Рецензии

Рецензија: Сега и летувањето може да биде бесплатно

на 12. 06. 2014 | | sq
  Сакате да одите на одмор, или можеби на некое патување. Ви се оди во Њујорк, Барселона, или можеби уште подобро во Париз. Кога сето тоа ќе го организирате и ќе го ставите на хартија, чини  „брдо“ пари, а каде се и трошоците за сместување…? Сепак, има начин како сето тоа да го изведете, а да не потрошите „ич пари“ Линк до оригиналниот напис: Сега и летувањето може да биде бесплатно Датум и време на објавување: 08.06.2014
Датум на рецензирање: 11.06.2014 Рецензент: Љубомир Костовски Ова е вовед во тесктот на порталот со кој ве кани да искористите една новост, која ја нуди мрежата „хоумексчејнџ“ и преку која можете да го понудите својот стан во замена за нечиј туѓ на било

Рецензија: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“

на 11. 06. 2014 | |
Овој текст кога ќе го прочитате насловот очекувате и навистина да дознаете зошто би дошол судниот ден. Но, го нема. Исто како и во другите вакви слични текстови, кои поради насловот треба да ѝ се продадат на публиката. Инаку, да, ако напишете дека се насобраа црни облаци и ќе врне и ќе грми, тоа би го прочитале евентуално земјоделците. Линк до оригиналниот напис: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“ Датум и време на објавување: 09.06.2014, 17:53 Датум на рецензирање: 10.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗОШТО БИ СЕ ПИШУВАЛО ЗА ОБЛАК

Има облаци, нормално. Кога врне, пак, ги има уште повеќе. Тоа секогаш е така. Така е најверојатно и во Белград. Но, зошто би пишувале за облаци, нели.

Рецензија: Список на Greenpeace: Храна која содржи ГМО состојки

на 10. 06. 2014 | |
Нашиот читател, во делот за предлози за рецензии на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите, напиша: „Медиумот нема објавено ниту линк до списокот, а на веб-страницата на Гринпис нема ваков список. Ако побарате на Гугл со “greenpeace black list gmo” има разни резултати, ама ниту еден не води кон баш ваква листа од Гринпис.“ Станува збор за тоа дека најпознатата светска еколошка организација Гринпис, според  информацијата на медиумот чија вест ја рецензираме, составила список од прехранбени продукти кои содржат генетски модофицирани состојки. Тоа е тема која секогаш го предизвикува љубопитството на публиката. Глобална тема, која заради достапноста на прехрамбените продукти и на нашиот пазар, е, секако, тема и за нашата публика. Но, како што

Рецензија: Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати

на 10. 06. 2014 | |
Прилогот насловен: „ Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати“, со нагласена тенденциозност ја најавува средбата на лидерскиот двоец на СДСМ со еврокомесарот за проширување. Според начинот на кој е конципиран и пласиран овој материјал, се добива впечаток како едвај да се чекало да се соопшти „спектакуларната вест“ дека авторитетите во  Брисел ќе ја критукуваат опозицијата поради неприфаќањето на пратеничките мандати. И, веројатно, со таа водилка е направен и изборот на аналитичарот, кој е еден од оние исти експерти кои постојано се „вртат“ на одредени медиуми и чии ставови се поклопуваат со оние на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Заев и Шеќеринска на отчет кај Филе поради бојкотот на изборните резултати Датум и време

Рецензија: Се случи ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – 14 годишно девојче загина, две момчиња повредени!

на 9. 06. 2014 | |
Вестите од рубриката „црна хроника“ сѐ почесто се објавуваат во нечесен дух и со манипулирање и притоа се води сметка само за кликовите, а не и за квалитетот и за професионалноста. Тоа предизвикува револт кај медиумски писмените читатели, кои знаат дека прикривањето на одредена информација која битно го менува критериумот „блискост“ во една вест, е со намера за наведување на погрешно толкување на информацијата. Особено во вестите за жртви и за катастрофи (но и воопшто во сите вести) непишано правило е во насловот да се прецизира местото на случување на настанот. Ако не се прецизира местото, тогаш се добива впечаток дека се работи за случка што се случила во Република Македонија. Линк до оригиналниот напис: Се случи ТЕШКА СООБРАЌАЈКА –

Рецензија: Се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците – Ќе се наплаќа влез

на 9. 06. 2014 | | sq
Оваа вест изворно e објавена во друг медиум, но ја пренесоа речиси сите останати со поента дека се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците. Провидно и со елементи на сензационализам, се дува балон кој нема многу врска со реалната иницијатива и импликации на грчката агенција за приватизација и на Агенцијата за проценка и развој (TAIPED). Иако се работи за голема иницијатива во Грција, која опфаќа и приватизација, односно издавање под закуп на голем број на крајбрежни капацитети и плажи, оние каде што, меѓу другите, одмораат и Македонци, се само помал број. Значи, не се „продаваат само плажите каде што се одмораат Македонци“, како што се издвојува во насловот и во текстот што го рецензираме, туку и стотина други низ

Рецензија: Самка Ибраимовски реши да го послуша Амди Бајрам и се враќа во собранието?

на 9. 06. 2014 | |
Многу често (барем во последно време) главен извор на информација е Фејсбук. Иако тоа  по малку е неумесно и несериозно, настрана фактот што не може да стане збор и за истражувачки мотив, сепак, во некои моменти има смисла. Имено, политичарите, сакајќи да искористат што поголема маса на народ за своите ставови, го користат Фејсбук како медиум за соопштување на одредени информации. Но, злоупотребата на новинарите настанува кога без информација, само од гола конверзација на Фејсбук пријатели се изведуваат заклучоци. Таков е и овој текст. Можеби додека се објави рецензијата ќе се покаже дека навистина пратеникот нема да поднесе оставка, ама барем можеле да му се јават на телефон и во два збора да го прашаат. Линк до оригиналниот напис: Самка

Рецензија: Делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијанса за позитивна Македонија

на 6. 06. 2014 | |
Прејудицирање на важни одлуки во државата и резултати од таквите одлуки не е многу благодарана тема во медиумите, особено ако тие не се поткрепени со факти и мислења на сериозни експерти. Повикување на „правни експерти, познавачи на состојбите и аналитичарите“, при што се дава мислење само на еден аналитичар, кој очигледно навива за одредена политичка опција, е во краен случај несериозно при отворање на темата од јавен интерес од која зависи политичка стабилност на земјата. Навивачки пристап „делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијансата за позитивна Македонија“ може да се протолкува само како спин за опцијата која ја подготвува власта без многу цврста поткрепа во до крај нејасни законски одредби за ситуацијата во која се најде

Рецензија: Принцот Чарлс од Камила: „Пијаницо, од тебе нема да биде кралица“!

на 6. 06. 2014 | | sq
Навидум „лесно-забавно“ четиво, барем за македонската публика, бидејќи се занимава со англиската кралска палата, ама испаѓа дека е проблематичен текст и тоа од неколку причини. Накусо да ги наброиме: нема кога, нема каде, а секако нема ниту извор за една ваква сериозна информација која се потпира на „некојси“ од Бакингемската палата. Линк до оригиналниот напис: Принцот Чарлс од Камила: „Пијаницо, од тебе нема да биде кралица“! Датум и време на објавување: 01.06.2014, 02:18 Датум на рецензирање: 03.06.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА НЕ Е ИСТО ШТО И ШОУТО НА „КАРДАШИЈАНОВИ“

Ако нам, зборувам за домашната публика, вестите од кралската палата во Лондон повеќе ни наликуваат на чист show-biz, верувајте тоа не е така во останатите европски земји, секако не

Рецензија: ШОКАНТНО: Сораја ја покажа и брадавицата на градата!

на 5. 06. 2014 | |
Новинарството кое се занимава со естрада и занимливости, исто така, е новинарство во комплетна смисла и според дефиниција и според правила и кодекси на однесување. Значи и тоа подлежи на проверка и секако подоцна на критика, ако е потребно. Кај нас, пак, се чини дека новинарите кои работат естрада или се во забавните рубрики на медиумите се „помалку“ новинари. Следствено на тоа, тие „помалку“ новинари пишуваат и помалку етички текстови. Затоа ни се случува денеска да имаме и вакви написи. Значи работите треба да се променат итно, и новинарите од забавните рубрики сериозно да си ја сфатат работата затоа што вакви текстови не водат до никаде освен до затупавувување на луѓето, претежно тинејџерите кои ги читаат овие текстови. Линк до