Рецензии

Рецензија: Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

на 19. 06. 2014 | | sq
Традиционалниот однос помеѓу граѓаните и медиумите се базира на креативна, точна и со факти поткрепена презентација на информации од јавен интерес. Оној момент кога медиумите стануваат поштенско сандаче во кое секој може да уфрли што сака, спинувањето станува редовна содржина, а информациите и приказните пласирани на тој начин имаат само една цел – јавното мислење да го свртат на онаа страна и во полза на интересите на нарачателот на „уфрленото писмо“. Притоа, „коментаторите“ на јавното мислење и општеството повеќе не се непристрасни набљудувачи, туку стануваат странка и мешетари во процесите и појавите. Нивните тези, колку и да се неосновани и без факти, усмерени се на предизвикување силен ефект кај читателите: „Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ“. …„Република“ открива дека е

Рецензија: Во ХЕЦ „Шпилје“ за пет месеци произведени 69 милиони киловат-часови струја

на 18. 06. 2014 | |
Објавувањето на малку познати бројки и тоа во единици мерки кои граѓаните не ги користат секојдневно, како и податоци без контекст, не фрлаат светлина врз работите. Единицата мерка „милиони киловат часови“ за најголем дел од читателите значи многу малку. Мал е бројот на оние читатели кои имаат претстава дали станува збор за „мало“ или „големо“ произведено количество електрична енергија за една хидроцентрала. Киловат часовите (и тоа особено во милиони) не се исто што и килограмите, на пример. Може да се смета дека читателот има претстава што е тоа килограм, ама кога станува збор за „милиони киловат часови“, кои не се ставени во никаков контекст, ниту во однос на максималниот капацитет, ниту во однос на минатогодишното производство на електрична енергија, на

Рецензија : Жерновски упорен да ги дислоцира спомениците, иако тоа е незаконски

на 18. 06. 2014 | |
Текстот што го рецензираме со нагласена претенциозност  пренесува  фрагмент од  интервјуто на градоначалникот на Центар дадено за друг медиум. Особена тенденција се забележува во насловот: „Жерновски упорен да ги дислоцира спомениците иако тоа е незаконски“  и во поднасловот, напишани во еден критизерски тон. Оваа спинерска кобинација ја турка тезата дека на градоначалникот му се „врзани рацете“  за  спомениците поствени во централното граско подрачје за време  на мандатот на неговиот претходник. И, наводно, секој негов потег во однос на нивното поместување од територијата на Општината ќе биде во спротивност со Законот. Линк до оригиналниот напис: Жерновски упорен да ги дислоцира спомениците, иако тоа е незаконски  Датум и време на објавување: 15.06.2014, 11:15 Датум на рецензирање: 16.06.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Рецензија: Македонците решија: Време е да исчезнеме!

на 17. 06. 2014 | |
Прашање на уредувачката политика и прашање на избор е од кој агол медиумот ќе обработи некоја тема, но секако дури и тогаш, темата мора да биде сеопфатна; поткпрепена со податоци кои ќе бидат недвосмислени и ставени во соодветниот контекст; нив треба да ги толкуваат стручни лица, докажани експерти. И уште нешто е многу важно: Секоја новинарска тема треба да биде пренесена и спакувана со наслов и со друга графичка опрема пропорционално на импликациите што може да ги има пораката или поентата на новинарскиот текст. Од овие аспекти сакаме да ја разгледаме оваа медиумска содржина соодветно на методологијата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите. Линк до оригиналниот напис: Македонците решија: Време е да исчезнеме! Датум и време на објавување:

Рецензија: Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос

на 17. 06. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ кој тешко може да биде прифатен како непристрасен и објективен. Практично е невозможно да се избегне оценката дека е во прашање школски пример на манипулативно и тенденциозно новинарство со цел да се дискредитираат, навредат и стигматизираат одредени домашни и меѓународни организации и личности од политичкиот и јавниот живот. Притоа, актуелната власт и нејзините експонети се амнестираат од секаква одговорност за негативните оценки и критики кои се упатени и се упатуваат на сметка на актуелната политичка гарнитура, а одговорноста се префрла на „домашни предавницни и белосветски платеници“.

Линк до оригиналниот напис: Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос Датум и време на објавување: 12.06.2014, 16:39 Датум на рецензирање: 14.06.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НАВРЕДИТЕ ПОЧНУВААТ ОД НАСЛОВОТ

Од

Рецензија: И за Анџелина сме Македонија

на 16. 06. 2014 | |
Веста за Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон е илустративен пример за тоа како од дрвото не се гледа шумата. Односно, како суштината на еден собир не заслужува речиси ниту еден ред, а една работа која, од аспект на собраните таму, е секако тривијалност, станува клучен мотив да се известува од местото на настанот или да се пренесуваат сознанија. Линк до оригиналниот напис: И за Анџелина сме Македонија Датум и време на објавување: 11.06.2014, 17:15 Датум на рецензирање: 14.06.2014 Рецензент: Љубомир Костовски
„Претстaвници на Грција не присуствуваат на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон, затоа што нашата земја учествува под името Македонија. Актерката и амбасадорка на

Рецензија: Збогум легендо – збогум Драган Б. Костиќ

на 16. 06. 2014 | |
Причината зошто овој текст е подложен на рецензија е само една и единствена, а тоа е насловната конструкција. „Насловната конструкција претставува комбинација од зборови, кратки и ефектни слогани со кои се озглавува текстот во печатот… За наслов во основа се избираат: кратки, ефектни комбинации од зборови кои малку траат, а многу кажуваат. Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото“ – Новинарски жанрови Дали насловот во овој случај барем делумно одговара на погоре кажаното? – Одговорот е не! Линк до оригиналниот напис: Збогум легендо – збогум Драган Б. Костиќ Датум и време на

Рецензија: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината

на 13. 06. 2014 | | sq
Една од сѐ поприсутните појави кај информативните портали на интернет е копи/пејст пласирањето на билтени, извештаи, дневни и друг вид информатори кои ги пласираат имателите на разни информации. Веб админстраторите, бидејки, ќе се согласите, многу е тешко да ги наречеме новинари, ги копираат овие билтени, ги пастираат на нивните интернет огласни табли и мислат дека завршиле работа. Една таква медиумска содржина анализираме и рецензираме тука. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Нема да верувате – еве што се падна во рацете на Царината Датум и време на објавување: 11.06.2014 Датум на рецензирање: 12.06.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Читаме „чаршав“ на испишани, каталогизирани, заплени на царината и тоа е здодевно, здодевно и здодевно… Ајде, си велиме, можеби е тоа оправдано зашто насловот најавува

Рецензија: Црвенковски уловен со Нора Шакири

на 13. 06. 2014 | | sq
Меѓу првите принципи во Кодексот на новинарите стои: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Така и во текстот е пренесена информација, но тоа дали е чесна, објективна и точна е под голем знак прашалник. Подоцна текстот доби и продолжение со што беше опфатено едно цело семејство на македонска водителка, а притоа воопшто не се внимавало на 16-от принцип на етички вредности од Кодексот на новинари кој вели: Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за

Рецензија: Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми

на 12. 06. 2014 | |
Двоен удар, или ако сакате со едно замавнување две „жртви“. Така најлесно би се опишал овој напис. Првиот е атак кон опозицијата, а вториот е кон уредник на медиум кој не е по ќеф на власта. Внимателното разгледување на текстот покажува дека имаме каде-каде повеќе партиско-политички, отколку вистински новинарски мотиви за неговото пишување. Истовремено, не може, а да не се забележи високото ниво на непрофесионалност и отсуството на примена и почитување на дел од елементарните принципи како, на пример, каде е ставот на втората страна. Линк до оригиналниот напис: Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми Датум и време на објавување: 07.06.2014   16:47 Датум на рецензирање: 10.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

„МЕДИУМСКИ РАЖЕН“ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА И НЕПОЖЕЛНИОТ НОВИНАР

Од