verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Томе Аџиев реизбран за претседател на Лустрација, во составот само тројца нови членови

on 16 - 01 - 2014       

ALFA TV-009887776-000-crop-resize

Првата информација што ја добива гледачот/читателот е дека Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови го избрала новиот состав на Лустрациската комисија, претседателот и неговиот заменик. Но, прилогот на крајот завршува со констатацијата дека „Лустрациска уште утре влегува во Собранието“?! Тогаш, ако е избрана комисијата, како што се тврди во воведот на прилогот, што би барала Комисијата за лустрација во Собранието?

Оваа навидум мала недоследност покажува елементарно непознавање на надлежностите на собраниската Комисија за избори и именувања. Собраниските тела, комисиите или конкретно оваа за избори и именувања само предлага, утврдува кандидати за разни функции, а Собранието на пленарна седница е тоа кое ги избира. Така и во овој случај, Комисијата од пристигнати над 20 кандидатури, предложила претседател, заменик и членови, кои дополнително треба да бидат избрани во Парламентот. Затоа, вака пласираната информација е погрешна и чудно е како се поткраднала толку сериозна грешка за процедурите во Собранието.

Едноставно, според емитуваниот прилог, лустраторите беа готово, конечно избрани во среда 15 јануари, што не е вистина, тие беа само предложени, утврдени, а нивниот избор е закажан за на седницата која почнува во четврток, 16 јануари. Колку и да звучи теоретски, Собранието може и да не ги избере членовите на Комисијата за лустрација или било кој друг предлог што доаѓа од Комисијата за избори и именувања, па, затоа, соодветната терминологија во овој случај гласи: комисијата ги утврди кандидатите или ги предложи. Сѐ друго е лоша импровизација и недопуштена грешка.

ALFA TV-009887776-000Линк до оригиналниот напис: Томе Аџиев реизбран за претседател на Лустрација, во составот само тројца нови членови

Датум и време на објавување:  16.01.2014

Датум на рецензирање: 17.10.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Информациите се точни, но погрешно пренесени. Комисијата ги утврдила кандидатите кои се наведени во текстот, но не ги избрала, бидејќи нема надлежност за тоа.

Извори на информации: Официјални извори, седница на Комисијата за избори и именувања

Содржајност:  Текстот има доволно содржини од кои читателот може да добие информација, која, за жал, во случајов е избрзана и го наведува читателот на погрешна страна, прикажувајќи му факти кои сѐ уште не се реализирале како завршена работа.

Пристрасност: Не се забележува позначителна пристрасност, застапени се различни политички опции во текстот и нема непотребни коментари.

Оригиналност/Плагијат: Оригинално дело, авторски прилог.

Квалитет на насловот:  Несоодветен наслов за кој говориме и во воведот, во поглед на презентирањето на фактите. Томе Аџиев не е реизбран за претседател, како што стои во насловот, туку тој е предложен повторно да биде избран за претседател на Комсијата. Паовторно ќе потенцираме: колку и да звучи хипотетички, што ако на пленарната седница Аџиев не добие доволен број гласови? Како ќе се оправда тогаш овој наслов дека е реизбран?

Фотографија: Соодветна, од расправа во комисијата. Автентична.

Заклучок: Потребата од специјализирање на новинарите по области се покажува како неопходна во овој случај, но и го отвора прашањето за минимум искуство што треба да се стекне за да може да се известува од Собранието. Парламентот е место каде што се носат сите закони, прописи и други акти, па доколку не се познава политичкиот систем, уставното уредување и кој за што е надлежен во земјава, наместо сериозни извештаи од Собранието, ќе ни се случува да читаме текстови во кои има елементарни грешки.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови