Во новинарството нема место за омаловажување
Објавено во Рецензии
on 20 - 06 - 2016 Автор: Benjamin Arifi
Напис: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато Германец“, еве што му вети
Претседателот на Владата, Емил Димитриев, денеска во Скопје се сретна со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл.
Соговорниците дискутираа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за процесот на интеграција, како и за процесите што се преземаат во рамки на планот за дејствување за спроведување на приоритетите на итните државни реформи, пренесува „Тетова сот“.
Димитриев рече дека клучно за владата е постигнување на прогрес во областа на евроинтеграциите, што резултира со голема интензивност за спроведување на препораките.
Тој рече дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницира владата и на овој начин се компензира периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа според саканата динамика.
Премиерот Димитриев му рекол на „тато Германец“ дека дел од реформите ќе се спроведува веднаш од институциите, еден дел ќе го дискутира владата и ќе одлучи Собранието и неколку ќе се формулираат врз основа на поширок политички дијалог.
Соговорниците дискутираа и за актуелната политичка состојба, за начинот и за можностите за излез од политичката криза.
Димитриев му вети на Хајндл дека во интерес на Владата е да обезбеди услови за социјален и економски развој на Република Македонија и на нејзините граѓани.
[Рецензија: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато Германец“, еве што му вети]
Новинарството на интернет често знае да скршне од основните начела на професионалното новинарство, како и од Етичкиот кодекс на новинарството. Сето ова поради „битката“ за повеќе прегледи. Се занемарува професионалноста за сметка на сензационалноста. Текстот што го рецензираме е еден од многуте примероци на написи каде зад „атрактивните“ конструкти во насловите, внатрешноста нема речиси никаква информативна вредност за читателите.
Линк до оригиналниот напис: Премиерот Димитриев ги „наполна гаќите“ од „тато германец“, еве што му вети
Датум и време на објавување: 07/06/2016
Датум на рецензирање: 09.06.2016
Рецензент: Бењамин Арифи
Насловот на текстот е сензационален и го става читателот во заблуда, будејќи љубопитност за внатрешноста на текстот. Меѓутоа, содржината на текстот нема никаква врска со насловот. Текстот е обично пренесување на веста од агенциите и во голема мера се базира на известувањето од Бирото за информации на Владата.
Сензационалноста нема место во професионалното новинарство, уште повеќе кога нема воопшто основа за такви наслови. Сензационалните наслови може да даваат ад-хок резултати, но долгорочно ја уриваат довербата и релевантноста на медиумот и на самиот новинар. Довербата стекната со многу труд се урива како кула од карти доколку содржините се составуваат со таков несериозен пристап.
Исто така, насловот содржи и понижувачка фраза кон актуелниот премиер на државата. Кога за некого се вели дека „ги наполнил гаќите“, освен што тоа е коментар, на некој начин е и навреда кон личноста на која се однесува овој израз. Не е работа на новинарот да коментира, уште помалку употребувајќи ваков омаловажувачки речник кон која било јавна личност.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност,
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови