verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава

on 21 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

MRT-Maleezejci-vo-MKD-crop-resize

Оваа, по форма проширена вест, е текст кој нема допирни точки со сериозното новинарство. Има изнесено тврдење на два пати и тоа требало да биде веста, но, никаде, со ниту еден аргумент, ниту, пак, со некој извор, е поткрепено тврдењето изнесено во насловот и во воведот. Апсурдноста е уште повеќе потенцирана со тоа што веста, како прилог и како текст, е објавена на платформите на јавниот сервис, каде професионализмот би требало да биде еден од главните адути.

MRT - Maleezejci vo MKD

Линк до оригиналниот напис: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава

Датум и време на објавување: 16.01.2014,17:26

Датум на рецензирање: 19.01.2014

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Има повеќе факти изнесени во текстот, но за главниот не може да се утврди веродостојноста.

Извори на информации: Во текстот има мешавина од извори, кои се и официјални и анонимни, но, за самата вест – дека Малезијци ќе го преплават Скопје годинава, немаме никаков извор. Оттука не може да се оцени ни дали е релевантен, ниту актуелен. Ако го имало, изворот дефинитивно бил едностран.

Содржајност: Веста е несеопфатна, пред сѐ, бидејќи немаме никакво образложение за неа. Има некаква поткрепа на други тврдења во текстот, но, не и за веста и оттука таа може да се оцени како несодржајна.

Пристрасност: Се покажува пристрасност од непозната побуда. Преку веста се сака да се увери јавноста дека Малезијци ќе го преплават Скопје и тоа годинава, а не е понуден ниту еден аргумент за тоа тврдење.

Коментирање: Има коментирање дека стратегијата за туризам што ја напишала Владата е тешка работа и дека иста таква тешка работа ќе имале и туристичките агенции:

Владата креираше стратегија за привлекување гости, но тешка работа имаат и домашните туристички агенции.

Коментар е и дека „подобруваме нешто што не се купува со пари“:

Додека го подобруваме она што не се купува со пари, Владата инвестира 155 милиони денари за промоција на земјата на 15-тина светски саеми меѓу кои Лондон, Мадрид, Истанбул, Берлин.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е оригинално дело, несомнено. Авторот е наведен.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален. Тој со ништо не е поткрепен, можеме да го сметаме за тенденциозен и со шанси да биде дезинформација.

Фотографија: Фотографијата е релативно соодветна. Нејзиното авторство не е наведено.

Заклучок: Ако се напишело дека „Марсовци ќе го преплават Скопје годинава“, тоа во суштина ништо немало да промени за останатиот дел од текстот, кој требало да биде проширена вест.

Пред нас имаме вест која со ништо не е поткрепена. На јавноста ѝ е понуден сензационален наслов – „Малезијци ќе го преплават Скопје годинава“. Истото тврдење е изнесено во почетокот на веста. И потоа – ништо. Потоа читателот или гледачот, кој очекува макар со еден аргумент да биде објаснето тврдењето во насловот и во главата на веста, останува разочаран, бидејќи такво објаснување нема.

Во натамошниот дел од текстот јавноста може да разбере дека тој се однесува на состојбите во туризмот генерално, па некритично се наведуваат статистички показатели и се расправа за некои од сегментите на проблематиката (демек што недостасувало), за да се поентира со тврдењето дека извршната власт максимално се труди туризмот до 2020 година да учествувал со 5 отсто од создадениот БДП.

Станува збор за целосно нестандардно и непрофесионално создаден новинарски производ, од кој јавноста може да биде дезинформирана или во најмала рака збунета.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, аноними

за веста во текстот нема наведено извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови