verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Хоророт можеби е од струшката болница, а можеби не е

on 20 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

repotrer

[Реценџија: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница]

 

Имаме куса, но исклучитечно тенденциозна фото-вест. Прикажани се две фотографии во комбинација со целосно непоткрепен коментар. Точно е дека една слика некогаш е вредна илјада зборови, меѓутоа во конкретниот пример двете фотографии не докажуваат ништо.

-ФОТО Погледнете каков хорор се случува во струшката болница Reporter.mkЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница

Датум и време на објавување: 16.06.2016

Датум на рецензирање: 16.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

А КАКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА Е  СТРУШКАТА БОЛНИЦА?

Веродостројноста на оваа фото-вест е под голем прашалник. Таа се обидува да информира за состојбите во струшката болница и тоа преку фотографија. Само, во овој случај, тоа не е доволно.

„Додека Никола Тодоров ужива на плажите во Грција, здравството тоне се повеќе и повеќе. Ова се условите во ЈЗУ Општа Болница – Струга. Ова ли се милонските инвестиции на Груевски и ДПМНЕ во здравството???“

Прво, за коментарот дека министерот за здравство уживал на грчките плажи не се понудени докази. Нема фотографии или, пак, изјави од лица што би потврдиле дека таму го виделе министерот. Вака како што е напишано, може да е во прашање и чиста измислица.

Понатаму, се тврди дека фотографиите го прикажуваат „хоророт во струшката болница“, за што, исто така, не се понудени докази. Имено, кога ќе се дојде до некаква информација, според новинарските правила и стандарди, таа треба да се провери од колку што е можно повеќе страни. Фотографиите на кои се гледаат скршени кревети, сами по себе не значат ништо. Тие можеби се од струшката болница, а може да се направени и каде било.

На читателот не му е понудена ниту информацијата како е добиена  фотографијата, дали можеби ја направил некој пациент или роднини на лица што се лекуваат во болницата. А, исто така, нема став од болницата, да потврдат или да демантираат дали скршените кревети прикажани на фотографијата навистина се од таа здравставена установа.

Па, како тогаш публиката на која ѝ   се обраќа оваа вест да верува дека „хоророт“ се случува баш во струшката болница? Никако!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови