Рецензии

Рецензија: Вака би изгледала новата банкнота од 200 денари

на 23. 01. 2014 | | sq
Во новинарството постојано се случува да се објавуваат деманти, дополнувања, појаснувања, извинувања, реакции и слично. Ова е едноставно дел од професијата и тука нема ништо чудно. Ве реномираниот лондонски неделник Економист, на пример, има изданија во кои на секои десетина страници, во долните надворешни ќошеви на страниците, имаат вакви кратки забелешки, отпечатени со помали букви, а и страницата наменета за писма на читателите, знае, исто така, да вклучува вакви материјали. Ова е сосема вообичаено. Економист се печати на 128-160 страници секоја недела, содржи илјадници информации и постојано има нешто што има потреба да се поправи, објасни или дополни. Она што, сепак, во новинарството не се случува, е откако еден медиум или редица медиуми истовремено ќе објават некоја вест и

Рецензија: СДСМ молчи за скандалите и се крие од одговори

на 23. 01. 2014 | | sq
Од почетокот до крајот на овој текст, евидентно е дека партискиот е ставен над јавниот интерес, што е неприфатлив и непрофесионален пристап. И во Кодексот на новинарите, во членот 13 стои дека: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Сосема спротивно, изобилувајќи со голем број на субјективни констатации и коментари, овој текст е оскуден во поглед на фактите и подобро би се вклопил во категоријата „мислења“. Обидот да се градираат по скандалозност два одделни настани, остава сомнеж дека намерата е да се спинува поновата информација, а не да се информира јавноста.  Линк до оригиналниот напис: СДСМ молчи за скандалите и се крие од одговори Датум и време на објавување: 15.01.2014, 16:43 Датум на рецензирање:

Рецензија: Форбс: Македонија е одлична!

на 23. 01. 2014 | | sq
Во што се претвора медиумот кога без јасно означување објавува пи-ар, односно, спонзорирани текстови? Во рекламно табло! Дури и тогаш кога се пренесуваат спонзорирани страници објавени во други медиуми, во случајот на текстот што го рецензирамe, во странски медиум, мимикријата на пренесување на нарачан текст се претвора во двојна измама за публиката на медиумот – ем скриен пи-ар, ем извртување на вистината за да се прикаже дека реномиран странски магазин

Рецензија: Српските медиуми сакаат да му наштетат на Даниел

на 22. 01. 2014 | |
Убаво е кога поединци или мала група со своите успеси, дали уметнички, актерски или спортски, ја радуваат државата. Нели, фино е кога „некој наш, или наши“ е (се) успешен(и) во нешто, или, пак, ќе успее во некакво натпреварување. Се гордееме на тие постигнувања како да се наши лични. Ќефот е голем кога ќе се победи Литванија, кога репрезентацијата, независно која, ќе заврши меѓу петте најдобри во Европа, кога ќе видиш дека на Симон Трпчевски му аплаудира цела Виена, или пак во конкретниот случај, кога „нашинецот“ во Х-Фактор, со својот глас, ја воодушевува целата сала, судиите и публиката од речиси цела поранешна Југославија. Па уште кога ќе го прогласат за еден од најголемите фаворити за победник, на радоста како да и

Рецензија: Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон

на 22. 01. 2014 | |
Сѐ што е мистично, поврзано со археологијата, пирамидите и египетските фараони предизвикува кај читателската публика голем инетрес. Тоа го потврдува и фактот што само за неколку часа, информацијата што ја рецензираме, во он-лајн изданието на овој медиум ја прочитале скоро 20.000 посетители. Меѓутоа, трчајќи по лажна ексклузивност, медиумот ги довел во заблуда читателите, ги изманипулирал и измамил. Пласирал невистина и лажни информации. Несреќата да биде уште поголема, и многу други медиуми ја презеле и ја пренеле на своите портали истата информација како ексклузивна репортажа од лице месето. Линк до оригиналниот напис: Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон
Датум и време на објавување: 19.01.2014, 10:11 Датум на рецензирање: 21.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Сите стандарди во новинарството почиваат на вистината. Информацијата

Рецензија:ФОТО: Отишол „мртов пијан” во тоалет – другарите останале шокирани

на 22. 01. 2014 | |
Иако пласиран како „вест“ во рубриката Забава, што навидум  ја елиминира потребата од сериозност и професионален пристап, написот со својата содржина и со својот морализаторски и исмејувачки тон на соопштување на „информацијата“ никого не забавува. Но, затоа, пак, нарушува нечија приватност и претставува грубо исмејување на личност која не е свесна дека некој медиум некаде отворено го навредува и изложува на потсмев. Написот предизвикува чудење како воопшто можел да биде објавен и зошто воопшто некој би посакал да ги информира своите читатели за една толку ирелевантна и дегутантна тематика како што е пијанството на непознато момче од Русија, за кое нема ниту докази дека навистина колабирало од пијанство. Медицината, впрочем, познава состојба на колабирање за време или непосредно по уринирањето,

Рецензија: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава

на 21. 01. 2014 | | sq
Оваа, по форма проширена вест, е текст кој нема допирни точки со сериозното новинарство. Има изнесено тврдење на два пати и тоа требало да биде веста, но, никаде, со ниту еден аргумент, ниту, пак, со некој извор, е поткрепено тврдењето изнесено во насловот и во воведот. Апсурдноста е уште повеќе потенцирана со тоа што веста, како прилог и како текст, е објавена на платформите на јавниот сервис, каде професионализмот би требало да биде еден од главните адути. Линк до оригиналниот напис: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава
Датум и време на објавување: 16.01.2014,17:26 Датум на рецензирање: 19.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Има повеќе факти изнесени во текстот, но за главниот не може да се утврди веродостојноста. Извори на информации: Во

Рецензија: Нова пресуда против медиуми: „Мојот град“ треба да и плати 5 илјади евра на општина Кавадарци

на 21. 01. 2014 | | sq
Оваа информација е уште еден лош пример на новинарска пракса на која неколу пати досега укажавме преку рецензии и новинарски лекции: да се ископира вест објавена на друг портал, да се зачини со неколку реченици и наслов, со што комплетно ќе се смени смислата на информацијата и ќе се доведе во прашање нејзината вистинитост. Во конкретниов случај, медиумот препишал информација од портал од Кавадарци, кој за себе известува дека добил тужба од Општина Кавадарци, во која се бара надомест на штета од 5 илјади евра. Кавадаречкиот портал манипулира во насловот, споменувајќи ја казната од 5 илјади евра , но во текстот не споменува дека има пресуда, а видно од приемниот печат во судот, тужбата е поднесена на 31 декември, пред

Рецензија: Маврово може да биде избришано од картата на национални паркови

на 21. 01. 2014 | | sq
Техничката неусогласеност на прилогот емитуван на програмата на телевизијата, со оној поставен на веб-страницата, е повод да се рецензира овој текст. Она што станува јасно откако ќе се погледне прилогот на веб-страницата е дека новинарот консултура поголем број извори, поблиску ја лоцира нивната професија, но во видео-материјалот е испуштено да се напишат нивните имиња и институцијата од која доаѓаат. Ова ја отвора и темата за потребата од постоење  доработка и адаптација на содржините емитувани на телевизија, кога тие се презентираат на интернет. Линк до оригиналниот напис: Маврово може да биде избришано од картата на национални паркови Датум и време на објавување: 14.01.2014, 23:54 Датум на рецензирање: 15.01.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Доколку овој медиумски производ се презентираше како текст, без

Рецензија: Зимско чудо – Галичник без снег

на 21. 01. 2014 | |
За репортажата, познатиот новинар, публицист и учител на бројни новинарски генерации Душан Ѓуриќ вели: „Заедничкото на мнозинството дефиниции е правилото дека репортажата вистински опишува стварен настан – верно, живо, занимливо, со многу поединости, со името и презимето на актерот, со називот на местото, со адресата. Уметноста на детали како карактеристика на репортажата не го ослободува репортерот од тоа дека треба да ја разбере целината и суштината, а изразот „убавица на новинарските редови“ не значи дека репортерот смее да му се препушти на површниот лов на ефекти“. Во конкретниот случај што го разгледуваме се забележува запазување на главните елементи на репортажата, кои Ѓуриќ ги „стилизира“ во еден пасус, а тоа се содржајност, актуелност, аналитичност, писменост, атрактивност, убедливост, ангажираност и затоа може