp_

[Рецензија: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО: Ама, спорно е тоа што полицајците го пцуеле?!]

 

Истрагата што деновиве ја отвори тимот на Катица Јанева против протагонистите на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија беше вперена против начинот на кој тој беше лишен од слобода. На прес-конференцијата обвинителниот тим на ниту еден начин не навлезе ниту во тогашниот обвинителен акт, ниту во текот и крајот на судењето, ниту во височината на казната. Нивниот повод за истрагата не е поврзан ниту со актуелниот факт дека Љубе Бошкоски ни по пет години од апсењето не го доби правото на слободен викенд како примерен осуденик, на што инсистираат неговите сопартијци.

СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО_ Ама, спорн_ - http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО: Ама, спорно е тоа што полицајците го пцуеле?!

Датум и време на објавување: 28.03.2016

Датум на рецензирање: 30.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 

МЕСТО БАБИ – ЖАБИ

„Катица Јанева и Фатиме Фетаи денес не можеа да најдат ниту еден аргумент во одбрана на Љубе Бошковски дека тој не се договарал за промена на името со цел на нелегален начин да му биде финансирана политичката кампања. Со ова практично се потврдува дека Бошковски преку пазар за името незаконски ја финансирал кампањата, а дека единствената дилема во овој случај која ја има Специјалното јавно обвинителство е дали кон Бошковски биле упатувани пцовки за време на приведувањето.“

Од мигот на излегувањето на трите обвинителки пред медиумите и соопштувањето на отворањето на наведениот предмет, во кој , како што беше кажано, ороводец е довчерашниот прв човек на УБК, отворен е брз и широк фронт против СЈО. Овој текст е само илустрација како, можеби, би се правела одбраната на потенцијално осомничените – шефот на УБК и неговите први соработници (ќе се одбегнува предметот на обвинението за тортура и за примена на незаконски средства при апсење осомничен, а ќе се изнесуваат многу детали од досието „Кампања“).

 

ЗЛОУПОТРЕБА НА НОВИНАРСТВОТО

Имаме класична замена на тези: наместо настапот на обвинителката Фетаи на прес-конференцијата и изнесување на основата за прогонот, имаме цитати од случајот кој бил повод и основа за судење на лидерот на ОМ. Се префрлуваме назад пет години и читаме за детали од истрагата (тајното следење на Љубе Бошковски) и од обвинението на ОЈО од тоа време („Кампања“), кое, пак, со ниту еден збор не е споменато како предмет на истрага на тимот на Јанева. Исто така, Бошкоски не се најде во Идризово поради толку споменуваното „името не го даваме“, туку беше уапсен поради „противправно прибавување парични средства во износ од 130.000 евра заради финансирање политичка кампања на партијата“.

Прашањето на тортурата во написот не се споменува ниту со „т“ ниту, пак, се  изнсуваат другите релевтни детали од обраќањето на обвинителката Фетаи, која вторпат станува јунак на денот кај слободољубивиот народ. Се споменуваат пцостите, кои, според оваа објава, се дозволени ако некој така „подмолно“ размислувал за нашиот идентитет. Безмалку доаѓаме до точката кога полицијата може да линчува заради „природата на сомнежот“.

Од ваквите новинарски текстови секако може да се направи „конгресна библиотека“ на текстови со замена на тези, за некои идни новинари од нив да учат како не треба да се злоупотребува занаетот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови