verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Рекордни 950 бебиња во „Аџибадем – Систина“

on 16 - 01 - 2014       

Рекордни 950 бебиња во Аџибадем Систина-crop-resize

Текст кој се одделил од информативната нота уште во поднасловот, па наместо за темата –раѓање на бебињата во болницата, се претворил во реклама за условите во родилиштето, која, ако тоа било целта, мора да признаеме дека е задоволена. Но, тоа е сторено на штета на информативните содржини и на статистиката која била неопходна за да се заокружи целосната содржајност во информацијата.

Новинарот, во насловот и во текстот, оперира со бројка од 950 раѓања во 2013 година, потенцирајќи ги како „рекордни“, но од вака пласираната информација читателот не може да добие јасна слика како е измерен рекордот? Со кои бројки е спореден? Колкав е капацитетот на родилиштето и дали раѓањето на помалку од три деца дневно во посочената година е минимумот што го нуди установата? Очекувано би било новинарот да го поткрепи „рекордот“ со податоци за раѓања во истата болница од изминатите години, па консументот сам да заклучи дали оваа бројка е рекордна и во кој процент, споредено со другите податоци. Не е сеедно дали во истата болница во 2012 на пример, имало 200 или 700 раѓања или можеби 900.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во Македонија во третото тримесечје од 2013 година (јули, август, септември), изнесува 6.285. Статистичарите пресметале дека оваа бројка била намалена за 3,2% споредено со истиот период во 2012 година. Во цела 2012 година, пак, во Република Македонија биле родени 23.752 деца (извор Државен завод за статистика). Ако е очекувано дека и во 2013 година имало околу 24 илјади раѓања, од кои најголем дел се од Скопје, посочениот „рекорд“ со ништо не може да се  оправда, вака како што е пласиран. Затоа, новинарот, покрај маркетиншкиот пристап, можел да се потруди и да понуди дополнителни податоци, кои ќе го подобреле квалитетот на текстот и ќе се изгубела нишката на скриеното рекламирање што се воочува, а кое се коси со професионалните етички стандарди. Во западно европските земји, во Германија посебно, формите на скриено рекламирање строго се забранети и се казнуваат.

Рекордни 950 бебиња во Аџибадем СистинаЛинк до оригиналниот напис: Рекордни 950 бебиња во „Аџибадем – Систина“

Датум и време на објавување:  13.01.2014

Датум на рецензирање: 15.10.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Од понудените информации преку изјавите на соговорниците, се заклучува дека текстот е вистинит, но неговата содржина не е прилагодена кон информирање на граѓаните, туку рекламирање на болницата, за што постојат други форми на ваков вид на претставување во медиумите.

Извори на информации: Текстот се повикува на лекари во болницата, кои се веродостоен, официјален извор.

Содржајност:  Недостасува дополнителна содржина за која се говори во воведот, што ќе ни ја претстави пошироко информацијата и ќе понуди дополнителни податоци, кои ќе го оправдаат насловот и целиот текст во целина.

Пристрасност: Се забележува маркетиншка пристрасност за која оставаме читателите сами да оценат дали таа произлегува од капиталната поврзаност на медиумот и медицинската установа за која се пишува.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален, со повеќе маркетиншки отколку информативен пристап.

Квалитет на насловот: Насловот е еден од деловите кој сензационалистички му ја наметнува информацијата на читателот, но за која понатаму не обезбедува доволно убедливи аргументи.

Фотографија: Илустрирана со фотографија од бебиња, соодветна на контекстот за кој се пишува.

Заклучок: Некогаш треба само малку дополнителен напор за да се пласира целосна информација која нема да биде предмет на коментари од овој тип – како скриено рекламирање и нагласување на податоци за кои не се нуди дополнителна фактографија. Постојат и други форми на ваков вид претставување, кој би бил многу посоодветен ако достигнувањата за кои се говори во текстот се добиени од самите мајки, па искуството на персоналот и техничкиот дострел би го пренеле самите корисници на услуги, а не да го добиеме директно од давателот на услугата. Тоа се вика реклама! А, за рекламата, на страниците на медиумот има друг, соодветно означен простор.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

недоречен

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови