Рецензии

Рецензија: Томе Аџиев реизбран за претседател на Лустрација, во составот само тројца нови членови

на 16. 01. 2014 | |
Првата информација што ја добива гледачот/читателот е дека Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови го избрала новиот состав на Лустрациската комисија, претседателот и неговиот заменик. Но, прилогот на крајот завршува со констатацијата дека „Лустрациска уште утре влегува во Собранието“?! Тогаш, ако е избрана комисијата, како што се тврди во воведот на прилогот, што би барала Комисијата за лустрација во Собранието? Оваа навидум мала недоследност покажува елементарно непознавање на надлежностите на собраниската Комисија за избори и именувања. Собраниските тела, комисиите или конкретно оваа за избори и именувања само предлага, утврдува кандидати за разни функции, а Собранието на пленарна седница е тоа кое ги избира. Така и во овој случај, Комисијата од пристигнати

Рецензија: Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица

на 16. 01. 2014 | |
Прилогот со наслов „Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица“ просто „плаче“ за рецензија  и тоа негативна. Во него нема кредибилни извори и без никаква аргументација  се нафрлани обвинувања  за незаконско трошење на пари од општинскиот буџет во Струмица. Со невидена леснотија  се атaкува врз роднини и блиски луѓе на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев. И притоа се плете тенденциозна приказна која има за цел да го дискредитира Заев во јавноста. „Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица. Освен браќата, сестрите и најблиските роднини пари од струмичкиот буџет се испумпувале и на сметките на невладините организации на функционери на партијата од Бихаќка. Со прилогот се нарушени повеќе

Рецензија: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше грчкото МНР

на 16. 01. 2014 | | sq
Овде станува збор за преземен текст, чија суштина е сериозно променета во однос на оригиналот, а за сметка на тоа се има додадено значителна, пред сѐ, политички обоена, конотација. На неколку места се забележува извртување на фактите, обиди за злоупотреба на искористените изјави, а сето тоа „изспинувано“ преку употребениот наслов, а особено поднасловот. Она што еден светски реномиран медиум го „спакувал“ во извештај кој треба да претставува заокружување на серијата информации за Македонија, во која влегува и интервјуто на премиерот за истиот телевизиски сервис, е „преаранжирано“ во производ кој недвосмислено покажува дека има дополнителна, но поприоритена политичка цел, во однос на примарната – да информира. Линк до оригиналниот напис: Интервјуто на Груевски за Си-Ен-Ен го растревожи јужниот сосед – реагираше

Рецензија: Премиерот Груевски со сопругата и ќерките на прошетка на Водно

на 16. 01. 2014 | |
Фото веста што е предмет на оваа рецензија ја отвора темата на познатите, проминентните личности во вестите. Уште поконкретно, веста е поврзана со премиерот на Република Македонија, но во оваа вест и со дел од неговиот приватен живот. Таа позната личност, заедно со своето семејство бил на Водно за да ги избегне скопската магла и загаден воздух и тоа, за медиумот што ја објавил оваа вест, станало медиумски важно и е објавено како вест. Потоа, таа вест е преземена од повеќе интернет портали. Ајде да видиме кои се етичките стандарди кои се налагаат кога новинарите известуваат за познати личности. Повеќе образовни институции за новинарство и искусни медиумски куќи укажуваат дека кога новинарите тргнуваат да пишуваат вакви вести, треба да си

Рецензија: Рекордни 950 бебиња во „Аџибадем – Систина“

на 16. 01. 2014 | |
Текст кој се одделил од информативната нота уште во поднасловот, па наместо за темата –раѓање на бебињата во болницата, се претворил во реклама за условите во родилиштето, која, ако тоа било целта, мора да признаеме дека е задоволена. Но, тоа е сторено на штета на информативните содржини и на статистиката која била неопходна за да се заокружи целосната содржајност во информацијата. Новинарот, во насловот и во текстот, оперира со бројка од 950 раѓања во 2013 година, потенцирајќи ги како „рекордни“, но од вака пласираната информација читателот не може да добие јасна слика како е измерен рекордот? Со кои бројки е спореден? Колкав е капацитетот на родилиштето и дали раѓањето на помалку од три деца дневно во посочената година е минимумот

Рецензија: СВЕТ БЕЗ РАК: Тајните на фармацевстката мафија

на 15. 01. 2014 | |
  „Правете разлика меѓу застапување нечии ставови и новинарско известување“.   Ова е еден од советите на Етичкиот кодекс на здружението на професионалните американски новинари, а истите правила важат и за најголемиот број професионални новинари во светот. Веста што е предмет на оваа рецензија не може да се оцени дека е пишувана според ова правило, зашто неименуваниот автор едноставно заборавил во насловот да ги одвои туѓите ставовите и ги нуди како новинарско известување за веќе сигурни и потврдени факти. Тие факти, пак, за читателот се непроверливи, а се однесуваат на материја што засега човечки животи. Пласирање на вест за материјали поврзани со алтернативно лекување на било што, не само на ракот, мора да содржи во себе барем минимална дистанца од

Рецензија: Јанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли?

на 15. 01. 2014 | | sq
Во овој напис не се разделени личните коментари на авторот од информацијата и телото на текстот. Сите се пласирани како една хомогена целина без јасна дистинкција помеѓу фактите и субјективното. Самиот наслов отвора можност за еден таков непрофесионален начин на известување, пристапувајќи, од самиот почеток, со една доза на иронија, која понатаму е интегрирана со пласираните факти. Со ова, на еден притаен начин, на информацијата ѝ се придава еден контекстпредодреден од самиот автор и како таков ѝ се пренесува на јавноста. Линк до оригиналниот напис:  Jанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли? (Преводот на веста на македонски јазик може да се прочита овде.) Датум и време на објавување: 27.11.2013 Датум на рецензија: 29.11.2013 Рецензент: Gент Мехмети Веродостојност:  

Рецензија: Богати жени доаѓаат во Македонија за секс

на 15. 01. 2014 | |
Оценувајќи според изборот на темата, оскудната аргументација и стереотипот што го носи со себе овој текст, сосема е логично да се заклучи дека тој е банален и сериозно неиздржан. Ниеден навод не е поткрепен со доказ, па дури ни со извор, освен ако не се земе предвид тоа дека медиумот  се повикува на словенечки весник. Меѓутоа, како што повеќе пати сме пишувале, повикувањето на друг медиум како извор, воопшто не го амнестира од одговорност за изнесеното и пренесувачот. Линк до оригиналниот напис: Богати жени доаѓаат во Македонија за секс Датум и време на објавување: 09.01.2014, 13:02 Датум на рецензирање: 13.01.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Ништо од текстот не може да се докаже како вистинито, освен некритичното пренесување. Доколку новинарот процени

Рецензија: Македонците по интелигенција на 16-то место од 113 нации во светот

на 15. 01. 2014 | |
„Листата ја објави специјализираиот портал за статистика Photius.com и е составена по десетгодишно истражување на двајца психолози- Ричард Лин од Велика Британија и Јелте Вичертс од Холандија и финскиот политиколог Тату Ванен. Тие собрале и анализирале студии за интелигенција на населението кои се правени во последните десет години по одделни земји“. Веста е објавена во повеќе македонски медиуми, со разни варијации. Оваа вест е, да речеме, најударна и сугерира нешто „супериорно“ во нашата нација, иако тоа не е соодветно на квантитативните елементи во науката, ниту е објаснета методологијата како е дојдено до тоа ние да сме со извлечениот (посочен) коефициент, а не е најдобро објаснет ниту системот на рангирање, бидејќи се сугерира дека сме високо „пласирани“, иако – ако се

Рецензија: ФОТО: Метеор падна во центарот на Загреб

на 15. 01. 2014 | | sq
Манипулација, смешен обид за пласирање сензационална, но непостоечка информација, а сето тоа „зачинето“ со фотографија која треба да нѐ „убеди“ дека метеор, и тоа не мало „камче“, го погодило Загреб. Во најмала рака ова некакво си дело би го нарекле навреда на интелегенцијата на публиката за што говорат и бројните коментари на читателите објавени веднаш под оваа т.н. фото-вест. Ако се погледне оргиналното пакување, веднаш станува јасно дека е несериозен материјал, кој очигледно некои во земјава, без малку да размислат, го претставија како сериозна информација. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Метеор падна во центарот на Загреб Датум и време на објавување: 13.01.2014, 16:16 Датум на рецензирање:  14.01.2014   Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Јасно е дека ја нема. Не треба многу ум