Рецензија: Сега и летувањето може да биде бесплатно
Објавено во Рецензии
on 12 - 06 - 2014 Автор: Љубомир Костовски
Сакате да одите на одмор, или можеби на некое патување. Ви се оди во Њујорк, Барселона, или можеби уште подобро во Париз. Кога сето тоа ќе го организирате и ќе го ставите на хартија, чини „брдо“ пари, а каде се и трошоците за сместување…?
Сепак, има начин како сето тоа да го изведете, а да не потрошите „ич пари“
Линк до оригиналниот напис: Сега и летувањето може да биде бесплатно
Датум и време на објавување: 08.06.2014
Датум на рецензирање: 11.06.2014
Рецензент: Љубомир Костовски
Ова е вовед во тесктот на порталот со кој ве кани да искористите една новост, која ја нуди мрежата „хоумексчејнџ“ и преку која можете да го понудите својот стан во замена за нечиј туѓ на било која сакате точка на планетата.
Оваа форма постои од 1996 година и кај нас не е можеби толку позната, ама е доста популарна, особено кај оние двојки или семејства кои имаат вишок станбен простор (два стана, стан и викендичка и слично) и кои можат да си дозволат доста комотно да скусат некои од трошоџите за годишен одмор или викенд.
Проблемот со овој текст, секако, не е во вистинитоста, туку во сокриената комерција, која се крие зад провокативниот наслов. Бидејќи, тоа секому му е јасно, нема бесплатна вечера во западното општество, а ова е токму една таква идеја. Вие ќе добиете, навистина, бесплатен покрив над главата, ама во вашиот стан некој ќе спие, ќе троши струја и вода и слично и тоа е секако некаков трошок. Потоа, можете да имате изгубена добивка (кога ве нема можете и да го издадете тој простор, па, нели, пак да заработите за одмор!), а сите други трошоци кои не мора да се ниски (како што е патот, цена на плажа, градски превоз, визата и слично) уредно ќе треба да ги самофинансирате, што го брише автоматски она – бесплатно.
Нашата проверка на сајтот покажа дека таму се плаќа членарина во клубот, која изнесува барем 100 евра годишно, која е мала ако се гледа од американски аспект, да речеме, но е голема ако се гледа од наш аспект особено на оние кои би наседнале и би влегле во процедура на зачленување. Јасно, тоа е разумна цена за некои кои мислат да одат на пат околу светот или многу месеци да минат надвор од својот дом!
На текстот секако му недостасуваат и автентични, наши извори и искуства од евентуалното користење на оваа форма, бидејќи, само така од комерцијалниот повик ќе одите кон – објективноста! Битно е на читателот да му се предочи какви се реалните трошоци, потоа, дали има уште и некакви скриени издатоци како што се осигурување и слично. Што ако, на пример, дојдете дома и го најдете станот – ограбен? Кој гарантира дека оние кои ќе дојдат кај вас дома дале вистински податоци? Ова се едноставнио факти на кои авторот требало да даде серио0зни дополнителни информации, па дури и низ контакти со агенцијата која се нуди како посредник.
Ставањето на официјалниот портал на агенцијата како илустрација е додатен тег околу тоа дека имаме скриена реклама, бидејќи таму се нудат класични комерцијални мамки – колку посетители има веб сајтот и слично… И тоа е додаток кој ве збунува и ве тера да се запрашате дали пред вас е платена реклама или економски текст кој ви помага да се ориентирате пред да заминете на одмор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови